ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 6 стр. 20-стр. 21 пас. 8
  • Ветениот Месија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ветениот Месија
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Детето на ветувањето
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • ,Ги чувала тие зборови во своето срце‘
    Угледајте се на нивната вера
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Таа ‚ги чувала тие зборови во своето срце‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 6 стр. 20-стр. 21 пас. 8
Симеон го држи бебето Исус, а Јосиф, Марија и пророчицата Ана гледаат во нив

ПОГЛАВЈЕ 6

Ветениот Месија

ЛУКА 2:21-39

  • ИСУС БИЛ ОБРЕЖАН, А ПОТОА БИЛ ОДНЕСЕН ВО ХРАМОТ

Откако се родил Исус, Јосиф и Марија не се вратиле во Назарет, туку останале во Витлеем. Кога Исус наполнил осум дена, бил обрежан. Тоа било во склад со Законот што Бог им го дал на Израелците (3. Мојсеева 12:2, 3). Исто така, на осмиот ден било обичај на машкото дете да му се даде име. На својот син, Јосиф и Марија му го дале името Исус — токму како што им рекол ангелот Гавриел.

Кога Исус имал четириесет дена, родителите го однеле во храмот во Ерусалим, кој се наоѓал на само неколку километри од местото каде што престојувале. Според Мојсеевиот закон, жената која ќе родела машко дете, четириесет дена после породувањето требало да појде во храмот и да принесе жртва за очистување (3. Мојсеева 12:4-8).

Марија така и направила. Принела како жртва две мали птици. Врз основа на тоа можеме да заклучиме дека Јосиф и Марија биле сиромашни. Мојсеевиот закон барал да се принесат машко јагне и птица, но ако мајката немала можност да принесе јагне, доволно било да принесе две грлици или два гулаба. Бидејќи Марија била во токму таква ситуација, принела две птици.

„СЕ НАВРШИЈА ДЕНОВИТЕ НА НИВНОТО ЧИСТЕЊЕ“

Јосиф и Марија го носат новороденчето Исус во храмот за да принесат жртва за очистување

Откако една Израелка ќе се породела, извесен период била сметана за нечиста. На крајот од тој период, требало да принесе жртва паленица за повторно да биде чиста. Тоа служело како потсетување дека бил пренесен еден несовршен, грешен живот. Меѓутоа, бебето Исус било совршено и свето (Лука 1:35). И покрај тоа, Марија и Јосиф ‚го донеле во‘ храмот за да се ‚очистат‘, како што се барало со Законот (Лука 2:22).

Додека Јосиф и Марија биле во храмот, дошол еден постар човек по име Симеон. Нему Јехова Бог му открил дека нема да умре пред да го види ветениот Месија, односно Христос. Тој ден, светиот дух го упатил Симеон во храмот, каде што ги нашол Јосиф и Марија со нивното дете. Тој им пристапил и го зел детето в раце.

Додека го држел Исус, Симеон му се заблагодарил на Бог со зборовите: „Сега, Севишен Господару, според својата реч го отпушташ својот роб да умре во мир. Зашто, моите очи го видоа оној преку кого ќе го донесеш спасението, кое си го подготвил пред сите народи. Тој е светлина за просветлување на незнабошците и слава на твојот народ Израел“ (Лука 2:29-32).

Јосиф и Марија биле восхитени од она што го чуле. Тогаш Симеон ги благословил, и на Марија ѝ рекол дека нејзиниот син „е поставен за да паднат и да станат мнозина во Израел поради него“, а дека нејзината душа ќе биде прободена од тага како со остар меч (Лука 2:34).

Во тој момент дошла и пророчицата Ана. Таа имала осумдесет и четири години и секој ден доаѓала во храмот. Им се приближила на Јосиф, Марија и бебето Исус, и почнала да му благодари на Бог и да им зборува за Исус на сите што биле таму.

Јосиф и Марија сигурно биле многу радосни поради она што го доживеале во храмот. Без сомнение, тоа уште повеќе ги уверило дека нивното дете е ветениот Месија.

  • Според обичајот, кога им се давало име на машките деца во Израел?

  • Што се барало од секоја Израелка кога нејзиното машко дете ќе наполнело 40 дена, и што дознаваме за економската состојба на Марија од начинот на кој таа го исполнила ова барање?

  • Кој препознал во храмот дека Исус е Месијата, и како го покажале тоа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели