ПЕСНА 114
Да бидеме стрпливи како Јехова!
Печатено издание
1. Севишниот Јехова
е вечен, праведен и свет.
Но, името Јехова
извалкано со лаги е.
Со векови тој чека,
трпи долго таков срам,
и можност да се спасат
на луѓето им дал.
Од љубов долго време
тој стрплив е кон сите нас,
а тоа што е стрплив
за луѓето ќе значи спас.
2. Стрпливоста и кај нас
во Божји очи вредна е.
Ни дава таа спокој,
од немир штити и од гнев.
Во другите го бара
тоа убаво што е,
и спокојство ни дава
во времиња на стрес.
Па нека секој од нас
го краси овој убав плод.
Стрпливоста нѐ прави
нас послични на својот Бог.
(Види и 2. Мој. 34:14; Иса. 40:28; 1. Кор. 13:4, 7; 1. Тим. 2:4.)