ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lmd лекција 11
  • Едноставност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едноставност
  • Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што направил Исус?
  • Што учиме од Исус?
  • Следи го примерот на Исус
  • Помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како да водиш библиски курсеви со помош на „Радувај му се на животот засекогаш“
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Обрни внимание како поучуваш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Достигни го срцето на својот библиски ученик
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
lmd лекција 11

ВОДЕЊЕ БИБЛИСКИ КУРСЕВИ

Исус поучува група луѓе во близина на водата. Над нив прелетуваат птици, а околу нив има цвеќиња.

Мат. 6:25-27

ЛЕКЦИЈА 11

Едноставност

Начело: „Ако со јазикот не зборувате разбирливи зборови, како ќе се разбере што зборувате“ (1. Кор. 14:9)

Што направил Исус?

Исус поучува група луѓе во близина на водата. Над нив прелетуваат птици, а околу нив има цвеќиња.

ВИДЕОКЛИП: Исус користи споредба за да објасни како нашиот Татко се грижи за нас

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Матеј 6:25-27. Потоа размисли за следниве прашања:

  1. а) Каква споредба употребил Исус за да покаже дека Јехова се грижи за нас?

  2. б) Иако знаел многу факти за птиците, на кој едноставен детаљ се концентрирал Исус? Зошто тоа било добар начин на поучување?

Што учиме од Исус?

2. Кога поучуваме на едноставен начин, луѓето ќе го запомнат она што го учат и тоа ќе допре до нивното срце.

Следи го примерот на Исус

3. Немој премногу да зборуваш. Наместо да кажеш сѐ што знаеш за одредена тема, концентрирај се на материјалот во публикацијата која ја проучувате. Откако ќе поставиш прашање, стрпливо чекај интересентот да одговори. Доколку не го знае одговорот на прашањето или каже нешто што не е во склад со библиските учења, постави му дополнителни прашања за да му помогнеш да дојде до исправен заклучок. Кога интересентот ќе ја разбере главната поента, продолжи понатаму.

4. Помогни му на интересентот да ги поврзе новите работи што ги учи со она што веќе го знае. На пример, пред да ја проучувате лекцијата за воскресението, накратко повторете за состојбата на мртвите за да видиш што веќе научил.

5. Внимателно избирај ги споредбите. Пред да користиш некоја споредба, прашај се:

  1. а) „Дали споредбата е едноставна?“

  2. б) „Дали интересентот лесно ќе ја разбере?“

  3. в) „Дали таа ќе му помогне да ја запомни поуката или ќе ја запомни само споредбата?“

ПРОЧИТАЈ И:

Мат. 11:25; Јован 16:12; 1. Кор. 2:1

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели