Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
1. За која цел служи Салата на Царството?
1 Во целиот свет има повеќе од 94.000 собранија на Јеховините сведоци. Повеќето собранија се собираат за проучување на Библијата и за христијанско дружење во Сала на Царството, која служи како локален центар на чистото обожавање.
2. Зошто е важно да ја одржуваме Салата на Царството чиста и претставителна?
2 Распоред за редовно чистење: Работата што се извршува за одржување на Салата на Царството е многу важен дел од нашата света служба. Книгата Наша служба на 61. страница вели: „Браќата треба да сметаат за предност не само финансиски да ја поддржуваат Салата на Царството туку и доброволно да ги понудат своите услуги за да се одржува чиста, претставителна и во добра состојба. И однатре и однадвор, Салата на Царството треба на исправен начин да ја претставува Јеховината организација“. Бидејќи Салата на Царството се користи неколкупати секоја седмица, треба редовно да се чисти и да се одржува. Обично за овие работи се грижат доброволци од собранието (или собранијата) што се состанува во Салата на Царството. Како во библиски времиња, Јеховините слуги денес треба да бидат марливи во ‚поправањето и обновувањето‘ на нашето место за обожавање (2. Лет. 34:10).
3. Како се организира чистењето на Салата на Царството, и кој може да има удел во оваа предност?
3 На огласната табла треба да биде ставен распоред за седмично чистење на Салата на Царството. Сите групи за студија на книга треба да се менуваат во чистењето на салата секоја седмица, следејќи список со работи што треба да се завршат. Сите што се во состојба треба да учествуваат во седмичната предност да ја одржуваат Салата на Царството чиста и претставителна. Надгледувани од родителите, и децата можат да бидат вклучени, учејќи на тој начин да покажуваат ценење за таа предност. Особено кога повеќе од едно собрание користи една Сала на Царството, неопходна е добра соработка за грижата за овој важен аспект од нашето обожавање да не падне само на неколкумина.
4. Што треба да се направи за собранието да знае што да прави кога се чисти Салата на Царството?
4 Може да се истакне список со работи што треба да се направат, можеби во просторијата каде што се чуваат средствата за чистење. Списокот треба да ги објаснува должностите што треба да се завршат секоја седмица, вклучувајќи да се помине со правосмукалка, да се исчистат прозорците, да се избришат работните површини, да се испразнат корпите за отпадоци, да се избришат подот и огледалата. Некои задачи можеби ќе треба да се прават поретко, како што е полирање на дрвените површини и темелно чистење на столчињата, завесите и светлата. Сите хемиски средства што се користат за чистење треба да се чуваат подалеку од деца и треба да бидат означени. Треба да се даде и кратко упатство за употреба на секое од тие средства.
5. Колку е важна безбедноста, и кои работи треба да се проверат одвреме навреме? (Види ја рамката на 4. страница.)
5 Безбедноста во Салата на Царството е од најголема важност (Втор. 22:8). Во врска со ова, рамката на 4. страница наведува некои работи што одвреме навреме треба да се проверат за да се спречат несреќи.
6. Како е организирана работата околу одржувањето на Салата на Царството?
6 Одржување на Салата на Царството: Старешинското тело има одговорност да го надгледува одржувањето на Салата на Царството. Обично, еден старешина или слуга помошник е наименуван да ја организира работата. Тој ги организира рутинските работи во Салата на Царството, грижејќи се да биде чиста и во добра состојба и да има доволно средства за чистење при рака. Важно е да нема никакви опасни состојби во салата или околу салата. Кога две или повеќе собранија користат иста сала, старешинските тела наименуваат одбор за одржување што ќе ги организира подготовките околу грижата за зградата и имотот. Овој одбор работи под упатство на старешинските тела.
7. а) Што се прави секоја година за да бидеме сигурни дека Салата на Царството се одржува во добра состојба? б) На кои работи треба да се обрне внимание одвреме навреме? (Види ја рамката на 5. страница.)
7 Еднаш годишно се прави детална проверка на Салата на Царството. Старешините ќе го извршат тоа така што ќе направат подготовки за темелно да се погрижат за сите работи на кои треба да се обрне внимание. Објавителите можеби ќе бидат повикани да помогнат околу потребните поправки и одржувањето. Сите треба да внимаваат дури и на ситните работи и треба веднаш да се погрижат за итните работи.
8. Кога можат старешините да стапат во контакт со службата за Сали на Царството во Бетелот во врска со работите околу одржувањето?
8 Ако старешините сметаат дека има потреба за совет или помош во врска со грижата околу одржувањето на Салата на Царството, можат да стапат во контакт со службата за Сали на Царството во Бетелот. Тоа може да вклучува работи како што се грижа за теписите, поправка на греењето и клима уредите и отстранување на проблемите со влагата во зградата.
9. Која процедура треба да се следи ако има потреба да се најми претприемач?
9 Мудро да се користат собраниските средства: Поголемиот дел од работата во Салата на Царството и околу неа ја извршуваат доброволци. Нивните самопожртвувани напори се прекрасен израз на љубов и многу помагаат да се намалат трошоците. Ако биде неопходно да се најми претприемач за некоја работа, како на пример, истребување на штетници или чистење на снегот, старешините ќе побараат различни понуди за таа работа. Тоа ќе го направат така што прво ќе подготват детален писмен опис на работата што треба да се изврши и на сите материјали што треба да се набават. Примерок од овој список ќе им се даде на извесен број различни набавувачи за сите да дадат понуда за истите барања. Откако ќе добијат писмени понуди од неколку можни набавувачи, старешините можат да ја изберат најдобрата понуда. Оваа процедура треба да се следи дури и ако некој брат понуди да ја изврши работата или да ги набави потребните материјали по одредена цена.
10. Што се прави за да се осигура дека собраниските средства се користат исправно?
10 Кога Салата на Царството ја користи повеќе од едно собрание, одборот за одржување води одделен извештај за средствата и доставува месечни писмени сметководни извештаи до секое старешинско тело, информирајќи ги на тој начин старешините за тоа како се трошат парите. Старешините се одговорни за исправното трошење на собраниските средства.
11. Што треба да се направи ако се потребни опсежни поправки или реновирање?
11 Опсежни поправки и реновирање: Кога одборот за одржување смета дека е потребен некој поголем зафат во врска со функционирањето или поправките на Салата на Царството, за упатства треба да се обрати до старешинските тела. Ако биде решено дека се потребни опсежни поправки и реновирање или дека е потребна помош надвор од собранието (собранијата) што се состанува во таа Сала на Царството, старешините ќе стапат во контакт со службата за Сали на Царството во Бетелот. Овие квалификувани, искусни браќа, ќе дадат корисни предлози и ќе го надгледуваат водењето на работата. Ако е вклучен голем трошок, ќе биде неопходно да се добијат точни проценки на трошоците и да се подготви резолуција за која собранието треба да даде одобрение. (Види „Рубрика прашања“ од Наша служба за Царството од февруари 1994.)
12. Како можеме да го покажеме нашето ценење за привилегијата да присуствуваме на состаноците во Салата на Царството?
12 Колку само ја цениме нашата привилегија да се состануваме во Салата на Царството! Не би сакале никогаш да ги запоставиме или да ги сфатиме здраво за готово нашите состаноци. Сите можеме да придонесеме да успее оваа подготовка за наше охрабрување со тоа што потполно ќе учествуваме во грижата за нашата Сала на Царството. Ова го велича чистото обожавање и му донесува слава на Јеховиното име. Да бидеме решени да го одржуваме нашето место на обожавање во добра состојба.
[Рамка на страница 4]
Список за проверка на безбедноста
◻ Апаратите за гаснење пожар треба да бидат на места до кои лесно може да се дојде и еднаш годишно да се проверува нивната состојба.
◻ Излезите и скалите треба да бидат јасно обележани, добро осветлени и лесно пристапни, а оградата на скалите да биде безбедна.
◻ Складиштата, тоалетите и гардеробите треба да бидат чисти, уредни и во нив да нема лесно запалливи материјали, лични предмети и ѓубре.
◻ Покривот и олуците треба редовно да се проверуваат и да се чистат.
◻ Тротоарите и паркингот мораат да бидат осветлени и без пречки што би можеле да предизвикаат лизгање или паѓање.
◻ Системите за струја, греење и вентилација треба да се проверуваат и одржуваат.
◻ Сите места од каде што протекува вода треба брзо да се поправат за да се спречат сериозни проблеми со влага.
◻ Зградата треба да биде заклучена кога нема никој внатре.
[Рамка на страница 5]
Грижа за зградата и за имотот
◻ Надворешност: Дали се во добра состојба кровот, облогите на ѕидовите, фарбата, прозорците и знакот на Салата на Царството?
◻ Двор: Дали дворот добро се одржува? Дали се во добра состојба тротоарите, оградите и паркингот?
◻ Внатрешност: Дали се претставителни теписите, завесите, столчињата, инсталациите, бојата на ѕидовите, шкафовите за литература и гардеробите?
◻ Опрема: Дали се во исправна состојба системите за осветлување, озвучување, греење, вентилација и клима уредите?
◻ Тоалети: Дали се чисти и дали функционираат исправно?