Вовед во дел 6
Израелците конечно стигнале во Ветената земја. Таму светиот шатор станал главното место каде што му вршеле света служба на Бог. Свештениците го поучувале народот за Божјиот закон, а судиите го воделе. Во овој дел ќе видиме колку силно може да влијаат нечии одлуки и постапки врз другите луѓе. Секој Израелец требало да му остане верен на Јехова и на останатите Израелци. Нагласи какво влијание извршиле Девора, Ноемина, Исус Навин, Ана, ќерката на Јефтај и Самоил врз луѓето околу нив. Истакни дека дури и некои што не биле Израелци како, на пример, Раав, Рут, Јаила и Гаваонците, им помогнале на Израелците бидејќи знаеле дека Бог е со нив.