Чист јазик за сите народи
”Тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик, за да сите го привикуваат името Јеховино и му служат рамо до рамо“ (СОФОНИЈА 3:9, NW).
1, 2. (а) Што прави Јехова во наше време со кое се исполнува Софонија 3:9? (б) Кои прашања треба да се одговорат за да се разбере како пророштвото од Софонија делува на нас?
ЈЕХОВА БОГ во наше време извршува едно навистина прекрасно дело. Тој обединува луѓе од сите нации. Како што одамна претскажал во својата Света Реч, тоа го прави на тој начин што ги учи еден нов јазик (Софонија 3:9, NW).
2 Каков е тој јазик? Зошто е потребен? Што бара учењето на тој јазик од секого од нас лично?
Дарот на говор
3. (а) Со каков прекрасен дар бил обдарен Адам? (б) Кој бил јазикот на кој зборувал Адам?
3 Способноста за комуницирање со помош на говорот е божествен дар кој го издвојува човечкиот вид од сите животински суштества. Првиот човек, Адам, бил создаден со ум способен за интелигентно размислување. Бил обдарен со гласни жици, јазик и усни кои можеле да се употребат за говор, како и речник и способност за создавање на нови зборови. Адам разбирал кога Јехова му зборувал, а Адам пак можел мислите да ги претвори во зборови (1. Мојсеева 1:28-30; 2:16, 17, 19-23). Јазикот кој му бил даден на Адам очигледно бил оној кој подоцна е познат како хебрејски. Се чини дека во текот на барем 1 757 години од човековото постоење, очигледно целокупното човештво продолжило да го зборува тој ист јазик (1. Мојсеева 11:1).
4. Како настаните во времето на Немрод влијаеле на човечкиот јазик?
4 Меѓутоа, во деновите на Немрод, за да ги спречи напорите на злобните луѓе, Јехова го побркал јазикот на сите оние кои си допуштиле организирано да учествуваат во градењето на кулата во Вавилон (1. Мојсеева 11:3-9). Изгледа дека Јехова најпрвин го избришал сето сеќавање за нивниот поранешен заеднички јазик и тогаш вовел нови јазици во нивниот ум. Ова вклучувало не само нови вокабулари, туку и нови граматики и нови начини на размислување. Од јазиците кои Јехова ги создал во Вавилон, постепено почнале да се развиваат и други, така што според јазичните институти, денес се зборуваат околу три илјади јазици ширум земјата.
5. Како можеме да одредиме што вклучува ’промената на јазикот во чист јазик‘?
5 Дали за луѓето кои ги зборуваат сите овие јазици, ’промената во еден чист јазик‘ бара да го остават својот мајчин јазик и да го учат првобитниот јазик којшто Бог му го дал на Адам? Околностите кои постоеле во времето кога било дадено ова пророштво помаагат да се одговори на тоа прашање.
Потреба од чист јазик
6-8. (а) Каква религиозна ситуација се развила во Јудеја пред да се даде пророштвото од Софонија 3:9? (б) Каков став преовладувал кај народите околу Јудеја?
6 Со јудејското царство најпрвин владеел Манасија, а потоа Амон, кои му поставиле олтари на Баал, вовеле пророкување и негувале спиритистички обичаи (2. Царевите 21:1-6; 2. Дневници 33:21-23, NW). Како резултат на тоа, во текот на владеењето на Амоновиот син и наследник, Јосија, Јехова му дал налог на својот пророк Софонија да ги предупреди дека ќе биде извршен божествен суд врз земјата (Софонија 1:1, 2).
7 И покрај тоа што Јудејците знаеле од сопствената историја и од инспирираното Писмо дека Јехова е вистинскиот Бог, се впуштиле во неморални обичаи при обожавањето на Баал. Им се клањале на сонцето, на месечината и на соѕвезведијата од зодијакот, што претставувало директно кршење на Божјиот закон (5. Мојсеева 4:19; 2. Царевите 23:5, NW). На сето тоа, учетвувале и во еден облик на меѓуверство, однесувајќи се како да сите религии се еднакви, давајќи заклетви како на Јехова така и на името на лажниот бог Малкам. Нивниот став бил дека ”Јехова не прави добро, и дека не прави лошо“ (Софонија 1:4-6, 12, NW). Што се однесува до народите околу Јудеја, било познато дека постапуваат спротивно на Јехова и неговиот народ, па така и тие биле на ред да примат божествено извршување на правдата (Софонија 2:4-15).
8 Со оглед на ваквата позадина на настаните, Јехова прорекол дека ќе ’го промени јазикот на народите во чист јазик, за да сите го привикуваат името Јеховино и му служат рамо до рамо‘ (Софонија 3:9, NW). Тогаш, кој е тој чист јазик?
9. (а) Зошто чистиот јазик не е хебрејскиот или само пишаната Божја Реч? (б) Кој е тој чист јазик и како влијае на животот на оние коишто го зборуваат?
9 Дали тоа е хебрејскиот јазик? Не, луѓето од Јудеја веќе го имале тој јазик, но она што тие го зборувале и правеле очигледно не било чисто и праведно во Јеховини очи. Исто така, чистиот јазик не е само пишаната Божја Реч. И тоа го имале. Она што им било потребно било исправното разбирање на вистината за Бог и неговите намери, и само Јехова можел да им го овозможи тоа преку својот дух. Кога би научиле да го зборуваат тој чист јазик, нивното размислување, нивниот говор и нивното однесување би се сосредоточило на признавањето на фактот дека Јехова е единствениот вистински Бог (Софонија 2:3). Би ја ставиле својата доверба во него и би пружиле потполна поддршка на неговиот суверенитет. Тоа е од посебен интерес за нас денес. Зошто?
Оние на кои им е даден чистиот јазик
10. Во текот на кој временски период требало да се исполни пророштвото од Софонија 3:9?
10 Укажувајќи на исполнување на пророштвото во еден посебен период на времето, Софонија 3:9 (NW) вели: ”Зашто тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик“. Кога е тоа? Во 8-иот стих одговорот гласи дека тоа ќе биде во времето кога Јехова ’ќе ги собере народите‘, пред да ја ’излие врз нив жестината на својот гнев‘, тогаш на кротките на Земјата ќе им го промени јазикот во чист јазик.
11. (а) Кои две исполнувања ги имал Софонија 3:9 пред современото доба? (б) Како се разликува неговото исполнување денес?
11 Во времето на царот Јосија, пред Јехова да им дозволи на вавилонските војски да извршат осуда, многумина го напуштиле лажното обожавање, и наместо тоа, му служеле на Јехова (2. Дневници 34:3-33, NW). Повторно, во првиот век од н. е., пред Ерусалим да биде уништен од Римјаните, илјадници луѓе ја научиле вистината за Бог и неговите намери и биле обединети во неговата служба. Во тоа време, јазикот на вистината во значителна мера бил збогатен преку делата што Исус Христос ги правел при исполнувањето на Јеховината намера. Но, во наше време, пророштвото на Софонија се исполнува во светски обем. Сите народи се собираат за војна во големиот ден на Семоќниот Бог во Армагедон (Откровение 16:14, 16). Собирањето се врши од раѓањето на Царството во 1914. Во текот на тој ист временски период, ширум светот Јехова го променува јазикот на народите во чист јазик при исполнувањето на ова пророштво. Учењето на овој јазик е од животна важност поради тоа што преживеаните во претстојната голема неволја ќе бидат луѓе кои чистиот јазик го направиле навистина свој јазик (Јоил 2:32, NW).
12. (а) Како визијата запишана во Исаија 6. поглавје се однесува на пророштвото во врска со чистиот јазик? (б) Зошто на помазаниот остаток му требала помош ако сакал и понатаму да биде прикладен за Јеховината служба?
12 Во согласност со тоа, рано на почетокот од ерата, по Првата светска војна, Јехова започнал да им ги отвора очите на спознанието на своите помазани слуги за прекрасната визија запишана во 6. поглавје од Исаија (1.-4. стих). Оваа визија ја нагласува важноста да имаме чисти усни за да му служиме на Јехова на прифатлив начин. Ова покажува дека Јехова е свет во суперлативна смисла. Неговите слуги исто така мораат да ја одразуваат таа особина (1. Петрово 1:15, 16). На помазаниот остаток му била потребна помош во овој поглед. Во текот на Првата светска војна, тие во одредена мерка дозволиле да бидат извалкани со вплетканоста во работите на светот. ”Стравот од Јехова е чист“, но сепак дозволиле стравот од луѓето и од човечките организации да делува на нивните усни, со што во голема мерка го пригушиле објавувањето на Божјата Реч (Псалми 19:9, NW). Преку контактот со т. н. христијанство, остатокот сѐ уште се валкал во некои од неговите традиции и обичаи.
13, 14. (а) Како остатокот покажал исправен став, и што сторил Јехова во нивна корист? (б) На кој начин Јехова му дал на остатокот чист јазик?
13 Увидувајќи ја својата ситуација, остатокот рекол како пророкот Исаија: ”Тешко мене! Зашто сум како замолчен, бидејќи сум човек со нечисти усни, и живеам меѓу народ со нечисти усни; зашто очите мои го видоа Царот, самиот Јехова над војските!“ (Исаија 6:5, NW). Тие увиделе дека нивната положба е неприфатлива. Не продолжиле упорно по погрешениот пат и не го одбиле тврдоглаво Јеховинот укор. Не му се придружиле на свештенството кога му служело на Божјето Царство само со уста, а потоа ја одобрило Лигата на народите како таа да била тоа Царство.
14 Поради покајничкиот став на тој понизен остаток, Јехова во својата незаслужена доброта продолжил да ги прочистува нивните усни. Во Исаија 6:6, 7 пишува: ”Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот, се допре до устата моја и ми рече: ’Ете, тоа се допре до устата твоја — и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти‘“. Тоа била прочистувачката порака на Божјата Реч која како со оган ги уништила традициите и учењата на луѓето. Од нивните срца го исчистила стравот од луѓето и го заменила со една горлива ревност за да ги употребат своите усни да му оддадат чест на Јехова. Значи, Јехова го исполнил ветувањето дека ’ќе го промени јазикот на народите во чист јазик [буквално: чисти усни], за да сите го привикуваат името Јеховино“ (Софонија 3:9, NW).
15. Како одговорот на остатокот бил во склад со причината поради која Јехова му го дал чистиот јазик?
15 Кога класата на Исаија од современото доба почнала да го слуша гласот на Јехова, кој, како што стои во Исаија 6:8 (NW), прашува: ”Кого да го испратам и кој ќе отиде за нас?“, тие од радост одговориле: ”Еве ме мене, испрати ме мене!“ На сите нив не им било лесно да почнат со јавната служба, но сакале да бидат употребени од Бог како народ за негово име. Неговиот дух ги зајакнувал. Нивниот број растел.
16. (а) Какви неочекувани резултати донело проповедањето на остатокот? (б) Како големото мноштво дава докази дека и тие сега го зборуваат чистиот јазик?
16 Со текот на времето почнало да станува очигледно дека нивното проповедање донело неочекувани резултати. Преку нив, Јехова ѝ помогнал на една друга група да го научи чистиот јазик (Исаија 55:5, NW). Тие не ја делеле со нив истата надеж за небесен живот, но сметале за привилегија да бидат придружници на остатокот од наследници на Царството и да служат рамо до рамо со нив како објавители на Божјето Царство. Напредувајќи, тие дошле од ’сите племиња и колена, народи и јазици‘ и сега сочинуваат ’големо мноштво‘ кое брои на милиони. Говорот кој излегува од нивните усни не е како оној со кој се карактеризираат разединувачките елементи од светот. Не ја полагаат својата надеж во човекот или во некоја човечка организација. Наместо тоа, ”продолжуваат да извикуваат со силен глас, велејќи: ’Спасението му го должиме на нашиот Бог, кој седи на престолот, и на Јагнето‘“ (Откровение 7:9, 10, NW).
Што бара од нас учењето на јазикот
17. Зошто е важно добро да го научиме чистиот јазик и да ја подобриме способноста на употребување?
17 Без разлика колку долго сме поврзани со Јеховината организација, можеме многу да сториме за да го подобриме нашето знаење за чистиот јазик и нашата способност добро да го употребуваме. Важно е да вложиме труд за тоа. Зошто? Бидејќи тоа е е доказ за нашата љубов спрема вистината.
18, 19. (а) Зошто е важно да се негува љубовта кон вистината од самиот почеток? (б) Зошто е важно да продолжиме да ја негуваме таа љубов?
18 На почетокот, таквата љубов му помага на поединецот да го отвори умот и срцето за да може да ги разбере цитатите на кои мус е укажува; го мотивира да му се приближи на Јехова и да ја цени Неговата организација. Значи, љубовта кон вистината е клуч за ослободување од канџите на лажната религија. Некои луѓе пројавуваат интерес за библиската порака, но никогаш не се ослободуваат вистински од ”привезоците“ на лажната религија и нејзиниот слободен начин на живеење. Зошто не? Како што се објаснува во 2. Солунјаните 2:10, тие не ја ”прифатиле љубовта кон вистината за да се спасат“. Колку е животоважно да ја имаме тавата љубов!
19 Откако сме ја прифатиле вистината, негувањето на љубовта е главниот фактор во нашиот духовен развој. Задржи на ум дека Јехова ја означува вистината како свој ’јазик‘. Кога некој учи нов јазик, мора да вложи марлив труд да го изгради својот речник, исправно да ги изговара зборовите, да ги учи поединостите на граматиката и слично. Љубовта кон новиот јазик и кон луѓето коишто го зборуваат тој јазик ќе му помогне да напредува. Можеби за неколку месеци ќе може да го зборува јазикот до одредена мера, но потребни се години на совесни напрегања додека го совлада така како да му е мајчин јазик. Ист таков труд е потребен да се совлада и чистиот јазик.
20. (а) Што го прави чистиот јазик навистина чист? (б) Зошто е потребна голема грижа од секој од нас?
20 Особено е вредно да се забележи дека јазикот кој Бог им го дава на своите слуги е чист. Тоа не е поради граматичката конструкција, туку затоа што сведочи за морална и духовна чистота. Овој јазик не допушта никаква лага, измама или препреден јазик. Оние кои го зборуваат овој јазик мораат секогаш да ја зборуваат вистината (Софонија 3:13; Ефесјаните 4:25). Нивниот говор мора исто така да ги одразува Јеховините високи мерила во врска со полниот морал (Ефесјаните 5:3, 4). Писмото исто така нѐ прави свесни дека сѐ што е поврзано со Големиот Вавилон, светското царство на лажна религија, е нечисто (Откровение 18:2-4). Сликите на неговите богови се наречени ’гадни идоли‘ (Еремија 50:2, NW). Затоа, оние кои го учат чистиот јазик атмора да се ослободат од материјалните остатоци на лажното обожавање, да ги отфрлат неговите учења, да се ослободат од неговите празници и да ги отстранат од својот речник она што го изразува неговото погрешно размислување. Освен тоа, во Откровение 16:13-16 ни се дава до знаење дека пропагандата којашто ги собира народите против Божјето Царство е исто така нечиста, инспирирана од демони. Затоа треба да бидеме будни, да не дозволиме некои од овие нечисти работи да го заразат нашиот говор.
21. Што постои уште во чистиот јазик освен изговорените зборови?
21 Она што ние го учиме се нарекува јазик, и тоа е прикладно, но тоа не значи дека оние кои го зборуваат, само учат како да употребуваат одредени изрази кои се вообичаени за Јеховиниот народ. Бојата на гласот, изразот на лицето и гестовите се исто така важни. Тие можат да пренесат пораки кои не можат да се искажат со зборови. Често откриваат какви сме навистина одвнатре. Покажуваат дали сме ја искорениле љубомората, расправиите и изливите на гнев, кои спаѓаат во делата на грешното тело. Кога Божјиот дух слободно делува во нашиот живот, неговите плодови ќе се видат по начинот на кој се однесуваме со другите (Галатјаните 5:19-23; Ефесјаните 4:31, 32).
22. Откако добро ќе го научиме чистиот јазик, како влијае тоа на нашето донесување на одлуките?
22 Секој што учеел нов јазик, знае дека е достигната висока точка во развојот кога ќе започне да размислува на новиот јазик, наместо да преведува од својот мајчин јазик. Исто така, кога ја проучуваме вистината, кога сериозно се трудиме да ја применуваме во својот живот и кога редовно зборуваме за тоа со другите, постепено откриваме дека размислуваме со зборовите на вистината. Не го споредуваме секогаш старото со новото мачејќи се да направиме избор. Дури и во малите работи, библиските начела ни доаѓаат на ум и ни даваат потребно водство (Изреките 4:1-12).
23. Што покажува дека сите Јеховините сведоци ширум светот зборуваат чист јазик без оглед на нивниот мајчин јазик?
23 Вистина е дека човештвото употребува илјадници јазици, но чистиот јазик може да се изрази на секој од нив. Обединети, ширум светот, Јеховините сведоци добро го употребуваат чистиот јазик додека служат рамо до рамо, давајќи јавно сведоштво кое му донесува чест на Јехова, нашиот љубезен Бог.
Прашања за повторување
◻ Што вклучува дарот на говорот?
◻ Што е чистиот јазик?
◻ На кого се исполнил Софонија 3:9?
◻ Како можеме да докажеме дека навистина го сакаме чистиот јазик?
[Слика на страница 23]
Оние кои го знаат чистиот јазик го споделуваат со другите
[Слика на страница 25]
Без оглед на својот мајчин јазик, Јеховините сведоци ширум светот го зборуваат чистиот јазик