Вовед во дел 3
Во годините после Потопот, Библијата спомнува само неколку луѓе што верно му служеле на Јехова. Еден од нив бил Авраам, кој бил наречен Јеховин пријател. Зошто бил наречен така? Ако си родител, помогни му на твоето дете да сфати дека Јехова се грижи за него лично и дека сака да му помогне. Исто како Авраам и како некои други верни луѓе, на пример Лот и Јаков, и ние можеме секогаш да бараме помош од Јехова. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе исполни сѐ што ветил.