ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/5 стр. 8-9
  • Синај — гората на Мојсеј и на милоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Синај — гората на Мојсеј и на милоста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Израелците му дале ветување на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Израелците не го исполниле ветувањето
    Поуки од Библијата
  • Грмушката што горела
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/5 стр. 8-9

Сцени од ветената земја

Синај — гората на Мојсеј и на милоста

КОГА размислуваш за Синајската гора, веројатно се присеќаваш на Мојсеј. Зошто? Затоа што Мојсеј го примил Божјиот закон на гората на Синајскиот полуостров. Која гора? Сосем веројатно, оваа која е прикажана горе.a

На јужниот дел од полуостровот, на половина пат помеѓу заливите на Црвеното море се наоѓа еден гребен со два врва. Општата локација одговара на библискиот извештај во врска со Мојсеј. Едниот врв е наречен Јебел Муса што значи „Мојсеева гора“.

Различни библиски извештаи името го прават доста соодветно. Се сеќаваш ли дека Мојсеј го пасел стадото на Јотор кога се појавил ангел во грмушката која горела? Каде се случило тоа? Библијата вели дека тоа било на „планината Божја Хорив“ која уште е наречена Гора Синај (2. Мојсеева 3:1-10; 3. Царства 19:8). Откако Мојсеј го извел Божјиот народ од Египет, го довел овде. Во 2. Мојсеева 19:2, 3 се известува за тоа дека „се утабори Израил таму спроти гората. И Мојсеј се искачи на гората при Бога, и го повика Бог“.

Тоа било првото искачување на Мојсеј на гората Синај и тоа не било обична прошетка по стрмнините. Читаме: „И Господ слезе на гората Синајска, на врвот од гората, и го повика Господ Мојсеја на врвот од гората“ (2. Мојсеева 19:20).

Илјадници туристи денес со напор се искачуваат ноќе по означените патеки до врвот, се задржуваат за да го гледаат изгревот на Сонцето, а потоа околу пладне се спуштаат. Тоа не било случај со Мојсеј. Бог му рекол: „Качи се при Мене на гората и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди“. Поради тоа, „остана таму Мојсеј четириесет дена и четириесет ноќи“ (2. Мојсеева 24:12-18).

Затоа е разбирливо што Мојсеевото име е поврзано со оваа гора, но зошто е поврзана со „милост“? Па, додека Мојсеј бил горе и го примал законот, народот во рамнината долу (веројатно на Рамнината Ер-Раха, на фотографијата) се свртил по погрешен пат. Го натерале Мојсеевиот брат да им направи бог. Арон рекол: „Извадете ги златните обетки . . . и донесете ми ги“. Така направиле златно теле за обожавање. Тоа го разгневило вистинскиот Бог што довело до смрт на илјадници (2. Мојсеева 32:1-35). Но, на Арон му била укажана милост и бил поштеден. Зошто?

Божјиот коментар во 2. Мојсеева 32:10 наведува дека тој не го гледал Арон како иницијатор во погрешното постапување на Израел. И кога на крајот се одлучувало, „сите синови Левиеви“ застанале на Божја страна меѓу кои несомнено бил вклучен и Арон (2. Мојсеева 32:26). Затоа, иако Арон имал извесен грев, примил Божја милост на подножјето на планината Синај.

Подоцна, Мојсеј изразил желба подобро да го запознае Јехова и да ја види Неговата слава (2. Мојсеева 33:13, 18). Бидејќи било невозможно Мојсеј да го види лицето на Бог, Јехова сепак му покажал дел од Неговата слава, нагласувајќи дека Тој ‚кој е за помилување, ќе го помилува‘ (2. Мојсеева 33:17–34:7). Сосем било соодветно Бог да ја нагласи својата милост, бидејќи Библијата зборот „милост“ го употребува мошне често во врска со Божјето постапување со Израел, кој на Синај стапил довел во сојуз со него (Псалми 102:7-13, 18).

Посетителите на Гората Синај денес во подножјето можат да најдат манастир, што тешко би можело да потсети некого на вистинското обожавање за кое учел Мојсеј на гората прикажана горе. Всушност, религијата во манастирот се сосредоточува на икони. Една од нив, прикажана овде, е „Скали до Рајот“. Се базира на книгата од византискиот калуѓер Јован Климакус. Откако поминал околу четириесет години во манастирска ќелија, станал настојник на манастирот и пишувал за симболични скали до небото. Но забележи дека се нацртани некои свештеници како демоните ги тргаат во вечно мачење во пеколен оган. Тоа е живописна слика, но не е библиска! (Проповедник 9:5, 10; Јеремија 7:31).

Спротивно на тоа лажно учење, вистината е дека Семоќниот е „Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински“ (2. Мојсеева 34:6). Мојсеј му се приближил на тој милосрден Бог на Гората Синај.

[Фуснота]

a За поголема прегледност види во Календарот на Јеховините сведоци за 1993.

[Извор на слика на страница 8]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 9]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 9]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели