ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/11 стр. 24-25
  • Дојди и прошетај крај Галилејското море

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дојди и прошетај крај Галилејското море
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Исус смирил силна бура
    Исус — патот, вистината и животот
  • Генезарет — ‚извонреден и прекрасен‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/11 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Дојди и прошетај крај Галилејското море

МАЛКУ места така често им доаѓаат на ум на библиските читатели како што е тоа Галилејското море. Но, можеш ли да ги затвориш очите и да го замислиш слатководното море и поважните места, како што се местата каде што реката Јордан се влева и излева од морето или местата Капернаум и Тиверијада?

Одвој време и проучи ја авионската снимка долу споредувајќи ја со назначените броеви. Колку од означените места можеш да препознаеш? Колку повеќе од нив познаваш, толку повеќе Библијата ќе ти биде жива и значајна. Поради тоа, дојди на една кратка, поучна прошетка.

Оваа авионска снимка гледа на североисточната страна. Ајде да започнеме со бр. 1. Кој дел од морето е тоа? Тоа е јужниот дел каде што истекува Јордан и патува кон Самарија и Гилеад каде се влева во Мртво море. Од лево имаш подобра прегледност за овој дел од морето, кој е исто така прикажан и на Календарот на Јеховините сведоци за 1993.

Галилејското море е длабоко вгнездено во долината Рифт, околу 200 метри под нивото на Средоземното море. Додека ја разгледуваш авио-снимката, забележи ги планините кои стојат на неговиот источен брег (близу 7). И од поблискиот или западниот брег се издигаат ридови и планини со што станува очигледно дека морето лежи во еден базен. Долго е околу 21 километар, а широко најмногу до 12 километри. Покрај брегот постоеле пространства за села и дури и градови, како што бил Тиверијада (бр. 2). Сети се дека мноштвото од Тиверијада го поминало морето со чамци до местото каде Исус на чудесен начин наранил 5.000 луѓе (Јован 6:1, 10, 17, 23).

Додека патуваш покрај брегот северно од Тиверијада, поминуваш покрај плодниот предел Генезарет (бр. 3)a. Во овој предел Исус ја одржал Проповедта на гората и веројатно на брегот во близината ги повикал Петар и тројцата други да станат „ловци на луѓе“ како што е прикажано овде (Матеј 4:18-22). Патувајќи понатаму, доаѓаш до Капернаум (бр. 4) кој бил центар на Исусовите активности, дури и означен како ‚негов град‘ (Матеј 4:13-17; 9:1, 9-11; Лука 4:16, 23, 31, 38-41). Ако продолжиме понатаму покрај морето, доаѓаме (бр. 5) до местото каде горен Јордан се влева во морето (долу). Потоа доаѓаме до подрачјето Вирсавија (бр. 6).

Можеме да ги искористиме дури и овие неколку локации за да илустрираме како твоето спознание за Галилејското море ќе ти помогне да ги следиш и визуелизираш библиските извештаи. Откако Исус нахранил 5.000 луѓе во областа Вирсавија и мноштвото се обидело да го направи цар, тој ги испратил апостолите со чамец кон Капернаум. За време на нивното патување, од планините се спуштила ненадејна бура која подигнала бранови преплашувајќи ги апостолите. Но, Исус дошол до нив одејќи по море, ја стивнал бурата и им овозможил да пристигнат безбедно близу Генезарет (Матеј 14:13-34). Оние кои дошле од Тиверијада повторно поминале преку морето до Капернаум (Јован 6:15, 23, 24).

Ако продолжиме по источната страна од морето, ќе поминеме покрај она што веројатно е означено како „земјата Гергесинска [или Герасин]“. Сети се дека Исус овде истерал демони од двајца луѓе. Овие духови садистички влегле во еден голем булук свињи поради што свињите скокнале од карпата во морето. Еден од тие мажи подоцна посведочил во соседните градови на Декаполисот каде зборувало на грчки. Исус пристигнал и отпловил од ова подрачје со чамец преку Галилејското море (Матеј 8:28–9:1; Марко 5:1-21).

Додека го завршуваме патувањето кон понискиот дел од морето, поминуваме покрај местото каде што една поголема река (наречена Јармук) донесува значително количество вода во долниот тек на реката Јордан.

Библијата не ги именува местата за некои настани на Галилејското море, како што е местото на кое Исус се појавил по воскресението додека Петар и останатите апостоли рибареле (долу). Мислиш ли дека тоа би можело да биде близу Капернаум? Како и да е, твоето познавање на ова значајно море ти помага да ја визуелизираш ваквата веројатност.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Генезарет — ‚извонреден и прекрасен‘“ во Стражарска кула од 1. јануари 1992 година.

[Слики на страница 24]

1

2

3

4

5

6

7

С

Ј

И

З

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страници 24 и 25]

Garo Nalbandian

[Извор на слика на страница 25]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели