ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/1 стр. 24-25
  • Генезарет — ‚извонреден и прекрасен‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Генезарет — ‚извонреден и прекрасен‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Дојди и прошетај крај Галилејското море
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Животот во библиски времиња — работата на еден рибар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Да се служи како рибари на луѓе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Првите четворица ученици
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/1 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Генезарет — ‚извонреден и прекрасен‘

„Долж Генезаретското Езеро се простира земја со истото име, прекрасна по особините и убавината. Благодарение на богатото сонце, овде нема билка која не успева, а жителите одгледуваат сешто: воздухот е толку умерен, што им годи на најразлични видови. . . . Не само што [оваа земја] произведува најизненадувачки различни видови овошје, туку и го одржува истото ниво. ... Се наводнува од извори со голема плодоносна моќ.“

Така историчарот Јосиф ја опишува триаголната рамница на северозападниот крај од она што обично се нарекува Галилејско Море. Горната фотографија може да ти пружи претстава колку била родна оваа рамница, која е една од најплодните во Галилеја.a Оваа област во старо време била толку значајна, што писателот на Евангелието, Лука, блиското слатководно море го нарекува „Генезаретско езеро“ (Лука 5:1, ДК).

Тој го употребил овој израз кога известувал за тоа како Исус дошол во ова подрачје и нашол четровица мажи кои станале апостоли. Дали тие биле земјоделци кои живееле од плодната земја, од одгледувањето грозје, ореви, маслинки или смокви? Не. Таквите плодови изобилувале на Генезаретската рамница, но овие луѓе биле рибари, а не е тешко да се разбере и зошто.

Веројатно пороите низ рамницата донесувале во морето вегетација која можела да биде храна за рибите. Така водите врвеле од разновидна риба што довеле до прилично голема преработувачка на риба. Петар и Андреј таму работеле како трговски рибари, како што биле и Јаков и Јован, синовите на Заведеј (Матеј 4:18-22; Лука 5:2-11).

Рибарењето честопати се вршело со фрлање мрежи од чамецот. Токму тоа го правеле Петар и Јован кога им пристапил Исус. Долгата рибарска мрежа била фрлана во полукруг. Дрвените пливци го држеле горниот крај, додека тегчињата покрај чамецот ја држеле мрежата раширена кон морското дно. Во таква мрежа можело да се фатат голем број риби. Потоа била извлекувана во чамецот или влечена до поплитка вода за да биде испразнета на брегот. Рибите кои биле добри за јадење биле одделувани од неприкладните. Забележи ја прецизноста на детаљот во Лука 5:4-7 и Јован 21:6-11. Дали се сеќаваш кога Исус ја спомна оваа метода на риболов во својата споредба за рибарската мрежа? (Матеј 13:47, 48). Освен тоа, во Матеј 4:21 се истакнува дека рибарите честопати морале да поминуваат многу време крпејќи ги мрежите кои биле искинати од карпи или од рибите.

Ако патуваш долж крајбрежјето на Генезарет, веројатно ќе видиш неколку места за кои се вели дека таму се случиле некои настани од Исусовата служба. Едно од нив е зелен рид на кој, според традицијата, Исус ја одржал својата Проповед на гората. Оваа месност не е во спротивност со извештаите од Евангелијата, бидејќи Исус бил близу Генезаретската рамница кога ја одржал оваа проповед (Матеј 5:1–7:29; Лука 6:17–7:1).

Едно друго место за кое се тврди дека е автентично, не одговара на библиските факти. Ќе најдеш една црква за која се претпоставува дека е изградена на местото кадешто Исус нахранил 4 000 луѓе со седум леба и неколку риби (Матеј 15:32-38; Марко 8:1-9). Наместо да го поместува тоа на Генезаретската рамница, извештајот на Марко ги споменува „пределите на Десеттоградието“, на 11 километри преку морето (Марко 7:31).

Матеј и Марко велат дека по извршувањето на тоа чудо, Исус отпатувал со брод кон Магадан, или Далманута (Матеј 15:39, Ст; Марко 8:10). Научниците го поврзуваат овој регион со Магдала (Мигдал), јужно од Генезаретската рамница, спрема Тиверијада. Според The Macmillan Bible Atlas (Библискиот атлас на Макмилан), Магдала била „прочуена по својата индустрија за солење и сушење на риба“. Поради обилното рибарење во овој дел од езерото, таквиот занает сигурно бил корисен и доходен.

Интересно е дека сушата во 1985/86 го спушти нивото на водата во Галилејското Море, и откри траги до каде се простирало коритото на езерото. Близу Генезаретската рамница двајца мажи нашле остатоци од древен брод. Археолозите успеале да го реконструираат овој дрвен рибарски брод кој датиара од времето кога Исус го посетил езерото и рамницата на Генезарет.

[Фуснота]

a Види ја поголемата колор фотографија во Календарот на Јеховини сведоци 1992.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 25]

Garo Nalbandian

[Извор на слика на страница 25]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели