ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 22 стр. 56-стр. 57 пас. 3
  • Чудото кај Црвеното Море

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чудото кај Црвеното Море
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Преминување на Црвеното Море
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јехова „стана мој избавител“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Стојте цврсто и гледајте го спасението што Јехова ќе ви го донесе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Бог ги ослободува Израелците од ропство
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 22 стр. 56-стр. 57 пас. 3
Фараонот и неговата војска

ПОГЛАВЈЕ 22

Чудото кај Црвеното Море

Кога фараонот слушнал дека Израелците навистина си заминале од Египет, зажалил што ги пуштил. Тој им наредил на своите војници: „Брзо спремете ги воените коли, да тргнеме по нив! Не требаше да им дозволиме да си одат“. Така фараонот, заедно со своите слуги, тргнал по Израелците.

Јехова го водел својот народ со помош на еден облак преку ден, а со оган преку ноќ. Тој ги одвел до Црвеното Море и им кажал да постават шатори.

По некое време, Израелците виделе дека фараонот доаѓа по нив со една цела војска. Изгледало како да се фатени во стапица — од едната страна имало море, а од другата страна била египетската војска. Луѓето исплашено викале кон Мојсеј: „Ќе умреме! Требаше да нѐ оставиш во Египет!“ А Мојсеј им рекол: „Не плашете се. Чекајте, и со свои очи ќе видите како Јехова ќе нѐ спаси“. Мојсеј покажал многу силна вера во Јехова, нели?

Јехова им рекол на Израелците да се спремат за тргнување. Таа ноќ, тој го преместил облакот и го ставил помеѓу нив и Египќаните. Така, од страната на Египќаните било темно, а од страната на Израелците било светло.

Јехова му рекол на Мојсеј да ја испружи раката кон морето. Тогаш Јехова пуштил силен ветар да дува цела ноќ. Ветрот го разделил морето, и во средината се направила патека. Така целиот народ го преминал морето по сувата патека меѓу два ѕида од вода.

Израелците го преминуваат морето по суво, меѓу два водени ѕида

И војската на фараонот тргнала по Израелците по истата патека среде морето. Тогаш Јехова направил збрка меѓу војниците. Тркалата на нивните коли почнале да се вадат и да летаат на сите страни. Војниците викале: „Да бегаме одовде! Јехова се бори за нив!“

Јехова му рекол на Мојсеј: „Испружи ја раката кон морето“. Одеднаш, водите се вратиле и ја потопиле целата египетска војска. Фараонот и неговите војници умреле. Никој од нив не преживеал.

На другата страна од морето, една голема група луѓе го фалеле Јехова со песна: „Пејте му на Јехова, затоа што многу се прослави. Коњот и јавачот ги фрли во морето“. Додека сите пееле, жените играле и удирале на дајриња. Тие многу се радувале што биле на слобода.

„Исполнети со храброст, можеме да речеме: ’Јехова е мојот помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човек?‘“ (Евреите 13:6)

Прашања: Зошто Израелците се исплашиле кога стигнале кај Црвеното Море? Како Јехова го спасил својот народ?

2. Мојсеева 13:21 — 15:21; Неемија 9:9-11; Псалм 106:9-12; 136:11-15; Евреите 11:29

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели