ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/5 стр. 24
  • Јехова обезбедува помош

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова обезбедува помош
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова
    Божјето Царство владее!
  • Спасување од бурата-убиец!
    Разбудете се! 1999
  • Христијанството на дело среде метеж
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поддршка за Царството — градежни проекти и акции за помош
    Божјето Царство владее!
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/5 стр. 24

Објавителите на Царството известуваат

Јехова обезбедува помош

НЕОДАМНА Јеховините сведоци во Јужна Африка примиле вест за очајната состојба на своите духовни браќа во соседната земја каде нивното дело на проповедање е забрането. Им било речено дека поради големата суша, нивните браќа се одржувале во живот јадејќи одредени корења. Исто така им недостасувала соодветна облека, поради што некои Сведоци нерадо оделе во служба на проповедање.

Браќата во Јужна Африка веднаш реагирале. До собранијата на подачјето на Јоханесбург бил упатен повик во врска со потребата од облека. За неколку дена биле подарени три тона облека. Потоа доброволни работници ги сортирале алиштата. Биле направени подготовки да се испратат три тони грав, еден тон масло, еден тон сапун и 17 тони пченкарно брашно. Кога компанијата која ја обезбедила пченката слушнала за неволјата на Сведоците во земјата погодена од суша, подариле повеќе од еден тон од оваа толку потребна храна.

Во понеделник, 16. април 1990, еден камион со товар од 25 тони прехранбени артикли за помош тргнал од Јужна Африка на своето долго патување од 5 500 километри. Меѓутоа, сега требало да се добие дозвола од властите за да помошта помине низ нивната земја погодена од војна.

Властите во конзулатот рекле дека иако Јеховините сведоци не се признати во нивната земја, сепак многу добро знаеле за нивното присуство. И дека не би имале ништо против на нашите браќа да им се испрати прибавената помош. Дозволата била дадена. Биле издадени потребните документи, и во петок, 20. април, Сведоците без проблеми ја преминале границата. Сепак, наишле на повеќе од 30 барикади на патот, каде често требало да ги покажат своите документи. Дури тогаш сфатиле колку биле потребни тие документи.

Откако поминале околу 140 километри во внатрешноста на државата, нивното натамошно напредување било запрено од една голема надојдена река. Првобитниот мост бил уништен, а привремената градба на неговото место не одговарала преку неа да помине голем камион. Меѓутоа, откриле дека помалото возило, кое го придружувало конвојот, можело безбедно да го помине мостот. Било решено да се разделат на две групи. За едната група бил подигнат логор покрај надојдената река, додека другата група го продолжила патот за да се сретне со браќата на 260 километри на север. Колку биле среќни што конечно можеле да воспостават врска со браќата! На смеењето, прегрнувањето и поздравувањето му немало крај. Набргу два локални камиони тргнале на пат да се сретнат со другата група браќа кои чекале покрај реката. Таму прибавената помош била префрлена од големиот камион во два помали.

Добиените извештаи покажуваат длабока благодарност на Јехова за подготовката за материјална помош. Сепак, и покрај физичката неволја, молбите на браќата за духовна храна биле уште посериозни. Едно собрание добило само една Стражарска кула, која морале да ја копираат за секое семејство. Благодарение на Јехова, направени се подготовки да се обезбеди постојан дотек на духовна храна за браќата во таа земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели