Стани повешт во службата — Започни разговор со цел да сведочиш неформално
Зошто е важно: Додека проповедаме од куќа до куќа, честопати не можеме да ги најдеме луѓето дома. Сепак, би можеле да им посведочиме кога користиме јавен превоз, додека сме во чекална во болница, додека сме на пауза на работа или на голем одмор на училиште, и слично. Јехова сака да им даде можност на сите луѓе да ја слушнат пораката за Царството (1. Тим. 2:3, 4). За да посведочиме, честопати ние треба да го направиме првиот чекор и да започнеме разговор.
Предлог за месецот:
Секоја седмица труди се да започнеш најмалку еден разговор со цел да сведочиш неформално.