ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 1 стр. 8
  • Бог ги направил небото и Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ги направил небото и Земјата
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Бог почнал да создава
    Мојата книга со библиски приказни
  • Животни
    Разбудете се! 2015
  • Една прекрасна градина
    Мојата книга со библиски приказни
  • Оној што ги направил сите работи
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 1 стр. 8
Рајската градина

ПОГЛАВЈЕ 1

Бог ги направил небото и Земјата

Јехова Бог е нашиот Создател. Тој направил сѐ — она што можеме да го видиме, но и она што не можеме да го видиме. Најпрво, Јехова создал многу, многу ангели. Знаеш ли што се тоа ангели? Ангелите се личности кои Јехова ги направил слични на себе. Исто како што не можеме да го видиме Бог, не можеме да ги видиме ниту ангелите. Првиот ангел што Јехова го создал му станал помошник. Овој ангел му помогнал на Јехова да ги создаде ѕвездите, планетите и сѐ друго. Една од тие планети е Земјата, нашиот преубав дом.

Јехова потоа ја подготвил Земјата за да можат на неа да живеат луѓе и животни. Тој направил сончевите зраци да допрат до Земјата. Исто така, ги направил планините, океаните и реките.

Што се случило потоа? Јехова рекол: „Ќе направам трева, дрвја и други растенија“. Тогаш од Земјата почнале да никнуваат секакви видови овошја, зеленчуци и цвеќиња. Потоа Јехова ги создал животните — оние што летаат, оние што живеат во вода и оние што одат по земја. Некои биле мали, како зајчињата, а некои биле големи, како слоновите. Кое животно најмногу го сакаш ти?

После тоа, Јехова му рекол на првиот ангел: „Да направиме човек“. Бог замислил луѓето да бидат поинакви од животните. Тој сакал тие да измислуваат различни работи, да зборуваат, да се смеат и да му се молат. Исто така, сакал да се грижат за Земјата и за животните. Знаеш ли кој бил првиот човек? Ајде да видиме.

„Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1)

Прашања: Кој е Јехова Бог? Што направил Јехова?

1. Мојсеева 1:1-26; Изреки 8:30, 31; Еремија 10:12; Колошаните 1:15-17

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели