ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 129 стр. 294-стр. 295 пас. 3
  • Пилат рекол: „Еве го човекот!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пилат рекол: „Еве го човекот!“
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • ”Еве го човекот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Гледајте! Човекот!”
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Кој бил Понтиј Пилат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Ниту Пилат ниту Ирод не нашле вина кај Исус
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 129 стр. 294-стр. 295 пас. 3
Исус стои пред народот со круна од трње и црвена наметка

ПОГЛАВЈЕ 129

Пилат рекол: „Еве го човекот!“

МАТЕЈ 27:15-17, 20-30; МАРКО 15:6-19; ЛУКА 23:18-25; ЈОВАН 18:39 — 19:5

  • ПИЛАТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ОСЛОБОДИ ИСУС

  • ЕВРЕИТЕ ПОБАРАЛЕ ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН ВАРАВА

  • ИСУС БИЛ ИСМЕЈУВАН И ИЗМАЧУВАН

На мноштвото кое барало Исус да биде погубен, Пилат му рекол: „Јас... не утврдив дека тој човек е виновен за она за кое го обвинувате. А не најде ни Ирод“ (Лука 23:14, 15). За да го ослободи Исус, Пилат се послужил со уште една тактика. На мноштвото му рекол: „Кај вас е обичај на Пасхата да ви пуштам некого. Тогаш, сакате ли да ви го пуштам царот на Евреите?“ (Јован 18:39).

Пилат знаел дека во затворот имало еден човек по име Варава, кој бил крадец, бунтовник и убиец. Затоа прашал: „Кого сакате да ви го пуштам, Варава или Исус кого го нарекуваат Христос?“ Народот, изманипулиран од главните свештеници, побарал да биде пуштен Варава, а не Исус. Пилат повторно ги прашал: „Кој од овие двајца сакате да ви го пуштам?“ Мноштвото извикувало: „Варава!“ (Матеј 27:17, 21).

Запрепастен, Пилат прашал: „Тогаш што да правам со Исус кого го нарекуваат Христос?“ Народот одговорил: „Нека биде прикован на столб!“ (Матеј 27:22) Без трошка совест, тие луѓе ја барале смртта на невин човек. Затоа Пилат пробал да ги вразуми со зборовите: „Па, какво зло направил тој? Не најдов ништо кај него со кое би заслужил смрт. Затоа ќе го казнам и ќе го пуштам“ (Лука 23:22).

И покрај сите негови обиди, разбеснетата толпа уште посилно извикувала: „Нека биде прикован на столб!“ (Матеј 27:23) Верските водачи успеале да го доведат народот до толкаво лудило што упорно барал да се пролее крв. Но, не ја барале крвта на некој злосторник или убиец, туку крвта на еден невин човек кој пред само пет дена бил пречекан во Ерусалим како Цар. Не знаеме дали пред палатата на Пилат биле и учениците на Исус, но ако биле, молчеле и останале незабележани.

Пилат видел дека неговите обиди се безуспешни и дека метежот станува сѐ поголем. Затоа зел вода, ги измил рацете пред народот и рекол: „Јас сум невин за крвта на овој човек. Тоа си е ваша работа“. Но, ни тоа не ги натерало да се премислат. Рекле: „Неговата крв нека падне на нас и на нашите деца!“ (Матеј 27:24, 25)

Пилат одлучил да ја задоволи желбата на народот, наместо да го направи она што знаел дека е исправно. Затоа го исполнил нивното барање и го ослободил Варава, а Исус им го предал на војниците, кои го соблекле и го камшикувале.

По тоа сурово мачење, војниците го одвеле Исус во палатата на управителот. Таму околу него се собрала цела чета војници кои продолжиле да го измачуваат. Тие сплеле круна од трње и му ја ставиле на главата. Во десната рака му ставиле трска и му облекле црвена наметка каква што носеле царевите. Го исмејувале, велејќи му: „Здраво, царе на Евреите!“ (Матеј 27:28, 29) Освен тоа, го плукале и му удирале шлаканици. Потоа му ја зеле трската од раката и почнале со неа да го удираат по главата, поради што острите трња од „круната“ сѐ повеќе му се забивале во кожата.

Неверојатната смиреност и храброст што Исус ги покажал му оставиле голем впечаток на Пилат. Не сакајќи да сноси никаква вина, уште еднаш се обидел да го ослободи, велејќи: „Еве, ви го изведувам за да знаете дека не наоѓам никаква кривица во него“. Дали се надевал дека нивните срца ќе омекнат кога ќе ги видат раните на неговото тело? Додека Исус стоел пред тие бездушни луѓе, Пилат рекол: „Еве го човекот!“ (Јован 19:4, 5)

Иако бил изнемоштен од измачувањето, Исус покажал таква достоинственост и спокојство што Пилат не можел да остане рамнодушен. Во неговите зборови може да се почувствува почит и жал.

КАМШИКУВАЊЕ

Камшик

Д-р Вилијам Д. Едвардс го опишал начинот на кој биле камшикувани римските осуденици:

„Римјаните обично користеле краток камшик направен од неколку поединечни или сплетени кожни каиши со различна должина, на кои на одредена оддалеченост биле прицврстени железни топчиња или остри парчиња од овчи коски... Додека римските војници со сета сила удирале со камшикот по грбот на осуденикот, железните топчиња создавале силни нагмечувања, а кожните каиши и овчите коски ја кинеле кожата и поткожното ткиво. Со секој нов удар, камшикот навлегувал во мускулите и продирал сѐ до коските, раскинувајќи го месото на парчиња од кои течело крв“ (The Journal of the American Medical Association).

  • Како Пилат пробал да го ослободи Исус и со тоа да ја избегне одговорноста за неговата смрт?

  • Како Римјаните ги камшикувале осудениците?

  • Што друго му направиле војниците на Исус откако го искамшикувале?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели