ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/1 стр. 8-9
  • ”Еве го човекот!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Еве го човекот!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • „Гледајте! Човекот!”
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Пилат рекол: „Еве го човекот!“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Кој бил Понтиј Пилат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Откај Пилат кај Ирод и назад
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/1 стр. 8-9

Животот и службата на Исус

”Еве го човекот!“

ИМПРЕСИОНИРАН од Исусовото однесување и увидувајќи ја неговата невиност, Пилат бара друг начин да го ослободи. ”Кај вас постои обичај,“ им вели на толпите, ”според кој на Пасхата треба да ви ослободам еден човек.“

Бараба, озлогласен убиец, исто така бил држан како затвореник, и Пилат прашал: ”Кој сакате да ви го ослободам, Бараба или Исус, таканаречениот Христос?“

Наговорени од страна на свештеничките поглавари кои ги подбоцнувале, народот барал да биде ослободен Бараба, а Исус да биде убиен. Не попуштајќи, Пилат им возвраќа прашувајќи повторно: ”Кој од овие двајца сакате да ви го ослободам?“

”Бараба,“ викаат тие.

”Тогаш, што да правам со Исус, таканаречен Христос?“, прашал Пилат запрепастен.

Со заглушувачка викотница тие одговараат: ”Нека биде прикован на столб!“ ”Прикови! Прикови го!“

Знаејќи дека ја бараат смртта на невин човек, Пилат приговара: ”Зошто, каково зло дело сторил овој човек? Јас не најдов ништо на него што заслужува смрт; затоа ќе го казнам и ќе го пуштам.“

И покрај неговите обиди, тврдоглавата толпа, поттикната од своиет религиозни водачи, и понатаму врескале: ”Нека биде прикован на столб!“ Доведени до лудило од свештениците, толпата бара крв. А ако замислиме, само пет дена пред тоа некои од нив веројатно биле меѓу оние кои му искажале добредојде на Исус во Ерусалим како цар! За сето тоа време Исусовите ученици, доколку биле присутни, останале тивки и незабележливи.

Пилат, гледајќи дека неговите обраќања не помагаат, туку само повеќе се крева безредието, зема вода и ги мие своите раце пред толпите, и вели: ”Јас сум невин од крвта на овој човек. Ова е ваша работа.“ На тоа луѓето одговориле: ”Неговата крв нека дојде на нас и нашите деца.“

Така, по на нивно барање — и сакајќи повеќе да го задоволи народот отколку да го стори она што знае дека е право — Пилат им го ослободува Бараба. Го зема Исус и наредува да го соблечат и потоа да го камшикуваат. Тоа не било обично камшикување. Весникот The Journal of the American Medical Association го опишува римскиот начин на камшикување:

”Вообичаен инструмент бил краткиот камшик (флагрум или флагелум) со неколку обични или плетени кожени јазици со различна должина, во кои наизменично биле прицврстени мали челични топчиња или остри парчиња од овчја коска. Кога римските војници повеќе пати со сета сила удирале по грбот на жртвата, челичните топчиња оставале длабоки модрици, а кожните јазици и овчите коски би се врежале во кожата и поткожното ткиво. Потоа, како што траело удирањето, кожата се цепела сѐ до долните скелетни мускули и предизвикувало стравотни дераници од крваво месо.“

После тоа мачно тепање, Исус бил одведен во гувернерската палата, и била свикана целата чета. Таму војниците продолжиле да го псујат и му исплеле круна од трње и му ја ставиле на главата. Во десната рака му ставиле трска и го облекле во пурпурна облека каква што носеле царевите. Потоа потсмевливо му велеле: ”Добар ден, ти еврејски царе!“ Исто така го плукале и го удирале по лицето. Му ја зеле крутата трска од раката и со неа го удирале по главата, така што острите трње од неговата понижувачка ”круна“ сѐ подлабоко се забивале во кожата на главата.

Исусовото извонредно достоинство и цврстина наспроти ова малтертирање толку го импресионирало Пилат, што бил поттикнат да преземе друг обид да го ослободи. ”Гледајте! Јас ќе ви го доведам за да увидите дека не наоѓам никаква вина кај него.“ им вели тој на толпите луѓе. Можеби си мислел дека бедниот изглед на Исусовата измачена состојба ќе ги стивне/омекне нивните срца. Додека Исус стоел пред бездушната толпа, облечен во круната од трње и пурпурната наметка и со крвавото лице нагризано од болка, Пилат прогласил: ”Еве го човекот!“

Иако ранет и со измачен изглед, тој е најистакнатата фигура во целата историја, навистина најголемиот човек кој воопшто живеел! Да, Исус покажал непотресено достоинство и спокојство кое говори за величина којашто морал да ја признае дури и Пилат, бидејќи неговите зборови очигледно се состојат од респект и сожалување. (Јован 18:39-19:5; Матеј 27:15-17, 20-30; Марко 15:6-19; Лука 23:18-25).

◆ На кој начин Пилат се обидува да го ослободи Исус?

◆ Како се обидува Пилат да ослободи Исуса од одговорноста?

◆ Што значи да се биде камшикуван?

◆ Како е исмејуван Исус по камшикувањето?

◆ Какви натамошни напори прави Пилат за да го пушти Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели