Стрпливоста — одлика на нашата служба
1. Како Јехова покажал стрпливост со луѓето?
1 Јехова отсекогаш бил многу стрплив со луѓето (2. Мој. 34:6; Пс. 106:41-45; 2. Пет. 3:9). Неговата грижа и стрпливост доаѓаат до израз особено преку меѓународното дело на проповедање. И покрај тоа што речиси 2.000 години ги собира искрените луѓе, сѐ уште наоѓа поединци кои ги привлекува кон себе (Јован 6:44). На кој начин можеме да ја покажеме истата стрпливост како Јехова додека ја вршиме нашата служба?
2. Како можеме да покажеме стрпливост кога проповедаме на нашето подрачје?
2 Во службата од куќа до куќа: Иста стрпливост како Јехова покажуваме кога проповедаме „без престан“ на подрачја каде што луѓето сѐ уште не покажале интерес (Дела 5:42). Стрпливо и истрајно проповедаме и кога станарите се рамнодушни, нѐ исмеваат или ни се противат (Мар. 13:12, 13). А кога некој ќе покаже интерес, сакаме да го залееме семето на вистината, и затоа стрпливо настојуваме да го посетиме, иако можеби ретко е дома.
3. Зошто е потребна стрпливост кога правиме повторни посети и кога водиме библиски студии?
3 На библиски студии: За да се одгледа едно растение, потребна е стрпливост. Можеме да го опкопуваме и да го залеваме, но не можеме да го забрзаме неговиот раст (Јак. 5:7). Исто толку постепено се одвива духовниот раст (Мар. 4:28). На лицата со кои ја проучуваме Библијата можеби им паѓа тешко да ги остават небиблиските верувања и обичаи. Не треба да се обидуваме да го забрзаме нивниот духовен раст така што ќе им вршиме притисок да направат промени. Треба стрпливо да чекаме доволно долго за Божјиот дух да влијае врз нивното срце (1. Кор. 3:6, 7).
4. Како стрпливоста може да ни помогне да им сведочиме делотворно на своите роднини?
4 Со роднини кои не се Сведоци: Иако многу сакаме нашите роднини да ја дознаат вистината, стрпливо го чекаме вистинското време да зборуваме со нив за нашите верувања. А кога им сведочиме, се трудиме да не ги преплавиме со информации (Проп. 3:1, 7). Во меѓувреме, сведочиме со својот добар пример и ја чекаме следната прилика кога ќе можеме благо и со длабока почит да им кажеме нешто за својата вера (1. Пет. 3:1, 15). Нема сомнение, ако сме стрпливи, ќе бидеме поделотворни во службата и ќе го радуваме нашиот небесен Татко.