ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 52 стр. 126-стр. 127 пас. 1
  • Огнената војска на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Огнената војска на Јехова
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Елисеј видел огнени коли — дали ги гледаш и ти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Земи си го синот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Пример за самопожртвуваност и лојалност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 52 стр. 126-стр. 127 пас. 1
Елисеј и неговиот слуга се опколени од војската на Сирија

ПОГЛАВЈЕ 52

Огнената војска на Јехова

Вен-Адад, кој бил цар на Сирија, почнал да војува со Израел. Но, пророкот Елисеј го предупредувал царот на Израел секогаш кога Сиријците сакале да го нападнат, и така тој постојано се спасувал. Затоа Вен-Адад решил да го зароби Елисеј. Откако дознал дека Елисеј се наоѓа во градот Дотан, ја испратил сириската војска да го фати.

Војниците стигнале во Дотан ноќе. Следното утро, слугата на Елисеј излегол надвор и видел дека целиот град е опколен од огромна војска. Многу се исплашил и рекол: „Елисеј, што ќе правиме сега?“ Елисеј му одговорил: „Нашата војска е поголема отколку нивната“. Во тој момент, Јехова направил слугата на Елисеј да види дека планините околу градот се полни со коњи и огнени воени коли.

Елисеј и неговиот слуга ја гледаат војската од ангели околу нив

Кога сириските војници се обиделе да го фатат Елисеј, тој побарал помош од Јехова. Тогаш војниците толку се збуниле што не можеле да сфатат каде се наоѓаат. Елисеј им рекол: „Сте го згрешиле градот. Дојдете со мене, јас ќе ве одведам кај човекот што го барате“. Тие тргнале по Елисеј, и тој ги одвел во Самарија — градот во кој живеел царот на Израел.

Сиријците сфатиле каде се наоѓаат, но веќе било предоцна. Царот на Израел го прашал Елисеј: „Да ги убијам ли?“ Дали Елисеј ја искористил оваа прилика за да им се одмазди на овие луѓе кои сакале да му наштетат? Не. Елисеј рекол: „Не ги убивај. Дај им да јадат, а потоа пушти ги да си одат“. Така царот направил голема гозба и на крајот им дозволил да си заминат.

Сириските војници јадат во Самарија

„Во ова се надеваме на Бог: што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14)

Прашања: Како Јехова ги заштитил Елисеј и неговиот слуга? Што мислиш, дали Јехова може да те заштити и тебе?

2. Царевите 6:8-24

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели