Вовед во дел 10
Јехова е најголемиот Цар. Тој нема да дозволи ништо да ја спречи неговата намера и има моќ да ги заштити своите верни слуги. На пример, Јехова го спасил Еремија за да не умре во длабока јама. Освен тоа, ги спасил Седрах, Мисах и Авденаго од вжарена печка, а Даниел од канџите на лавовите. Исто така, ја заштитил Естира за да може таа да го спаси својот народ. Јехова нема да дозволи лошите работи да се случуваат засекогаш. Пророштвата за големиот кип и за огромното дрво се доказ дека Божјето Царство наскоро ќе му стави крај на сето зло и ќе почне да владее со Земјата.