ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • od погл. 10 стр. 105-115
  • Како може да ја зголемиш својата служба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како може да ја зголемиш својата служба?
  • Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • СОБРАНИСКИ ОБЈАВИТЕЛ
  • ДА СЕ СЛУЖИ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМА ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА
  • ДА СЕ ПРОПОВЕДА НА ДРУГ ЈАЗИК
  • ПИОНЕРСКА СЛУЖБА
  • МИСИОНЕРСКА СЛУЖБА
  • ПОКРАИНСКА СЛУЖБА
  • ТЕОКРАТСКИ ШКОЛИ
  • БЕТЕЛСКА СЛУЖБА
  • ИЗГРАДБА НА ТЕОКРАТСКИ ОБЈЕКТИ
  • КОИ СЕ ТВОИТЕ ДУХОВНИ ЦЕЛИ?
  • Покажувај ценење за полновремените слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Можеш ли да сториш повеќе за да му оддаваш чест на Јехова?
    Нашата служба за Царството 1993
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Млади — што ќе правите со својот живот?
    Млади — што ќе правите со својот живот?
Повеќе
Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
od погл. 10 стр. 105-115

ПОГЛАВЈЕ 10

Како може да ја зголемиш својата служба?

КОГА дошло време да ги испрати своите ученици да проповедаат, Исус им кажал: „Жетвата е голема, а работници има малку“. Бидејќи имало многу работа, тој додал: „Молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“ (Мат. 9:37, 38). Исус им кажал на учениците дека треба да ја извршуваат службата со чувство на итност. Тој им рекол: „Нема да ги обиколите сите израелски градови пред да дојде Синот човечки“ (Мат. 10:23).

2 И денес има многу работа во службата на проповедање. Добрата вест за Царството мора да се проповеда пред да дојде крајот, кој брзо се приближува (Мар. 13:10). Бидејќи светот е како поле, ние сме во слична ситуација како Исус и неговите ученици. Но, делото што го вршиме е во многу поголеми размери. Иако сме малкумина во споредба со милијардите луѓе во светот, можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ни помага. Добрата вест за Царството ќе се проповеда по целата земја и во времето што го одредил Јехова ќе дојде крајот. Затоа, добро е да се прашаш: „Дали ќе го ставам Божјето Царство на прво место во животот за потполно да ја извршам својата служба? Кои духовни цели би можел да си ги поставам?“

3 Исус покажал што очекува Јехова од своите слуги со следниве зборови: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Мар. 12:30). Од нас се бара да му служиме на Бог со сета душа. Ова значи дека секој може да покаже колку длабоко и искрено му е оддаден на Бог со тоа што ќе дава сѐ од себе во службата (2. Тим. 2:15). Пред секој од нас стојат различни можности. Размисли кои од следниве духовни цели би можел да си ги поставиш, во склад со твоите околности и способности, за да ја извршиш твојата служба.

СОБРАНИСКИ ОБЈАВИТЕЛ

4 Сите што ја прифатиле вистината имаат чест да ја објавуваат добрата вест. Тоа е главната задача што Исус им ја дал на своите ученици (Мат. 24:14; 28:19, 20). Еден ученик на Исус обично почнува да им зборува на другите за добрата вест веднаш откако ќе слушне за неа. Тоа го направиле Андреј, Филип, Корнелиј и некои други (Јован 1:40, 41, 43-45; Дела 10:1, 2, 24; 16:14, 15, 25-34). Дали тоа значи дека едно лице може да им кажува на другите за добрата вест дури и пред да се крсти? Се разбира дека да. Штом ќе ги исполни условите да стане некрстен објавител, лицето може да учествува во службата од куќа до куќа. Освен тоа, во склад со неговите способности и околности, може да учествува и во други гранки од службата.

5 Откако некој ќе се крсти, сигурно ќе сака да направи сѐ што може за да им помогне на другите да ја дознаат добрата вест. Во делото на проповедање имаат чест да учествуваат и мажи и жени. Голем благослов е тоа што можеме да имаме барем мал удел во службата за Божјето Царство. Секој што ќе реши да ја зголеми својата служба на некој од следниве начини ќе биде вистински среќен.

ДА СЕ СЛУЖИ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМА ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА

6 Можеби подрачјето на твоето собрание е често обработувано и луѓето веќе добиле темелно сведоштво. Во тој случај, дали би можел да правиш повеќе во службата со тоа што ќе се преселиш во место каде што има поголема потреба од објавители? (Дела 16:9). Ако си старешина или слуга-помошник, можеби ќе можеш да му помагаш на некое друго собрание во твојата покраина. Покраинскиот надгледник може да ти даде некои предлози во врска со тоа. Доколку сакаш да служиш во друг дел од твојата земја, подружницата може да ти даде корисни информации.

7 Дали би сакал да служиш во друга земја? Ако да, треба внимателно да размислиш пред да донесеш таква одлука. Би можел да разговараш за тоа со старешините во твоето собрание. Преселбата во друга земја сигурно ќе влијае врз тебе и врз оние што се со тебе (Лука 14:28). Сепак, ако не планираш да останеш подолго време, најдобро би било да служиш на место каде што има поголема потреба во твојата земја.

8 Во некои места, старешините кои дошле од други земји се подолго време во вистината од локалните старешини. Понизните локални браќа се спремни да им ги препуштат своите одговорности на поискусните старешини кои се доселиле во собранието. Сепак, ако си старешина и планираш да се преселиш во друга земја, имај на ум дека не треба да служиш наместо локалните браќа, туку заедно со нив. Поттикни ги да ги исполнат условите за да преземат повеќе одговорности во собранието (1. Тим. 3:1). Биди стрплив доколку некои работи не се прават на истиот начин на кој се прават во твојата земја. Користи го твоето искуство како старешина за да им помагаш на браќата. Така, ако еден ден мора да се вратиш во твојата земја, локалните старешини ќе можат подобро да се грижат за собранието.

9 Пред подружницата да те извести во кои собранија би можел да помагаш, Одборот на твоето собрание треба да испрати писмо со препорака. Вакво писмо треба да се испрати без разлика дали си старешина, слуга-помошник, пионер или објавител. Одборот на собранието ќе ја испрати препораката заедно со твоето барање директно во подружницата на земјата во која сакаш да служиш.

ДА СЕ ПРОПОВЕДА НА ДРУГ ЈАЗИК

10 За да ја зголемиш својата служба, би можел да учиш друг јазик, на пример знаковен. Ако си имаш поставено таква цел, слободно зборувај со старешините и покраинскиот надгледник. Тие можат да ти дадат предлози и да те охрабрат. Некои покраини во соработка со подружницата организираат јазични курсеви за да се обучат искусни објавители и пионери да проповедаат на друг јазик.

ПИОНЕРСКА СЛУЖБА

11 Секој објавител треба да знае кои се условите за некој да служи како помошен, општ, специјален пионер или во друг вид полновремена служба. Оној што сака да служи како пионер мора да биде примерен крстен христијанин кому околностите му дозволуваат да помине точно одреден број часови во службата на проповедање. Одборот на собранието наименува помошни и општи пионери, а специјалните пионери ги наименува подружницата.

12 Објавителите, во зависност од нивните околности, може да служат како помошни пионери еден месец, неколку месеци по ред или неодредено време. Многу објавители се помошни пионери во посебни прилики, како што е периодот околу Спомен-свеченоста или во месеците кога покраинскиот надгледник е во посета на нивното собрание. Некои ги користат месеците кога се на одмор. Младите кои се крстени и одат на училиште би можеле да бидат помошни пионери кога се на распуст. Секој март и април, како и месеците кога покраинскиот надгледник го посетува собранието, објавителите може да служат како помошни пионери со помал број часови. Без разлика на твоите околности, доколку си на добар глас во морален поглед, си ги отфрлил нечистите навики и сметаш дека можеш да ја исполниш одредената квота часови за помошен пионер во текот на еден или повеќе месеци, старешините со задоволство ќе ја разгледаат твојата молба.

13 За да служиш како општ пионер, треба да си во можност да ја исполниш годишната квота часови. Како општ пионер, треба тесно да соработуваш со собранието. Ревносните пионери се благослов за собранието. Тие со воодушевеност зборуваат за службата и ги поттикнуваат другите да станат пионери. Пред да поднесеш молба за општ пионер, треба да бидеш примерен објавител и треба да си крстен најмалку шест месеци.

14 Специјалните пионери обично се избираат од општите пионери кои покажале дека се делотворни во службата на проповедање. Тие треба да бидат во можност да служат каде и да ги испрати подружницата. Специјалните пионери често се испраќаат на зафрлени подрачја за да пронајдат заинтересирани лица и да основаат нови собранија. Понекогаш, специјалните пионери се доделени во собранија на кои им треба помош да го обработат своето подрачје. Некои специјални пионери кои служат и како старешини се доделени во помали собранија дури и кога нема потреба од повеќе објавители кои би го обработувале подрачјето. Специјалните пионери добиваат скромен надомест за животните трошоци. Некои браќа и сестри служат како привремени специјални пионери.

МИСИОНЕРСКА СЛУЖБА

15 Мисионерите се наименувани од Одборот за служба на Водечкото тело. Откако ќе бидат испратени во некоја земја, Одборот на подружницата во таа земја ги доделува да служат на некое густо населено подрачје. Тие помагаат подобро да се врши проповедничкото дело и придонесуваат за стабилноста на собранијата. Обично, браќата и сестрите што служат како мисионери претходно добиле обука на Школата за полновремени објавители. На мисионерите им се обезбедува место за живеење и им се дава скромен надомест за животните трошоци.

ПОКРАИНСКА СЛУЖБА

16 Покраинските надгледници се поставени од Водечкото тело. Пред да бидат именувани, овие браќа најпрво служат како заменици на покраинските надгледници за да стекнат знаење и искуство. Тие ја сакаат службата на проповедање и ги сакаат браќата и сестрите. Освен тоа, тие се ревносни пионери кои трудољубиво ја проучуваат Библијата и делотворно ги поучуваат другите. Овие браќа се извонреден пример во покажувањето на плодовите на духот. Исто така, покажуваат урамнотеженост, разумност и проникливост. Ако братот е женет, неговата жена, која служи како пионер, е примерна во постапките и во односите со другите. И таа делотворно ја проповеда добрата вест. Освен тоа, подложна му е на својот сопруг и не си зема за право да зборува во негово име ниту да доминира во разговорите. Бидејќи покраинските надгледници и нивните сопруги имаат многу задачи и обврски, оние што сакаат да служат на овој начин мора да имаат добро здравје. Пионерите не поднесуваат молба за да бидат во покраинска служба. Наместо тоа, може својата желба да му ја кажат на покраинскиот надгледник, кој ќе им даде повеќе информации.

ТЕОКРАТСКИ ШКОЛИ

17 Школа за полновремени објавители: Постои потреба од повеќе објавители кои ќе проповедаат на ретко обработувани подрачја и ќе ги зајакнуваат собранијата во духовен поглед. Затоа, браќа и сестри кои не се во брак, како и брачни парови, може да поднесат молба за да ја посетат Школата за полновремени објавители. Откако ќе ја завршат школата, тие ќе бидат испратени да служат како општи пионери на места каде што има поголема потреба во нивните земји. Сепак, оние што се ставаат на располагање може да добијат други задачи во својата земја или во некоја друга земја. Неколкумина можеби ќе бидат замолени да служат како привремени или како постојани специјални пионери. Пионерите што сакаат да одат на оваа школа може да ги дознаат условите за тоа на посебниот состанок што се одржува за време на регионалниот конгрес.

18 Библиска школа Гилеад: Браќата и сестрите кои не се во брак, како и брачните парови што се поканети да присуствуваат на оваа школа зборуваат англиски јазик и се во специјална полновремена служба. Тие имаат потенцијал да ги зајакнат собранијата и подружниците и да придонесат подобро да се врши проповедничкото дело. Овие браќа и сестри веќе покажале дека сакаат да им служат на своите соверници и дека можат љубезно да им помагаат да ги сфатат библиските начела и да го следат теократското водство. Подружниците им даваат молби на оние што би можеле да бидат повикани на оваа школа. Откако ќе ја завршат школата, може да бидат доделени во својата земја или во некоја друга земја да служат на подрачјето или во подружницата.

БЕТЕЛСКА СЛУЖБА

19 Да се служи во Бетел е посебна чест. Името Бетел значи „Божји дом“. Овој назив е соодветен затоа што во Бетелите се извршуваат разни теократски активности. Работата на браќата и сестрите во Бетел е од големо значење затоа што е поврзана со печатењето, преведувањето и дистрибуирањето на библиските публикации. Водечкото тело, кое ги надгледува и води собранијата низ целиот свет, многу ја цени нивната служба. Многу бетелски слуги кои се преведувачи не служат во нивната подружница, туку живеат и работат во места каде што се зборува јазикот на кој преведуваат. Тоа им овозможува да го слушаат јазикот што се зборува во секојдневниот живот. Исто така, од прва рака може да видат дали луѓето ги разбираат преведените публикации.

20 Поголемиот дел од работата што се извршува во Бетел бара физички напор. Затоа, во Бетел главно се повикуваат верни, крстени браќа кои се млади, здрави и силни. Ако во подружницата што ја надгледува твојата земја има потреба и ако би сакал да служиш во Бетел, можеш да дознаеш повеќе информации од старешините во твоето собрание.

ИЗГРАДБА НА ТЕОКРАТСКИ ОБЈЕКТИ

21 Изградбата на теократски објекти е света служба, слична на изградбата на Соломоновиот храм (1. Цар. 8:13-18). Многу браќа и сестри покажуваат извонредна ревност со тоа што доброволно ги трошат своето време, средства и способности за да учествуваат во оваа служба.

22 Дали и ти си во можност да помагаш? Ако си крстен објавител кој е спремен да служи на ваков начин, браќата што ја надгледуваат изградбата на теократски објекти во твоето место многу ќе ја ценат твојата помош. Тие ќе ти помогнат да стекнеш некои градежни вештини дури и ако немаш многу искуство. Слободно кажи им на старешините од твоето собрание дека би сакал да помагаш. Некои крстени објавители кои ги исполниле условите имале можност да помагаат во изградбата на теократски објекти во други земји.

23 Има многу начини на кои некој може да учествува во градежните проекти. Примерните крстени објавители кои имаат некакви градежни вештини и сакаат да учествуваат во изградбата на теократски објекти во нивна близина може да служат како локални доброволци за изградба. Некои се во можност одредено време да учествуваат во проекти кои се одвиваат на подалечни места. Тие се именувани од подружницата како доброволци за изградба и служат од две седмици до три месеци. Оние што се именувани да служат на подолг период се нарекуваат слуги за изградба. Слугите за изградба кои служат во друга земја се нарекуваат слуги за изградба во странство. Градежните проекти се изведуваат од Групите за изградба кои се составени од слуги за изградба и од доброволци за изградба. Тие добиваат помош од локалните доброволци за изградба и од браќата и сестрите од собранијата кои се вклучени во проектите. Групите за изградба извршуваат проект по проект во рамките на подрачјето на подружницата.

КОИ СЕ ТВОИТЕ ДУХОВНИ ЦЕЛИ?

24 Ако си му се заветувал на Јехова, сигурно имаш желба да му служиш во сета вечност. Но, дали си имаш поставено духовни цели што ќе те водат во тој правец? Тоа што ќе си поставиш духовни цели ќе ти помогне мудро да ја искористиш својата сила и она што го поседуваш (1. Кор. 9:26). Целите ќе ти помогнат да напредуваш во духовен поглед, да се концентрираш на поважните работи и да му служиш на Јехова во поголема мера (Фил. 1:10; 1. Тим. 4:15, 16).

25 Апостол Павле ни оставил убав пример кој треба да го следиме додека му служиме на Бог (1. Кор. 11:1). Павле со сите сили се трудел да му служи на Јехова најдобро што можел. Тој увидел дека Јехова му дал многу можности да ја зголеми својата служба. На христијаните во Коринт, им напишал: „Ми се отвори голема врата за работа“. Зар ова не е случај и со нас? И ние денес имаме многу можности да му служиме на Јехова во собранието, особено додека ја проповедаме добрата вест. Но, слично како Павле, ако влеземе низ големата врата, односно ги искористиме тие можности, ќе се соочиме со „многу противници“ (1. Кор. 16:9). Павле бил свесен дека мора да биде строг со себеси. Забележи што рекол тој: „Го тепам своето тело и го држам во покорност како роб“ (1. Кор. 9:24-27). Дали и ние имаме таков став?

26 Секој од нас е поттикнат да си постави духовни цели во склад со своите околности и да се труди да ги исполни. Многумина се во некој вид полновремена служба бидејќи уште во младоста си поставиле духовни цели. Додека биле деца, родителите и други браќа и сестри ги поттикнувале да си постават такви цели. Поради тоа, тие се посветиле на службата за Јехова и воопшто не жалат за таа одлука (Изр. 10:22). Други цели кои може да си ги поставиме е да одиме во служба на проповедање секоја седмица, да започнеме да ја проучуваме Библијата со некое лице или да одвоиме повеќе време за да се подготвуваме за состаноците. Најважно од сѐ е да останеме верни и потполно да ја извршиме нашата служба. Со тоа ќе го славиме Јехова и ќе ја оствариме нашата главна цел — да му служиме во сета вечност (Лука 13:24; 1. Тим. 4:7б, 8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели