ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 24 стр. 62-стр. 63 пас. 3
  • Израелците не го исполниле ветувањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Израелците не го исполниле ветувањето
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Златното теле
    Мојата книга со библиски приказни
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Синај — гората на Мојсеј и на милоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 24 стр. 62-стр. 63 пас. 3
Израелците пеат и играат околу златното теле

ПОГЛАВЈЕ 24

Израелците не го исполниле ветувањето

Јехова му кажал на Мојсеј: „Качи се кај мене на планината. Ќе ти ги напишам законите на камени плочи и ќе ти ги дадам“. Мојсеј се качил на планината, и останал таму 40 дена и 40 ноќи. Додека бил таму, Јехова ги напишал десетте заповеди на две камени плочи и му ги дал.

Мојсеј ги фрла наземи двете камени плочи

Бидејќи поминало некое време откако Мојсеј се качил на планината, Израелците помислиле дека тој нема да се врати. Затоа му рекле на Арон: „Ни треба некој што ќе нѐ води! Направи ни бог!“ Арон им одговорил: „Дајте ми го вашиот златен накит“. Тој го стопил златото и од него направил теле. Тогаш луѓето извикале: „Ова теле е нашиот бог кој нѐ ослободи од Египет!“ Почнале да му се поклонуваат на златното теле и одржале прослава во негова чест. Дали луѓето згрешиле? Да. Тие ветиле дека ќе му служат само на Јехова, но не го исполниле тоа ветување.

Јехова видел што се случило, па затоа му рекол на Мојсеј: „Оди долу кај луѓето. Ја прекршија заповедта што им ја дадов и му се поклонуваат на лажен бог“. Така Мојсеј се симнал од планината, а со себе ги носел двете камени плочи.

Кога Мојсеј се приближил до логорот, имало што да види! Луѓето играле и пееле и му се поклонувале на едно златно теле. Тој толку многу се налутил што ги фрлил камените плочи на земја и тие се скршиле на парчиња. Мојсеј не чекал ни миг — веднаш го уништил златното теле. Потоа го прашал Арон: „Како можеа да те убедат луѓето да направиш нешто толку лошо?“ Арон рекол: „Немој да ми се лутиш. Знаеш какви се луѓето. Тие сакаа бог, и јас им кажав да ми го донесат нивното злато, па така излезе ова теле!“ Арон направил голема грешка. По ова, Мојсеј повторно се качил на планината и од срце го молел Јехова да му прости на народот.

Јехова им простил на сите што сакале да му бидат послушни. Дали сфаќаш колку било важно Израелците да го следат водството на Мојсеј?

„Кога ќе му се заветуваш на Бог, не колебај се да го исполниш тоа, зашто безумниците никому не му се мили. Тоа што си го заветувал, исполни го“ (Проповедник 5:4)

Прашања: Што направиле Израелците додека Мојсеј бил на планината? Што направил Мојсеј кога се симнал од планината?

2. Мојсеева 24:12-18; 32:1-30

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели