ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • od погл. 11 стр. 116-122
  • Места на кои го славиме Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Места на кои го славиме Јехова
  • Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ
  • ИЗГРАДБА НА САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ
  • КОНГРЕСНИ САЛИ
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Дали го почитуваш твоето место на обожавање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Феноменалниот пораст налага брза експанзија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
od погл. 11 стр. 116-122

ПОГЛАВЈЕ 11

Места на кои го славиме Јехова

ЈЕХОВА им заповедал на своите слуги да се собираат заедно за да бидат поучени од него и за да се храбрат еден со друг (Евр. 10:23-25). Божјиот избран народ, Израел, најпрво го славел Бог во „шаторот на средбата“ (2. Мој. 39:32, 40). Подоцна, Соломон, синот на Давид, изградил храм во кој луѓето го славеле Бог (1. Цар. 9:3). Откако храмот бил уништен во 607 год. пр. н.е., Евреите почнале да го обожаваат Бог во објекти наречени синагоги. По некое време, храмот бил повторно изграден и служел како средиште на вистинската религија. Исус поучувал и во синагогите и во храмот (Лука 4:16; Јован 18:20). Тој одржал говор дури и на една гора (Мат. 5:1 — 7:29).

2 По смртта на Исус, христијаните се собирале на јавни места и во приватни домови за да се поучуваат од Писмата и за да се дружат меѓусебно (Дела 19:8, 9; Рим. 16:3, 5; Кол. 4:15; Филим. 2). Понекогаш, тие морале да се собираат на места кои биле далеку од очите на јавноста за да не бидат откриени од оние што ги прогонувале. Верните слуги на Бог од минатото навистина имале искрена желба да се собираат заедно за да бидат „поучени од Јехова“ (Иса. 54:13).

3 И денес, нашите состаноци се одржуваат на јавни места и во приватни домови. Во домовите на браќата и сестрите обично се одржуваат состаноци за проповедање. Овие браќа и сестри тоа го сметаат за голема чест. Многу од нив велат дека тоа им користело и во духовен поглед.

САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ

4 Главното место на кое Јеховините сведоци се состануваат се нивните сали. Најчесто се купува имот на кој се гради нова сала или се реновира постоечки објект. Кога е практично, неколку собранија може да користат една сала за да се намалат трошоците и за да се искористи објектот на што е можно подобар начин. Во некои места потребно е да се изнајми сала. Кога ќе се изгради нова сала или кога некоја сала ќе се реновира во поголема мера, соодветно е да се одржи свечено отворање. Меѓутоа, ако на некоја сала се направат само помали промени при реновирањето, нема потреба да се организира свечено отворање.

5 Нашите сали не се раскошни објекти кои се изградени со цел да ги импресионираат другите. Иако нивниот изглед може да се разликува од место до место, тие секогаш треба да ја исполнуваат целта за која се наменети (Дела 17:24). Во склад со локалните околности, салите треба да бидат удобни и прикладни за одржување на христијанските состаноци.

6 Сите собранија на Јеховините сведоци со своите прилози овозможуваат да се користи и одржува салата во која се собираат. Јеховините сведоци никогаш не ги принудуваат луѓето да даваат прилози. Наместо тоа, во секоја сала има кутија во која присутните може да дадат прилог за покривање на неопходните трошоци поврзани со салата. Тие тоа го прават спремно и од срце (2. Кор. 9:7).

7 За сите во собранието е чест да даваат прилози за салата и да учествуваат во нејзиното чистење и одржување. Обично еден старешина или слуга-помошник е задолжен да прави распоред за чистење. Најчесто, чистењето се организира по групите за проповедање, а во тоа предводи надгледникот на групата или неговиот помошник. И однатре и однадвор, салата треба на достоинствен начин да го претставува Јехова и неговата организација.

За сите во собранието е чест да даваат прилози за салата и да учествуваат во нејзиното чистење и одржување

8 Ако повеќе собранија се собираат во иста сала, старешините од тие собранија треба да формираат Одбор за одржување на салата кој ќе води сметка за објектот и земјиштето. Старешинствата на тие собранија одредуваат кој ќе биде координатор на тој одбор. Под водство на старешинствата, Одборот за одржување го надгледува чистењето и одржувањето на салата и се грижи да се набават потребните работи. За ова е неопходно сите собранија да соработуваат.

9 Доколку повеќе собранија користат иста сала, термините за состаноци можеби ќе треба да се менуваат. Кога старешините ќе прават распоред, треба да покажат братска љубов и грижа за другите (Фил. 2:2-4; 1. Пет. 3:8). Ниту едно собрание не треба да носи одлуки во име на другите собранија. Кога покраинскиот надгледник посетува некое од собранијата кои се состануваат во иста сала, другите собранија треба да ги приспособат термините за состаноци за таа седмица.

10 Со дозвола од Одборот на собранието, салата може да се користи и за говори за венчавање и за говори за погреб. Старешините внимателно ќе ги разгледаат барањата и ќе донесат одлука во склад со упатствата од подружницата.

11 Оние што ќе добијат дозвола да ја користат салата за такви намени треба да се однесуваат на начин што им прилега на вистински христијани. Во салата не треба да се прави ништо што би можело да ги спрепне браќата и сестрите или да му нанесе срам на Јехова и на собранието (Фил. 2:14, 15). Во склад со упатствата на подружницата, салата може да се користи и за други теократски активности, како што се Школата за именувани браќа и Школата за пионери.

12 Објавителите во собранието треба секогаш да покажуваат почит кон местата на кои се собираат. Кога сме во салата, со нашето облекување, изглед и однесување, треба да му оддаваме слава на Јехова (Проп. 5:1; 1. Тим. 2:9, 10). Ако ги применуваме советите кои ги добиваме во врска со ова, ќе покажеме дека ги цениме нашите состаноци.

13 Многу е важно за време на состаноците да има ред. Децата би требало да седат со своите родители. Препорачливо е оние што имаат мали деца да седат таму каде што најмалку ќе им сметаат на другите доколку треба да ги изнесат децата надвор кога се немирни или кога имаат некоја друга потреба.

14 За редот на состаноците се грижат браќа кои служат како редари. Тие треба да бидат спремни да реагираат во секоја ситуација, но треба да бидат љубезни и разборити. Некои од нивните задачи се да им изразат добредојде на оние што првпат дошле на состанокот, да им помогнат на оние што задоцниле да најдат место за седење, да ги пребројат присутните, како и да се грижат за греењето и проветрувањето на салата. Доколку е потребно, редарите ќе им кажат на родителите да внимаваат нивните деца да не трчаат низ салата и да не си играат на бината пред и по состанокот. Ако некое дете е немирно, редарите може на љубезен и тактичен начин да ги замолат родителите да го изведат надвор од главната просторија за да не им пречи на присутните. Редарите можат да придонесат сите на состанокот непречено да ја следат програмата и да се чувствуваат пријатно. Најдобро е како редари да служат старешини и слуга-помошници.

ИЗГРАДБА НА САЛИ ЗА СОСТАНОЦИ

15 Во првиот век, некои христијани имале повеќе во материјален поглед отколку други христијани. Затоа апостол Павле напишал: „Со цел да дојде до изедначување, вашиот вишок сега да ја покрие нивната немаштија, за некогаш и нивниот вишок да ја покрие вашата немаштија — да има еднаквост“ (2. Кор. 8:14). Истото начело се применува и денес. Собранијата од целиот свет приложуваат средства кои се слеваат на едно место за да се пружи финансиска помош за реновирање и изградба на сали за состаноци. Нашата организација и собранијата кои добиваат таква помош многу ја ценат великодушноста на браќата и сестрите од целиот свет.

16 Земајќи предвид повеќе фактори, подружницата одредува кои собранија во која сала ќе се собираат. Освен тоа, подружницата одлучува кога и каде на нејзиното подрачје треба да се изгради нова сала или да се реновира постоечка сала. Кога ќе се случи некоја катастрофа, се прават поправки на оштетените сали, а понекогаш и на домовите на браќата и сестрите.

17 Подружницата ја организира работата на доброволците кои помагаат при купување на земјиште, проектирање на сали, вадење дозволи, изградба и одржување. Бидејќи во голем број земји треба да се изградат уште сали, потребни се многу доброволци. Сите крстени објавители кои ги исполнуваат условите и сакаат да помогнат се поттикнати да пополнат молба и да ја предадат на Одборот на своето собрание. Дури и некрстени објавители може да помагаат при изградбата или реновирањето на својата сала.

КОНГРЕСНИ САЛИ

18 Христијаните во првиот век обично се состанувале во помали групи. Сепак, понекогаш се собирало и „големо мноштво луѓе“ (Дела 11:26). И денес, Јеховиниот народ одржува големи собири, како што се покраинските собири и регионалните конгреси. За таа цел, честопати се изнајмува простор, а таму каде што нема соодветен простор или не може да се изнајми, може да се изгради конгресна сала.

19 Понекогаш се купува некој објект, се реновира и потоа се користи како конгресна сала. Но, најчесто се купува земјиште и се гради нова сала. Конгресните сали се со различна големина, во зависност од локалните потреби. Пред да донесе одлука дали да се купи или да се изгради конгресна сала, подружницата мора внимателно да ги пресмета трошоците и да утврди колку често таа ќе се користи.

20 Подружницата одредува браќа кои ќе се грижат за одржувањето на конгресните сали. Покраините се задолжени за редовно чистење на салата, за генерално чистење двапати годишно и за одржување со кое ќе се избегнат поправки во иднина. Би било добро браќата да се стават на располагање за да помогнат во поправките и во одржувањето. Собранијата се поттикнати да дадат сѐ од себе за да учествуваат во ваквите активности (Пс. 110:3; Мал. 1:10).

21 Одвреме-навреме, конгресните сали може да се користат и за други духовни активности, на пример, во нив може да се одржуваат теократски школи и посебни состаноци за покраинските надгледници и старешините. Исто како салите за состаноци, конгресните сали се места каде што го славиме Јехова. Кога се собираме во нив, нашето однесување, облекување и изглед треба да бидат достоинствени.

22 На самиот крај од овие последни денови, голем број лица стануваат дел од Јеховината организација. Тоа е доказ дека го имаме Јеховиниот благослов (Иса. 60:8, 10, 11, 22). Затоа, треба со сето срце да ги поддржуваме изградбата, чистењето и одржувањето на местата на кои го славиме Јехова. Со тоа ќе покажеме ценење за овие места на кои сѐ повеќе се храбриме еден со друг како што се приближува Јеховиниот ден.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели