ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 37 стр. 94-стр. 95 пас. 2
  • Исус го воскреснал синот на една вдовица

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус го воскреснал синот на една вдовица
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Исус ја оттргнува жалоста на една вдовица
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Оној што може да врати во живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Можеме да се разбудиме од смртта!
    Учи од Големиот Учител
  • „Не! Тоа не е можно!“
    Кога ќе умре некој што го сакаш
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 37 стр. 94-стр. 95 пас. 2
Исус и апостолите наидуваат на погребна поворка која го носела синот на една вдовица

ПОГЛАВЈЕ 37

Исус го воскреснал синот на една вдовица

ЛУКА 7:11-17

  • ВОСКРЕСЕНИЕТО КАЈ НАИН

Кратко откако го излекувал слугата на стотникот, Исус заминал од Капернаум и се упатил кон градот Наин, кој бил оддалечен преку триесет и два километри на југозапад. Со Исус патувале неговите ученици и едно големо мноштво луѓе. Кога стигнале пред самиот град, најверојатно веќе било приквечерина. Таму наишле на погребна поворка која излегувала од Наин. Умрело едно младо момче и го носеле за да го погребат.

Од сите луѓе, најтешко ѝ било на мајката. Таа била вдовица, а сега останала и без синот единец. Кога маж ѝ умрел, ја тешела мислата дека барем нејзиниот син е крај неа. Сигурно биле многу блиски и се надевала дека, кога таа ќе остари, тој ќе се грижи за неа. Но, сега и него го немало. Како ќе продолжела со животот сама, без никој да ѝ помага?

Кога Исус ја здогледал жената, до срце го погодила нејзината голема болка и жалната ситуација во која се наоѓала. Затоа, нежно но со тон кој влевал сигурност ѝ рекол: „Не плачи“. Потоа направил уште нешто. Се приближил и ја допрел носилката на која било положено мртвото момче (Лука 7:13, 14). Сето ова ги натерало луѓето од поворката да застанат. Некои сигурно се прашувале: ‚Зошто го рече тоа? Што сака да направи?‘

Исус ѝ го предава воскреснатото момче на неговата мајка; мноштво луѓе зачудено гледа

А што помислиле оние кои патувале со Исус и кои претходно виделе како тој со чудо излекувал многу болни? Очигледно, дотогаш немале видено дека Исус воскреснал некого. Во далечното минато се случувале воскресенија, но можел ли Исус да направи такво нешто? (1. Царевите 17:17-23; 2. Царевите 4:32-37). Исус рекол: „Момче, тебе ти велам, стани!“ (Лука 7:14). Тоа и се случило. Момчето седнало и почнало да зборува! Исус ѝ го предал синот на мајката, која сигурно била запрепастена, но пресреќна. Веќе немало да биде сама.

Кога луѓето виделе дека момчето оживеало, почнале да го слават Изворот на животот, Јехова, велејќи: „Голем пророк е подигнат меѓу нас“. Други рекле: „Бог му се смилува на својот народ“ (Лука 7:16). Веста за таа неверојатна случка брзо се раширила низ околината, па веројатно и во градот во кој Исус пораснал, во Назарет, кој бил оддалечен околу десет километри. За чудото разбрале дури и луѓето во Јудеја на југ.

Во тоа време, Јован Крстител сѐ уште бил во затвор и сакал да дознае повеќе за делата што ги правел Исус. Неговите ученици му раскажале за чудата на Исус. Што направил Јован?

  • На што наишол Исус пред градот Наин?

  • Како влијаело врз Исус она што го видел, и што направил?

  • Како реагирале луѓето на чудото на Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели