ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/1 стр. 4-7
  • Сеопшта радост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сеопшта радост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ”Радост која никој не може да ни ја одземе“
  • ”До најоддалечените делови на Земјата“
  • ”Имајте љубов меѓу себе“
  • Мирољубив народ
  • ”Ти ја виде мојата неволја“
  • Служи му на Јехова со радосно срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Бидете исполнети со радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Радоста Јеховина е наша тврдина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Служи му на Јехова со радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/1 стр. 4-7

Сеопшта радост

”ГЛЕДАЈ! Моите слуги радосно ќе воскликнуваат поради добрата состојба на срцето.“ (Исаија 65:14). Така рекол Јехова преку својот пророк Исаија, и какво величествено исполнување имаат неговите зборови меѓу Јеховините сведоци! Откаде доаѓа оваа радост на срцето? Од нивното обединето обожавање на Јехова Бог. Тој е ”среќен Бог“, и оние кои го обожаваат се ”радосни во Јехова“ (1. Тимотеј 1:11; Захарија 10:7). Оваа радосна побожност ги обединува во еден народ, така што заедно ја проповедаат добрата вест за Царството и создаваат сеопшт восклик на фалба до нивниот Бог (Откровение 7:9, 10).

”Радост која никој не може да ни ја одземе“

Навистина, објавувањето на Божјето име и Царството претставува извор на постојана радост за Јеховините сведоци (Марко 13:10). Тие реагираат на зборовите од Псалмистот: ”Фалете се со неговото свето име. Нека се радува срцето на оние кои го бараат Јехова.“ (Псалми 105:3).

Честопати совладуваат препреки за да го прават тоа. Во Шпанија, Исидоро му се предал на Јехова и сакал да им зборува на другите за Него. Но тој бил возач на камион со многу малку слободно време, ноќе возел, а преку ден спиел. Исидоро сакал да им сведочи на другите камионџии, но како можел да го стори тоа?

Во својот камион поставил ЦБ (citizens band) радиостаница која можел да ја употребува да зборува со другите возачи. Набргу открил еден малку употребуван канал, 13, и решил да го искористи. Секако, кога во почетокот им предложил на другите камионџии да зборуваат за Библијата преку ЦБ-радиостаницата, одговорот бил сосема негативен. Но, некои слушале. Речта се ширела, и сѐ повеќе и повеќе од овие шпански возачи се вклучувале на каналот 13. Најпосле, Исидоро дознал дека барем еден од нив презема чекори да го продолжи своето проучување на Библијата.

Во Италија некој човек чул за Јеховините сведоци во еден разговор што го водел во автобус. Неговата сопруга ги запознала преку една пријателка. Обајцата ја студирале Библијата и биле нестрпливи она што го научиле да го споделат со другите. Биле толку ревни што мажот го одбил унапредувањето во својата фирма, а жената ја напуштила добро платената работа, за да можат да поминат повеќе време во пренесувањето на добрата вест за Царството на другите. Дали се исплатил трудот? Да. Мажот вели: ”Откако дојдовме до спознание на вистината, мојата сопруга и јас ја имавме радоста да им помогнеме на 20 лица да дојдат до точно сознание за Божјата намера. Навечер кога се враќам од Јеховината служба, си легнувам навистина уморен. Но среќен сум, и му благодарам на Јехова што ми дал радост којашто никој не може да ми ја одземе.“

”До најоддалечените делови на Земјата“

Оние од Божјиот радосен народ покажуваат слична ревност каде и да се наоѓаат, дури и во ”најоддалечените делови на Земјата“ (Дела на апостолите 1:8). Само неколку места се пооддалечени од северниот Гренланд. Сепак, дури и таму, на 320 километри северно од арктичкиот поларен круг, се наоѓа малото собрание во Илулисат, кое се состои од 19 луѓе. Тие ја проповедаат истата добра вест како и споменатиот италијански брачен пар, и минатата година беа одушевени да ги видат седуммината Гренланѓани кои се крстија во знак на нивно предание на Јехова.

Многу илјади километри од Гренланд, на суптропскиот остров Маврициус во Индискиот Океан, Енџини ја имала истата радост. Во почетокот ѝ било тешко на Енџини. На Маврициус посетувањето на христијанските состаноци и јавното проповедање за Бог не се сметаат прикладни за една немажена девојка од Хинду индиско потекло. Но Енџини не попуштила. Сега, после девет години откако тргнала по христијанскиот пат, некои од нејзините роднини исто така ја студираат Библијата.

Во врска со Енџини треба да го споменеме Емилио, кој живее на другата страна од светот, во Хондурас. Емилио ги слушнал колегите на работа како дискутираат за Библијата и ги замолил да се вклучи и тој. Не знаел да чита, но радо слушал кога читале библиски стихови. Кога христијанската вистина допрела до неговото срце, Емилио прекинал со својот неморален начин на живот и престанал да пие прекумерно. Јеховините сведоци го научиле да чита и пишува, и сега е објавител во Божјиот радосен народ.

Илјадници километри северозападно од Хондурас, една Ескимо мајка од Аљаска ја запознала истата христијанска вистина. Оваа жена живеела во едно многу изолирано село, а единствените контакти со Јеховините сведоци биле преку пошта. Така и студирала преку писма, поставувала прашања преку писма, а она што го знае сега ревно го дели со своите соседи. Би можеле скоро до бескрај да набројуваме примери како што се овие. Насекаде по Земјината топка, кротките доаѓаат ”да му служат на Јехова со радост“ (Псалм 100:2).

”Имајте љубов меѓу себе“

Она што ги привлекува сите овие луѓе е љубовта која постои во Божјиот радосен народ. Исус рекол: ”По тоа ќе знаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“ (Јован 13:35). Христијанската љубов се гледа во секојдневниот живот на овие вистински христијани, особено во време на несреќи.

За жал, во една африканска земја активноста на Јеховините сведоци ненадејно била забранета, а била голема суша. Умреле десет илјади луѓе, а цели стада говеда пцовисале. Како преживеале Сведоците? Така што јаделе корења од растенија и готвеле семки од авокадо! Но нивната тешка состојба била возбудливо олеснета кога, со Божја помош, Сведоците од други земји неочекувано добиле дозвола да испратат 25 тони средства за помош. Навистина, и покрај забраната, овие продукти биле ставени под воена придружба за да се осигура нивното сигурно врачување!

Навистина, овие африкански Сведоци биле пресреќни што можеле да го осетат тој доказ на љубов од своите браќа кога го доживеале исполнувањето на зборовите од Исаија: ”Гледај! Раката Јеховина не беше прекратка да не може да спасува, ниту неговото уво е претврдо за да не може да чуе“ (Исаија 59:1).

Мирољубив народ

Кротките луѓе се исто така привлечени кон Божјиот радосен народ, затоа што неговите членови ги имаат напуштено воените патишта на овој свет и ги ’прековале своите мечови во плугови.‘ (Исаија 2:4). Во Ел Салвадор куќата на еден поранешен офицер била полна со предмети и одликувања од времето на неговата воена кариера. Но кога почнал да ја студира Библијата со Јеховините сведоци, почнал да развива мирољубиви интереси. Конечно, ја исчистил својата куќа од сѐ што имало врска со војната и ревно го прифатил делото на проповедање.

Кога антивладините сили го зазеле неговото село, тој бил ставен в затвор — очигледно некој го поткажал како поранешно воено лице. Сепак, тој објаснил дека повеќе не е војник, туку Јеховин сведок. Превратниците го обвиниле дека држи оружје во куќата, но пребарувањето се покажало залудно. Тогаш еден од превратниците ги прашал соседите за него. Вообичаен коментар бил: ”Тој само оди горе-долу по улицата и проповеда за Библијата секој ден.“ Човекот бил ослободен. Без сомнение, неговата ревност му послужила да си го спаси животот.

Еден извештај од една африканска земја зборува за двајца војници кои ја студирале Библијата со Јеховините сведоци. Едниот служел во владината војска, а другиот се борел на страната на бунтовниците. Најпосле, обајцата решиле да ”ги прековаат своите мечови во плугови“ и поднеле оставка од воената служба. Кога за прв пат посетиле христијански состанок, антивладиниот војник го прашал другиот: ”Што бараш ти овде?“ Овој му одговорил: ”А што бараш ти овде?“ ”Тогаш,“ заклучува извештајот, ”се прегрнале еден со друг и им потекле солзи од радост што можеле заедно да бидат во мир.“ Овие двајца бивши војници, без сомнение го молеле Бог: ”Ослободи ме од вината за крв, о Боже, ти Богу на моето спасение, за да мојот јазик радосно ја објави твојата праведност.“ (Псалми 51:14).

”Ти ја виде мојата неволја“

”Ќе ликувам и ќе се радувам во твојата љубезна доброта, бидејќи ти ја виде мојата неволја, ти знаеш за маките на мојата душа.“ (Псалми 31:7). Така се молел псалмистот, а многумина денес се радосни, бидејќи Божјата реч им помага да излезат на крај со своите неволји. Во Франција една жена-Јеховин сведок води студија со една жена која боледува од шизофренија. Оваа жена била некое време под психијатриска терапија, но тоа не помогнало. Една недела откако почнала со својата студија, психијатарот прашал: ”Дали навистина го разбираш она што оваа жена ти објаснува од Библијата?“ Така, следната недела сестрата отишла во неговата канцеларија и ја проучувала Библијата со таа жена во негово присуство.

По студијата, психијатарот ѝ рекол на нашата сестра: ”Веќе со години се интересирам за религиите на моите пациенти, но забележав дека ниедна религија не пружила вистинска поддршка. Сепак во вашиот случај работите стојат поинаку. Госпоѓа П. доаѓа двапати неделно на консултации и ме плаќа за тоа. Но, со вашата библиска поука и добрите совети вие правите подобро, и тоа бесплатно. Таа добро напредува. Продолжете така, а јас ви ја ветувам својата полна соработка ако некогаш ви затреба.“

Библијата вели: ”Среќен е народот кој го познава радосното ликување. О Јехова, во светлината на твоето лице продолжуваат да одат. Во твоето име се веселат цел ден“ (Псалми 89:15, 16). Секој од Јеховините сведоци знае дека овој псалм е точен. Од нивните усти се шири општиот радосен повик на слава на Јехова. Сѐ повеќе и повеќе луѓе излегуваат од сите народи за да заедно со нив го слават Бога. Зошто не им се придружиш и ја доживееш лично таа радост?

[Слика на страница 7]

Јеховините сведоци во Источна Европа сега ѝ се радуваат на својата нова слобода што можат да ја добиваат и проучуваат ”Стражарска кула“ на своите јазици

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели