ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 64 стр. 152-стр. 153 пас. 2
  • Колку треба да простуваме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку треба да простуваме
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Поука за простувањето
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Зошто треба да простуваме
    Учи од Големиот Учител
  • „Кој е верниот и разборит роб?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • „Тие го следат Јагнето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 64 стр. 152-стр. 153 пас. 2
Еден роб фаќа за врат друг роб и почнува да го дави

ПОГЛАВЈЕ 64

Колку треба да простуваме

МАТЕЈ 18:21-35

  • ДАЛИ ДА СЕ ПРОСТИ ДО СЕДУМ ПАТИ?

  • СПОРЕДБАТА ЗА НЕМИЛОСРДНИОТ РОБ

Петар слушнал кога Исус кажал дека, кога ќе се појави проблем меѓу двајца браќа, тие треба да се потрудат да го решат меѓусебе. Но, изгледа сакал да знае точно колку пати некој треба да направи такво нешто.

Затоа го прашал Исус: „Господару, колкупати може да ми згреши мојот брат, а јас да му простам? До седум пати?“ Некои верски водачи учеле дека требало да се прости до три пати. Според тоа, Петар веројатно сметал дека е многу великодушно ако му прости на својот брат „до седум пати“ (Матеј 18:21).

Меѓутоа, дури и самата идеја да броиме колку пати сме простиле некому не е во склад со учењето на Исус. Затоа, Исус му рекол на Петар: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет и седум пати“ (Матеј 18:22). Со други зборови, тоа значело бесконечно. Немало граница до која Петар требало да му простува на својот брат.

Еден цар му простува долг на еден роб

За да можат Петар и другите јасно да разберат дека се должни да простуваат, Исус им раскажал една споредба. Во неа се зборувало за еден роб кој не бил милосрден како својот господар. Еден цар сакал да ги среди сметките со своите робови. Така, му довеле еден од робовите кој му должел десет илјади таланти [шеесет милиони денарии]. Сумата била толку голема што робот немал никаква можност да ја плати. Затоа царот наредил робот, неговата жена и неговите деца да бидат продадени и така да се подмири долгот. Тогаш робот паднал пред нозете на царот и почнал да го моли: „Биди стрплив со мене, и сѐ ќе ти вратам“ (Матеј 18:26).

Еден роб фрла во затвор друг роб

Царот се сожалил и милосрдно го поништил неговиот огромен долг. Веднаш потоа, робот заминал и сретнал еден друг роб, кој нему му должел сто денарии. Го зграпчил и почнал да го дави, велејќи му: „Исплати ми сѐ што ми должиш“. Но, тој роб паднал пред неговите нозе и почнал да го моли: „Биди стрплив со мене, и ќе ти вратам“ (Матеј 18:28, 29). Меѓутоа, робот кому царот му го простил долгот не бил милосрден како својот господар. Тој го фрлил во затвор другиот роб сѐ додека не успее да му врати сѐ, иако тој роб нему му должел многу малку во споредба со сумата што самиот му ја должел на царот.

Царот наредува немилосрдниот роб да биде затворен

Кога другите робови виделе како постапил немилосрдниот роб, отишле кај царот и му го кажале тоа. Тогаш царот се разгневил, го повикал робот и му рекол: „Зол робу, јас ти го поништив сиот оној долг, бидејќи ме молеше. Зарем не требаше и ти да му се смилуваш на другиот роб, како што јас ти се смилував тебе?“ Царот бил толку лут што им го предал немилосрдниот роб на темничарите додека не врател сѐ што должел. Како заклучок, Исус рекол: „Така и мојот небесен Татко ќе постапи со вас ако секој од вас не му прости од срце на својот брат“ (Матеј 18:32-35).

Колку важна поука за простувањето! Бидејќи сите сме грешни, Бог нам ни простил огромен долг. Колку и да ни згрешат нашите браќа и сестри по вера, тоа не е ништо во споредба со тоа колку ние му грешиме на Бог. Освен тоа, Јехова не ни простил само еднаш, туку илјадници пати. Зарем не треба и ние постојано да им простуваме на нашите браќа, дури и кога сметаме дека некој многу нѐ повредил? Секогаш да го имаме на ум она што Исус го кажал во Проповедта на гората — Бог ќе ни ги ‚прости нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници‘ (Матеј 6:12).

  • Што го поттикнало Петар да праша за простувањето, и зошто можеби сметал дека е великодушно да прости до седум пати?

  • Како постапил царот со својот роб кој го молел за милост, а како постапил робот на царот со еден друг роб?

  • Што учиме од споредбата на Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели