ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 97 стр. 226-стр. 227 пас. 2
  • Корнелиј добил свет дух

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Корнелиј добил свет дух
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Петар го посетува Корнелиј
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Бог не е пристрасен“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Бог не е пристрасен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Јехова „не е пристрасен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 97 стр. 226-стр. 227 пас. 2
Корнелиј му изразува добредојде на Петар во неговиот дом

ПОГЛАВЈЕ 97

Корнелиј добил свет дух

Во Цезареја си живеел еден римски воен заповедник кој се викал Корнелиј. Иако не бил Евреин, Евреите го почитувале. Корнелиј многу им помагал на сиромашните луѓе. Тој верувал во Јехова и редовно му се молел. Еден ден, на Корнелиј му се појавил ангел кој му рекол: „Бог ги слушна твоите молитви. Затоа, испрати луѓе во градот Јопа, каде што се наоѓа Петар, и речи му да дојде кај тебе“. Корнелиј веднаш испратил тројца луѓе во градот Јопа, кој бил на околу 50 километри јужно од Цезареја.

Во меѓувреме, Петар имал видение. Тој видел животни кои Евреите не смееле да ги јадат, но еден глас му рекол да јаде од нив. Петар одговорил: „Ама тие животни се нечисти. Јас никогаш не сум јадел таква храна“. Гласот му рекол: „Не ги нарекувај овие животни нечисти, бидејќи Бог ги направи чисти“. Исто така, на Петар му било кажано: „Пред твојата врата има тројца луѓе. Оди со нив“. Петар отишол кај луѓето и ги прашал зошто се дојдени. Тие му одговориле: „Нѐ испрати Корнелиј, кој е римски воен заповедник. Рече да дојдеш со нас во Цезареја“. Петар ги поканил луѓето да останат таа вечер во неговата куќа. Следниот ден, тој тргнал со нив во Цезареја, а им се придружиле и некои браќа од Јопа.

Кога Корнелиј го видел Петар, клекнал пред него на колена. Но, Петар му рекол: „Стани! И јас сум само човек. Бог ми рече да дојдам во твојот дом, иако Евреите не влегуваат кај луѓе од другите народи. А сега, те молам кажи ми зошто ме викна“.

Корнелиј му рекол на Петар: „Пред четири дена му се молев на Бог, и тогаш еден ангел ми рече да испратам некој да те викне. Те молам поучи нѐ за Јехова“. Петар им рекол на луѓето во куќата: „Сфатив дека Бог не е пристрасен. Тој го прифаќа секој што сака да му служи“. Потоа ги поучил многу работи за Исус. Тогаш Корнелиј и луѓето што биле со него добиле свет дух и се крстиле.

„[Бог] во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:35)

Прашања: Зошто Петар не сакал да јаде од животните што ги видел? Зошто Јехова му рекол на Петар да оди во куќата на човек што не бил Евреин?

Дела 10:1-48

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели