ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 134 стр. 304-стр. 305 пас. 5
  • Гробот бил празен бидејќи Исус бил жив

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гробот бил празен бидејќи Исус бил жив
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Исус е жив!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Исус е жив!
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Исус е жив
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус воскреснал
    Поуки од Библијата
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 134 стр. 304-стр. 305 пас. 5
Жените се зачудени бидејќи гробот на Исус е празен

ПОГЛАВЈЕ 134

Гробот бил празен бидејќи Исус бил жив

МАТЕЈ 28:3-15; МАРКО 16:5-8; ЛУКА 24:4-12; ЈОВАН 20:2-18

  • ИСУС ВОСКРЕСНАЛ

  • СЛУЧУВАЊАТА КАЈ ГРОБОТ

  • ИМ СЕ ПОЈАВИЛ НА НЕКОЛКУ ЖЕНИ

Кога жените виделе дека гробот на Исус е празен, не можеле да си поверуваат на очите! Марија Магдалена отрчала кај ‚Симон Петар и кај другиот ученик, кого Исус особено го сакал‘ — апостолот Јован (Јован 20:2). На другите жени, кои останале кај гробот, им се појавил ангел. А кога влегле во гробот, виделе и друг ангел, „облечен во бела долга облека“ (Марко 16:5).

Едниот од ангелите им рекол: „Не плашете се, зашто знам дека го барате Исус, кој беше прикован на столб. Не е овде, бидејќи воскресна, како што рече. Дојдете, видете го местото каде што лежеше. Одете бргу и кажете им на неговите ученици дека стана од мртвите. И ете, тој оди пред вас во Галилеја“ (Матеј 28:5-7). „Растреперени од страв и вчудовидени“, жените отрчале да им го кажат тоа на учениците (Марко 16:8).

Во меѓувреме, Марија ги пронашла Петар и Јован. Едвај можејќи да дојде до здив, им рекла: „Го зеле Господарот од гробот и не знаеме каде го положиле!“ (Јован 20:2). Петар и Јован веднаш се упатиле кон гробот, но бидејќи Јован трчал побрзо, стигнал прв. Погледнал во гробот и ги видел завоите, но не влегол.

Кога кај гробот стигнал Петар, без двоумење влегол внатре. Таму ги видел само ленените завои и платното со кое била завиткана главата на Исус. По него влегол и Јован, и поверувал во она што му го кажала Марија. Но, ни тој ни Петар не сфатиле дека Исус воскреснал, иако тој им зборувал за тоа (Матеј 16:21). Збунети, се вратиле дома. Но Марија, која повторно дошла кај гробот, останала таму.

Другите жени брзале по патот за да им јават на учениците дека Исус воскреснал. Тогаш ги пресретнал Исус и им рекол: „Здраво!“ Жените паднале на колена и ‚му се поклониле‘. Исус им рекол: „Не плашете се! Одете, кажете им на моите браќа да појдат во Галилеја. Таму ќе ме видат“ (Матеј 28:9, 10).

Претходно, кога се случил земјотресот и кога се појавиле ангелите, војниците што чувале стража кај гробот ‚се стресле од страв и се вкочаниле како мртовци‘. Но, штом си дошле при себе, отишле во градот и ‚ги известиле главните свештеници за сѐ што се случило‘. Свештениците се посоветувале со еврејските старешини и одлучиле да ги поткупат војниците за да прикријат што се случило. Им заповедале да кажат: „Неговите ученици дојдоа во ноќта и го украдоа додека ние спиевме“ (Матеј 28:4, 11, 13).

Римските војници што ќе заспиеле додека биле на должност, можело да бидат погубени. Затоа, свештениците им ветиле: „Ако тоа [нивната лага дека војниците заспале] дојде до ушите на управителот, ние ќе го смириме и сѐ ќе сториме за да бидете без грижа“ (Матеј 28:14). Војниците го зеле поткупот и се согласиле да постапат како што им рекле свештениците. Така, меѓу Евреите почнала да се шири лажната приказна дека телото на Исус било украдено.

Марија Магдалена сѐ уште седела кај гробот и плачела. Кога погледнала во гробот, видела два ангела во бело. Седеле на местото каде што било положено телото на Исус, едниот кај главата, а другиот кај нозете. „Жено, зошто плачеш?“, ја прашале тие. Марија им одговорила: „Го зеле мојот Господар, и не знам каде го положиле“. Потоа се свртела и видела дека зад неа стои некој човек. Тој ѝ го поставил истото прашање и додал: „Кого бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, Марија му рекла: „Господине, ако си го однел ти, кажи ми каде си го положил, и јас ќе го земам!“ (Јован 20:13-15).

Марија, всушност, зборувала со воскреснатиот Исус, но во тој момент не го препознала. Сепак, кога Исус ѝ рекол: „Марија!“, таа го препознала по начинот на кој ѝ се обратил и радосно извикала: „Равуни!“ (што значи „учителе“). Од страв дека ќе се вознесе на небото, цврсто го фатила. Но, Исус ѝ рекол: „Немој да ме држиш, зашто уште не сум се вознел кај Таткото, туку оди кај моите браќа и кажи им: ‚Одам горе кај мојот Татко и вашиот Татко, кај мојот Бог и вашиот Бог‘“ (Јован 20:16, 17).

Марија брзо отишла на местото каде што биле собрани апостолите и другите ученици и им рекла: „Го видов Господарот!“ Со тоа им го потврдила она што веќе им го кажале и другите жени (Јован 20:18). Меѓутоа, ‚тие зборови ним им звучеле бесмислено‘ (Лука 24:11).

  • Што направила Марија Магдалена откако видела дека гробот на Исус е празен, и што доживеале другите жени?

  • Што направиле Петар и Јован откако виделе дека гробот е празен?

  • Кој ги пресретнал жените кои оделе да им јават на учениците дека Исус воскреснал, и што се случило кога Марија Магдалена останала сама кај гробот?

  • Како реагирале учениците на она што им го кажале Марија и другите жени?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели