ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 28 стр. 70-стр. 71 пас. 1
  • Магарицата на Валаам прозборела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Магарицата на Валаам прозборела
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Една магарица зборува
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јеховината реч е жива — врвни точки од книгата Броеви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Што би правеле без магарињата?
    Разбудете се! 2006
  • Како ќе одговориш?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 28 стр. 70-стр. 71 пас. 1
Магарицата на Валаам легнува на патот кога го здогледува Божјиот ангел

ПОГЛАВЈЕ 28

Магарицата на Валаам прозборела

Израелците биле во пустината околу 40 години. Тие освоиле многу градови. А сега, додека биле сместени во моавските рамници источно од реката Јордан, дошло времето да влезат во Ветената земја. На Валак, кој бил цар на Моав, му било страв дека Израелците ќе му ја земат земјата. Затоа викнал еден човек кој се викал Валаам да дојде во Моав и да ги проколне.

Но, Јехова му рекол на Валаам: „Не смееш да ги проколнеш Израелците“. Од таа причина, Валаам не сакал да појде. Царот Валак повторно го повикал, но овојпат му ветил дека ќе му даде сѐ што ќе посака. Сепак, Валаам одбил. Потоа Бог му рекол: „Може да одиш, ама ќе го кажеш само тоа што јас ќе ти го кажам“.

Така Валаам ја јавнал својата магарица и тргнал кон Моав. Тој решил да ги проколне Израелците иако Јехова му рекол да не го прави тоа. Еден ангел на Јехова три пати му се појавил на Валаам на патот. Тој не можел да го види ангелот, но магарицата го видела. Првиот пат, магарицата сакала да избега и тргнала кон полето. Потоа се прилепила до ѕидот и му ја стиснала ногата на Валаам. На крајот, магарицата легнала на сред пат. Сите три пати кога магарицата не сакала да оди напред, Валаам ја тепал со стап.

Третиот пат кога ангелот бил на патот, Јехова направил магарицата да зборува. Таа го прашала Валаам: „Зошто толку ме тепаш?“ Валаам ѝ одговорил: „Затоа што ме правиш будала! Да имав меч, досега ќе те убиев“. Магарицата му рекла: „Со години јаваш на мене. Дали досега сум ти направила вакво нешто?“

Во тој момент, Јехова му ги отворил очите на Валаам, и тој го видел ангелот. Ангелот му рекол: „Јехова ти рече да не го проколнуваш Израел“. А Валаам кажал: „Згрешив. Ќе се вратам дома“. Но, ангелот му одговорил: „Оди во Моав, ама кажи го само тоа што Јехова ќе ти го каже“.

Дали Валаам научил нешто од она што му се случило? Не. Тој повторно се обидел да го проколне Израел, и тоа три пати. Но, сите три пати Јехова ги претворил неговите зборови во благослов. На крајот, Израелците го нападнале Моав, и Валаам бил убиен. Што мислиш, дали на Валаам ќе му било подобро ако го послушал Јехова?

„Чувајте се од секаква лакомост, бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15)

Прашања: Зошто Валаам отишол во Моав? Што му се случило додека патувал кон Моав?

4. Мојсеева 22:1 — 24:25; 31:8; Неемија 13:2; 2. Петрово 2:15, 16; Јуда 11

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели