ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lmd лекција 2
  • Природност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Природност
  • Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што направил Филип?
  • Што учиме од Филип?
  • Следи го примерот на Филип
  • Филип — ревносен евангелизатор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Стани повешт во службата — Започни разговор со цел да сведочиш неформално
    Нашата служба за Царството 2014
  • Искрен интерес
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Се објавува „добрата вест за Исус“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
Повеќе
Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
lmd лекција 2

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

Проповедникот Филип разговара со еден Етиопјанин кој чита од еден свиток додека се вози во кочија.

Дела 8:30, 31

ЛЕКЦИЈА 2

Природност

Начело: „Збор кажан во право време — колку е добар!“ (Изр. 15:23)

Што направил Филип?

Проповедникот Филип разговара со еден Етиопјанин кој чита од еден свиток додека се вози во кочија.

ВИДЕОКЛИП: Филип му проповеда на етиопскиот дворјанин

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 8:30, 31. Потоа размисли за следниве прашања:

  1. а) Како Филип го започнал разговорот?

  2. б) Зошто ова било природен начин да го започне разговорот и да му пренесе една нова вистина на дворјанинот?

Што учиме од Филип?

2. Ако дозволиме разговорот да тече природно, поголема е веројатноста дека лицето ќе биде опуштено и дека ќе сака да разговара за нашата порака.

Следи го примерот на Филип

3. Набљудувај. Изразите на лицето и говорот на телото може многу да ни откријат. Дали имаш впечаток дека лицето сака да разговара со тебе? Би можел да почнеш да зборуваш за некоја библиска вистина така што едноставно ќе го прашаш: „Дали си знаел дека...?“ Немој со сила да зборуваш со некој што не сака да разговара.

4. Биди стрплив. Немој да мислиш дека треба веднаш да почнеш да зборуваш за нешто од Библијата. Чекај го вистинскиот момент за тоа за да биде природно. Понекогаш, тоа можеби ќе значи дека ќе треба да чекаш до следниот разговор со лицето.

5. Биди приспособлив. Разговорот може да тргне во неочекуван правец. Затоа, биди спремен да спомнеш нешто што му е важно на лицето, дури и ако тоа значи дека нема да зборуваш за она што ти си го имал на ум.

ПРОЧИТАЈ И:

Проп. 3:1, 7; 1. Кор. 9:22; 2. Кор. 2:17; Кол. 4:6

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели