ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 71 стр. 168-стр. 169 пас. 9
  • Фарисеите и човекот кој бил слеп

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Фарисеите и човекот кој бил слеп
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Намерното неверување на фарисеите
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Исус лекувал во сабота
    Поуки од Библијата
  • Излекуван е човек кој бил роден слеп
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Излекувал човек кој бил слеп од раѓање
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 71 стр. 168-стр. 169 пас. 9
Просјакот што прогледал им одговара на гневните фарисеи, а неговите родители гледаат

ПОГЛАВЈЕ 71

Фарисеите и човекот кој бил слеп

ЈОВАН 9:19-41

  • ФАРИСЕИТЕ ГО ИСПРАШУВАЛЕ ЧОВЕКОТ ШТО ПРОГЛЕДАЛ

  • ВЕРСКИТЕ ВОДАЧИ БИЛЕ „СЛЕПИ“

Фарисеите не можеле да поверуваат дека Исус му го вратил видот на човекот кој бил слеп од раѓање, па затоа ги викнале неговите родители. Родителите на човекот биле свесни дека имало можност да бидат ‚исклучени од синагогата‘ (Јован 9:22). Ако не можеле да контактираат со останатите Евреи, животот на нивното семејство ќе станел многу тежок, и општествено и економски.

Фарисеите ги прашале родителите на човекот: „Дали е ова вашиот син за кого вие велите дека се родил слеп? Како тоа сега гледа?“ Тие одговориле: „Знаеме дека ова е нашиот син и дека се роди слеп. Но како сега гледа, не знаеме, и кој му ги отворил очите, не знаеме“. Дури и ако синот им раскажал што се случило, родителите биле претпазливи што ќе речат и одговориле: „Прашајте го него! Тој е полнолетен, самиот нека зборува за себе“ (Јован 9:19-21).

Затоа фарисеите повторно го викнале човекот и го заплашиле тврдејќи дека имаат докази против Исус. „Дај му слава на Бог“, му рекле. „Знаеме дека тој човек е грешник.“ Човекот не сакал да се вмеша во нивното обвинение и рекол: „Дали е грешник, не знам“. Но, потоа додал: „Едно знам: бев слеп, а сега гледам“ (Јован 9:24, 25).

Меѓутоа, фарисеите не сакале да се откажат. Тие продолжиле: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ Човекот собрал малку храброст и рекол: „Веќе ви реков, но вие не слушавте. Зошто сакате пак да го чуете истото? Зарем сакате и вие да станете негови ученици?“ Полни со гнев, фарисеите го обвиниле: „Ти си негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј. Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеј, а за овој човек не знаеме од каде е“ (Јован 9:26-29).

Човекот бил зачуден од зборовите на фарисеите и рекол: „Ова навистина е чудно што не знаете од каде е, а мене ми ги отвори очите“. Потоа изнел еден многу логичен аргумент во врска со тоа кого Бог го услишува и одобрува: „Знаеме дека Бог не ги слуша грешниците, но ако некој е богобојазлив и ја врши неговата волја, него го слуша. Досега не се чуло некој да му ги отвори очите на човек што е слеп од раѓање“. Тоа водело до јасниот заклучок: „Да не беше овој човек од Бог, не ќе можеше ништо да направи“ (Јован 9:30-33).

Фарисеите не знаеле што да му одговорат, па затоа почнале да го навредуваат: „Сиот си во гревови роден! Ти ли нас ќе нѐ учиш?“ Потоа го исфрлиле надвор (Јован 9:34).

Кога Исус дознал што се случило, го пронашол човекот и го прашал: „Веруваш ли ти во Синот човечки?“ Човекот одговорил: „А кој е тој, господине, за да верувам во него?“ Исус отворено му рекол: „Ти го виде. Тоа е оној што зборува со тебе“ (Јован 9:35-37).

Човекот одговорил: „Верувам во него, Господару“. Потоа ја покажал својата вера и изразил почит кон Исус така што му се поклонил. Тогаш Исус ги кажал следниве впечатливи зборови: „Поради овој суд јас дојдов во овој свет: да прогледаат оние што не гледаат, а оние што гледаат, да ослепат“ (Јован 9:38, 39).

Фарисеите кои биле таму и ги чуле зборовите на Исус не биле слепи. Но, дали ја исполнувале улогата на духовни водачи што си ја присвоиле? Со одбранбен став, тие прашале: „Зар сме и ние слепи?“ Исус им одговорил: „Да бевте слепи, немаше да имате грев. Но сега велите: ‚Гледаме‘. Затоа вашиот грев останува“ (Јован 9:40, 41). Да не биле фарисеите учители во Израел, ќе имале барем некакво оправдување што одбивале да го прифатат Исус како Месија. Но, бидејќи добро го познавале Законот, тоа што го отфрлиле Исус било сериозен грев.

  • Зошто родителите на човекот што прогледал се исплашиле кога биле повикани кај фарисеите, и како одговориле на нивните прашања?

  • Кој логичен аргумент ги разбеснил фарисеите?

  • Зошто за фарисеите немало никакво оправдување што го отфрлиле Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели