ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/3 стр. 24-25
  • Исус е жив!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус е жив!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Исус е жив!
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Гробот бил празен бидејќи Исус бил жив
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус е жив
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус воскреснал
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/3 стр. 24-25

Животот и службата на Исус

Исус е жив!

КОГА жените го наоѓаат празен Исусовиот гроб, Марија Магдалена отрчува да им го каже тоа на Петар и Јован. Меѓутоа, другите жени очигледно остануваат кај гробот. Набргу се појавува ангел и ги повикува внатре.

Овде жените здогледуваат уште еден ангел, а еден од ангелите им вели: ”Не плашете се, бидејќи знам дека го барате Исус кој беше прикован на столб. Не е овде, зашто е подигнат, како што рече тој. Дојдете, видете го местото кадешто лежеше. И појдете брзо и кажете им на неговите ученици дека е подигнат од мртвите.“ Така, со страв и голема радост, и овие жени отрчуваат.

Во тоа време Марија веќе ги пронаоѓа Петар и Јован и ги известува: ”Го однеле Господинот од спомен-гробот, и не знаеме каде го положиле.“ Двајцата апостоли веднаш отрчуваат. Јован е побрз — очигледно затоа што е помлад — и прв доаѓа до гробот. Во тоа време жените веќе се отидени, па нема никого. Наведнувајќи се, Јован погледнува во гробот и ги гледа повоите, но останува надвор.

Пристигнувајќи таму, Петар не се двоуми, туку веднаш влегува внатре. Ги гледа повоите каде лежат, како и платното со кое на Исус му била замотана главата. Завиткано е на едно место. Сега и Јован влегува во гробот, и верува во извештајот на Марија. Но, ниту Петар ниту Јован не сфаќаат дека Исус е подигнат, иако тој често им говореше за тоа. Двајцата во недоумица се враќаат дома, а Марија, која се враќа кај гробот, останува.

Во меѓувреме другите жени брзаат да им кажат на учениците дека Исус воскреснал, како што им заповедаа ангелите. Додека трчаат колку што можат, ги пресретнува Исус и вели: ”Добар ден!“ Тие му паѓаат пред нозе и му се поклонуваат. Исус тогаш вели: ”Не плашете се! Појдете, известете ги моите браќа да одат во Галилеја, и таму ќе ме видат.“

Порано, кога се случи земјотресот и се појавија ангелите, војниците на стража се вчудовидоа и станаа како мртви. Штом се повратија, веднаш отидоа во градот и им рекоа на свештеничките главари што се случи. По советувањето со еврејските ’постари мажи‘, донесена е одлука да се обиде да се премолчи работата со подмитување на војниците. Тие се поучени: ”Речете: ’Неговите ученици дојдоа ноќе и го украдоа додека ние спиевме.‘“

Бидејќи римските војници би можеле да бидат казнети со смрт затоа што заспале на стража, свештениците ветуваат: ”Ако тоа [извештајот за тоа дека сте заспале] дојде до ушите на управителот, ние ќе го увериме и ќе ве ослободиме од грижата.“ Бидејќи митото е доволно големо, војниците прават како што се поучени. Како последица од тоа, лажниот извештај за кражбата на Исусовото тело многу се проширува помеѓу Евреите.

Марија Магдалена, која останува крај гробот, е совладана од тага. Каде би можел да биде Исус? Се наведнува напред да погледне во гробот и гледа два ангела во бело, кои повторно се појавуваат! Едниот седи кај главата, а другиот кај нозете на местото кадешто лежело Исусовото тело. ”Жено, зошто плачеш?“, прашуваат тие.

”Го однесоа мојот Господ“, одговара Марија, ”и не знам каде го положиле.“ Потоа таа се свртува и здогледува некој кој го повторува прашањето: ”Жено, зошто плачеш?“ Тој исто така прашува: ”Кого бараш?“

Мислејќи дека тоа е човекот кој се грижи за градината во која се наоѓа гробот, таа му вели: ”Господине, ако си го однел ти, кажи ми каде си го положил, и јас ќе го однесам.“

”Марија!“, вели човекот. И веднаш знае, според познатиот начин како ѝ зборува, дека тоа е Исус. ”Рабу́ни!“ (што значи ”Учителу!“) извикнува таа и го зграпчува со нескриена радост. Но Исус вели: ”Престани да се држиш за мене. Зашто јас уште не отидов кај Таткото. Но појди кај моите браќа и кажи им: ’Заминувам кај својот Татко и вашиот Татко и кај својот Бог и вашиот Бог.‘“

Марија сега трча таму кадешто се собрани апостолите и останатите ученици. Го додава својот извештај кон оној којшто другите жени веќе го дале за тоа како го виделе воскреснатиот Исус. Меѓутоа, овие мажи, кои не им верувале ниту на првите жени, очигледно не ѝ веруваат ниту на Марија. Матеј 28:3-15; Марко 16:5-8; Лука 24:4-12; Јован 20:2-18. (Сите NW.)

◆ Што прави Марија Магдалена кога го наоѓа гробот празен, и што доживуваат другите жени?

◆ Како реагираат Петар и Јован кога го наоѓаат гробот празен?

◆ Кого го среќаваат другите жени на патот да ги известат учениците за Исусовото воскресение?

◆ Што им се случува на стражарите, и како свештениците реагираат на нивниот извештај?

◆ Што се случува кога Марија Магдалена е сама кај гробот, и како реагираат учениците на извештајот од жените?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели