ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 36 стр. 92-стр. 93 пас. 7
  • Големата вера на еден воен заповедник

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Големата вера на еден воен заповедник
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Големата вера на еден воен офицер
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали некои делови од Библијата се противречни?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Љубезниот римски центурион
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 36 стр. 92-стр. 93 пас. 7
Еден стотник гледа во својот слуга кој е многу болен; во позадина, еврејски старешини разговараат со Исус

ПОГЛАВЈЕ 36

Големата вера на еден воен заповедник

МАТЕЈ 8:5-13; ЛУКА 7:1-10

  • ИСУС ГО ИЗЛЕКУВАЛ РОБОТ НА ЕДЕН СТОТНИК

  • ВЕРАТА НОСИ НАГРАДА

Еврејски старешини разговараат со Исус

Откако ја одржал Проповедта на гората, Исус отишол во Капернаум. Таму му пристапиле неколку еврејски старешини, кои ги пратил еден човек што не бил Евреин. Тој човек бил стотник, заповедник во римската војска.

Стотникот имал еден слуга што многу го сакал, а бил болен на умирање. Иако не бил Евреин, овој заповедник побарал помош од Исус. Еврејските старешини му кажале на Исус дека слугата ‚лежел дома парализиран и во тешки маки‘, што веројатно значи дека имал големи болки (Матеј 8:6). Тие му рекле на Исус дека стотникот бил ‚достоен да му го направи тоа, зашто го сакал нивниот народ и им ја изградил синагогата‘ (Лука 7:4, 5).

Пријателите на еден воен заповедник го пресретнуваат Исус додека тој се приближува кон неговата куќа

Набрзо потоа, Исус тргнал со старешините кон куќата на стотникот. Кога стигнале близу до куќата, стотникот испратил неколку свои пријатели за да го пресретнат Исус и да му пренесат: „Господине, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив. Затоа не се сметав за достоен да дојдам кај тебе“ (Лука 7:6, 7). Колкава понизност од страна на некој што бил навикнат да им заповеда на другите! Тој покажал дека не бил како некои други Римјани кои ги измачувале своите робови (Матеј 8:9).

Стотникот сигурно знаел дека на Евреите им било забрането да се дружат со луѓе што не биле Евреи (Дела 10:28). Веројатно поради тоа, преку своите пријатели му порачал на Исус: „Кажи само збор за да оздрави мојот слуга“ (Лука 7:7).

Овие зборови толку го восхитиле Исус што рекол: „Ви велам, ниту во Израел не најдов толкава вера“ (Лука 7:9). Кога пријателите на стотникот се вратиле во куќата, дознале дека робот кој бил тешко болен оздравел.

Откако го излекувал слугата, Исус ја искористил приликата за да објасни дека не-Евреите кои ќе покажеле вера ќе добиеле благослови. Тој рекол: „Мнозина од исток и од запад ќе дојдат и ќе бидат на трпезата со Авраам, Исак и Јаков во царството небесно“. А што ќе се случело со неверните Евреи? Исус рекол дека тие ‚ќе биле фрлени надвор во темнината. Таму ќе плачеле и ќе чкртале со забите‘ (Матеј 8:11, 12).

Според тоа, родените Евреи што немало да ја прифатат понудената можност да бидат дел од Царството со Христос, ќе биле отфрлени. Но, оние што не биле Евреи ќе можеле да му се придружат на трпезата, односно „во царството небесно“.

  • Зошто Евреите го замолиле Исус да му помогне на еден стотник кој не бил Евреин?

  • Зошто можеби стотникот не сакал Исус да влезе во неговата куќа?

  • Каква можност ќе добиеле оние што не биле Евреи?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели