ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 44 стр. 112-стр. 113 пас. 9
  • Исус смирил силна бура

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус смирил силна бура
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Смирување на страшна бура
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Исус може да нѐ заштити нас
    Учи од Големиот Учител
  • Исус одел по вода
    Поуки од Библијата
  • Дојди и прошетај крај Галилејското море
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 44 стр. 112-стр. 113 пас. 9
Исус смирува бура на Галилејското Море

ПОГЛАВЈЕ 44

Исус смирил силна бура

МАТЕЈ 8:18, 23-27; МАРКО 4:35-41; ЛУКА 8:22-25

  • ИСУС СТИВНАЛ БУРА НА ГАЛИЛЕЈСКОТО МОРЕ

Исус имал долг и напорен ден. Вечерта, на своите ученици им рекол: „Да преминеме на другиот брег“, односно на спротивната страна од Капернаум (Марко 4:35).

На источниот брег на Галилејското Море се наоѓал герасинскиот крај, кој бил дел од областа наречена Декаполис. Градовите на подрачјето на Декаполис биле под силно влијание на грчката култура, иако во нив живееле и многу Евреи.

Заминувањето на Исус и учениците не поминало незабележано. По нив тргнале и други чамци (Марко 4:36). За да се стигне на другата страна од брегот не требало многу време. Галилејското Море било големо слатководно езеро и било долго околу дваесет и еден километар, а неговата максимална широчина изнесувала околу единаесет километри. Меѓутоа, воопшто не било плитко.

Иако Исус бил совршен, сигурно бил уморен по сѐ што направил. Затоа, само што отпловиле тој отишол на крмата, ја ставил главата на перницата и цврсто заспал.

Некои од апостолите биле вешти морепловци, но таа пловидба не била лесна. Галилејското Море било опкружено со планини, а температурата на површината на водата честопати била прилично висока. Понекогаш, кога ладниот ветер од планините ќе се спуштел над езерото и ќе се судрел со топлата водена површина, одеднаш настанувале страшни бури. Таа вечер се случило токму тоа. За кратко време, брановите почнале да удираат по чамецот и тој ‚почнал да се полни со вода па биле во опасност‘ (Лука 8:23). Но, Исус и понатаму спиел.

Учениците давале сѐ од себе за да управуваат со чамецот, исто како што правеле и во други прилики кога ќе ги зафатела бура. Но, овојпат веќе не знаеле што да направат. Исплашени за своите животи, го разбудиле Исус викајќи: „Господару, спаси нѐ, ќе изгинеме!“ (Матеј 8:25). Толку многу се уплашиле што биле сигурни дека ќе потонат!

Кога Исус се разбудил, им рекол на апостолите: „Што сте се исплашиле, вие маловерни?“ (Матеј 8:26). Потоа му заповедал на морето: „Смири се! Молкни!“ (Марко 4:39). Силните ветришта престанале, а разбеснетите води се смириле. (Марко и Лука ја опишале оваа впечатлива случка така што најпрво нагласиле дека Исус со чудо ја смирил бурата, а потоа спомнале дека учениците немале вера.)

Замисли си ја реакцијата на апостолите кога разбеснетото море пред нивни очи се смирило за миг. Ги обзел необичен страв, и еден на друг си рекле: „Кој е овој кого дури и ветрот и морето го слушаат?“ Така безбедно стигнале на другата страна на морето (Марко 4:41—5:1). Останатите чамци што ги следеле најверојатно успеале да се вратат на западниот брег.

Колку многу нѐ теши тоа што знаеме дека Божјиот Син може да ги контролира временските услови! Кога Исус ќе владее како Цар над Земјата, ќе направи сѐ што е потребно за да можат луѓето да живеат во мир, без да се плашат дека ќе доживеат некоја природна катастрофа.

  • Поради кои природни карактеристики Галилејското Море често го зафаќале бури?

  • Бидејќи се чувствувале беспомошни, што направиле учениците?

  • Зошто овој настан е утешен за нас?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели