ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/1 стр. 22
  • Биди спремен за Јеховиниот ден!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди спремен за Јеховиниот ден!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пофалба и охрабрување
  • Остани духовно буден!
  • Бидете подготвени за Јеховиниот ден
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • ”Не престанувајте да го правите она што е право“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како нѐ штити Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Надежта — животоважна заштита во безнадежен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/1 стр. 22

Биди спремен за Јеховиниот ден!

Врвни точки од Првото писмо до Солунјаните

ЈЕХОВИНИОТ ден! Христијаните во стариот Солун мислеле дека е близу. Дали биле во право? Кога би требало да дојде? Тоа било клучното прашање нагласено во првото писмо до Солунјаните од апостол Павле, испратено од Коринт околу 50. година н. е.

Павле и Сила основале собрание во Солун, административно седиште на римската провинција Македонија (Дела на апостолите 17:1-4). Во своето прво писмо до Солунјаните, Павле подоцна изразил пофалба, дал предупредување и расправал за Јеховиниот ден. И ние исто така можеме да извлечеме корист од тоа писмо, особено затоа што Јеховиниот ден сега е така близу.

Пофалба и охрабрување

Павле прво ги пофалил Солунјаните (1Со 1:1-10). Пофалбата била прикладна поради нивната верна работа и истрајност. Исто така, било пофално и тоа што ”ја примиле речта низ многу неволји со радост на светиот дух“. Дали ги пофалуваш другите како Павле?

Апостолот оставил добар пример (2:1-12). И покрај навредливата постапка во Филипи, тој ”собрал храброст со Божја помош да им ја говори добрата вест“ на Солунјаните. Избегнувал ласкање, лакомост и барање на слава. Павле не им бил скап товар, туку бил нежен со нив како што е мајката хранителка со своите деца. Каков прекрасен пример за старешините денес!

Следните Павлови зборови ги охрабриле Солунјаните да останат цврсти кога се прогонувани (2:13–3:13). Тие поднеле прогонство од страна на своите земјаци и Тимотеј можел да му донесе на Павле добар извештај за нивната духовна состојба. Апостолот молел да изобилуваат со љубов и нивните срца да бидат цврсти. Слично на тоа, Јеховините сведоци сега се молат за прогонетите соверници, ги охрабруваат кога можат и се радуваат на извештаите за нивната верност.

Остани духовно буден!

Солунјаните потоа примиле совет (4:1-18). Тие требало уште во уште поголема мерка да одат по патот кој му е угоден на Бога, покажувајќи повеќе братска љубов и работејќи со своите раце за задоволување на сопствените потреби. Дури и повеќе од тоа, требало да се тешат еден со друг во надеж дека при Исусовата присутност, со дух родените верници, оние кои умреле, ќе бидат дигнати први и ќе бидат обединети со него. Подоцна, преживеаните помазаници при својата смрт и воскресение ќе му се придружат на Христос и на оние кои веќе биле воскреснати во небески живот.

Павле понатаму расправа за Јеховиниот ден и дава натамошен совет (5:1-28). Јеховиниот ден доаѓал како крадец, со ненадејно уништување сигурно после повикот: ”Мир и безбедност!“. Значи, Солунјаните требало да останат духовно будни, штитејќи се со градниот оклоп на верата и љубовта и надежта во спасение како шлем. Тие требало да имаат длабоко почитување спрема оние кои претседаваат во собранието и треба да се воздржуваат од злото, како што мораме и ние.

Павловото прво писмо до Солунјаните би требало да нѐ поттикне да ги пофалуваме и охрабруваме нашите браќа во верата. Исто така би требало да нѐ поттикне да бидеме примерни во однесувањето и ставот. И сигурно дека неговиот совет може да ни помогне да бидеме подготвени за Јеховиниот ден.

[Рамка/слика на страница 22]

Градниот оклоп и шлемот: Поттикнувајќи на духовна будност, Павле напишал: ”Да бидеме трезни; ’да се облечеме во оклопот‘, т. е. верата и љубовта и во спасоносната надеж како ’шлем‘“ (1. Солунјаните 5:8, Ст). Оклопот бил граден заштитник на војникот, составен од лушпи, окови или цврст метал. Слично на тоа, градниот оклоп на верата нѐ штити духовно. А што е со древниот шлем? Честопати бил изработуван од метал и служел како воено покривало за главата, конструиран така да ги штити борецот во текот на битката. Како што шлемот ја штител главата на борецот, така и надежта во спасение ги штити мисловните сили и на тој начин му овозможува на христијанинот да ја одржи беспрекорноста. Колку е важно за Јеховиниот народ да ја носи таквата духовна опрема! (Ефесјаните 6:11-17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели