ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/5 стр. 10-15
  • Имај ги предвид примерите на долготрпеливост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имај ги предвид примерите на долготрпеливост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Долготрпелив поради своето име
  • Долготрпеливост поради луѓето
  • Исусовиот пример на долготрпеливост
  • Други примери на долготрпеливост
  • Имај го предвид Павловиот пример
  • Јехова е долготрпелив Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • ‚Облечете се во долготрпеливост‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Бидете долготрпеливи спрема сите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Долготрпеливи како Јехова
    Пејте му на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/5 стр. 10-15

Имај ги предвид примерите на долготрпеливост

”Бог (...) со голема долготрпеливост поднесе некои садови на гневот, приготвени за погибел“ (РИМЈАНИТЕ 9:22).

1. (а)Како Божјата инспирирана Реч ни служи за наша корист? (б) Во врска со тоа, зошто овде ја разгледуваме особината долго–трпеливост?

ЈЕХОВА Бог, нашиот Творец, ни ја дал својата инспирирана Реч, Библијата. Таа треба да служи како ’лампа за нашите нозе и видело на нашите патеки‘ (Псалми 119:105, ДК). Божјата Реч исто така ни помага да бидеме потполно опремени ’за секое добро дело‘ (2. Тимотеј 3:16, 17, NW). Еден од начините на кој нѐ опремува е што ни дава прекрасни примери на долготрпеливост. Оваа особина е еден од плодовите на Божјиот дух и е неопходно потребна да стекнеме негово одобрување и за да добро се сложуваме со нашите ближни (Галатјаните 5:22, 23).

2. Кое е значењето на грчкиот збор преведен со ”долготрпеливост“, и кој е најистакнат во покажувањето на таа особина?

2 Грчкиот збор кој се преведува со ”долготрпеливост“ буквално значи ”должина на духот“. Долготрпеливоста е дефинирана како ”онаа особина на самовоздржување која и покрај предизвикувањето не враќа веднаш мило за драго или нагло да казнува“ (Vine’s Expository Dictionary of Old and New Testament Words, од В. Е. Вајн, том 3, стр. 12). Да се биде долготрпелив значи да се покажува самосовладување и да се биде бавен на гнев. Кој е најистакнат пример меѓу оние кои се бавни на гнев, покажувајќи долготрпеливост? Никој друг туку Јехова Бог. Така во 2. Мојсеева 34:6 (NW) читаме дека Јехова е ”Бог полн со милост и милосрден, бавен на гнев и обилен во љубезна приврзаност и вистина“. Всушност, во Библијата уште осум пати се зборува за Јехова дека е ”бавен на гнев“ (4. Мојсеева 14:18; Неемија 9:17; Псалми 86:15; 103:8; 145:8, ДК; Јоил 2:13; Јона 4:2; Наум 1:3).

3. Кои особини објаснуваат дека Јехова е долготрпелив?

3 Да биде долготрпелив, или бавен на гнев, е токму она што би очекувале од Јехова Бог, затоа што е бесконечен во силата и мудроста, совршен во правдата и самото олицетворение на љубовта (5. Мојсеева 32:4; Јов 12:13; Исаија 40:26; 1. Јованово 4:8). Тој има контрола над своите особини, и постојано ги држи во совршена рамнотежа. Што открива неговата Реч за тоа зошто и како покажувал долготрпеливост спрема несовршените луѓе?

Долготрпелив поради своето име

4. Од кои силни причини Бог покажувал долготрпеливост спрема грешниците?

4 Зошто Јехова е долготрпелив? Зошто веднаш не ги казнува грешниците? Не поради незаинтересираност или недостиг на ревност за праведност. Не, туку постојат добри причини зошто Јехова е бавен на гнев и зошто нагло не ги казнува луѓето. Една од причините е за да може да се објави неговото име. Друга причина е таа што било потребно време за да се решат спорните прашања во врска со Божјиот суверенитет и беспрекорноста на човештвото, кои биле поставени со побуната во Еден. Но, уште една причина за Божјата долготрпеливост е што со тоа на грешниците им дава прилика да се поправат.

5, 6. Зошто Јехова покажал долготрпеливост во врска со човековата побуна?

5 Јехова бил долготрпелив во својот начин на постапување со првиот човечки пар во еденската градина. Кога ја прекршиле неговата заповед да не јадат од плодовите на дрвото на знаење на доброто и злото, можел веднаш да ги уништи како и паднатиот ангел кој ја измамил Ева. Без сомнение дека на Јеховиното чувство за праведност и правда било повредено и дека бил лут на тројцата бунтовници. Би бил потполно во право ако ги убил веднаш. Бог го предупредил првиот човек, Адам: ”Освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:17). Истиот ден кога Адам згрешил, Бог ги повикал престапниците на одговорност и изрекол над нив смртна казна. Во правна смисла, Адам и Ева умреле истиот ден. Сепак, нашиот долготрпелив Творец му допуштил на Адам да живее 930 години (1. Мојсеева 5:5).

6 Во овој случај Бог имал добри причини да биде долготрпелив, или бавен на гнев. Да ги убил веднаш тие тројца бунтовници, со тоа не би се одговорило на Ѓаволовото индиректно подбивање дека Јехова Бог не заслужува да биде обожаван и дека не може да има човечки слуги кои ќе ја зачуваат својата беспрекорност спрема него без оглед на околностите. Освен тоа, прашањата како овие би останале без одговор: Кој бил крив што Адам и Ева згрешиле? Дали Јехова веднаш ги создал толку морално слаби што не можеле да се спротивстават на искушението и за да потоа ги казни што не успеале во тоа? Одговорот на сето тоа е видлив од извештајот кој се наоѓа во книгата на Јов, прво и второ поглавје. Со тоа што ѝ дозволил на човечката раса да се намножи, Јехова им дал на луѓето прилики да докажат дека Сатанските обвиненија се лажни.

7. Зошто Јехова не го уништил фараонот веднаш?

7 Кога Јехова го ослободувал својот народ, Израелците, од египетското ропство, уште еднаш докажал дека е долготрпелив. Јехова можел веднаш да го уништи фараонот и неговите воени сили. Меѓутоа, наместо тоа, Бог ги поднесувал уште некое време. Од кои добри причини? Па, со тек на времето фараонот станувал потврдоглав во своето одбивање да им допушти на Израелците да го напуштат Египет како Јеховин слободен народ. Со тоа се покажал дека бил ’сад на гневот‘ кој заслужува уништување поради инатење на Јехова (Римјаните 9:14-24). Сепак, постоела поголема причина зошто Бог во овој случај бил долготрпелив. Преку Мојсеј му рекол на фараонот: ”Оти сега, ако ја пружам Својата рака, ќе те поразам тебе и народот твој со помор, така што ќе се истребите од земјата. А те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата Своја, за да биде проповедано името Мое по целата земја“ (2. Мојсеева 9:15, 16).

8. Од која причина Јехова не ги уништил бунтовните Израелци во пустината?

8 Од добри причини Јехова исто така покажал долготрпеливост кога Израелците се наоѓале во пустината. Колку само ја искушувале Божјата трпеливост кога го обожавале златното теле и кога не покажале вера кога десетте шпиони се вратиле со лошата вест! Бог не ги уништил како свој народ затоа што во тоа биле вклучени неговото име и углед. Да, Јехова покажал долготрпеливост поради своето име (2. Мојсеева 32:10-14; 4. Мојсеева 14:11-20).

Долготрпеливост поради луѓето

9. Зошто Јехова покажал долготрпеливост во деновите на Ное?

9 Јехова бил долготрпелив поради човечкиот род откако Адам им нанел штета на сите свои можни потомци, нанесувајќи им голема неправда со тоа што згрешил. Божјата долготрпеливост овозможила таа неправда да се исправи така што на луѓето кои се каат им дал време да се помират со него (Римјаните 5:8-10). Јехова Бог исто така покажал долготрпеливост спрема луѓето од времето на Ное. Во тоа време ”виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време“ (1. Мојсеева 6:5). Иако Бог можел да ја избрише човечката раса веднаш штом ја забележал таа состојба, одлучил да ѝ стави крај на таа ситуација за 120 години (1. Мојсеева 6:3). Тоа изразување на долготрпеливост му дало време на Ное да добие три сина, тие да пораснат и се оженат, и тоа семејство да ја изгради арката за спасение на своите души и за зачувување на животинските суштества. На тој начин било овозможено да се оствари Божјата првобитна намера со Земјата.

10, 11. Зошто Јехова бил толку долготрпелив со Израелската нација?

10 Друга дефиниција за долготрпеливоста особено се однесува на Божјиот начин на постапување со својот народ. Тоа е ”стрпливото поднесување на неправда или провокација, заедно со одбивањето да се напушти надежта за подобрување на нарушениот однос“ (Insight on the Scriptures, том 2, стр. 262, издадено од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.) Тоа укажува на уште една причина зошто Бог бил долготрпелив спрема Израелците. Тие секогаш одново го оставале Јехова и потпаѓале под ропство на паганските народи. Сепак, покажал долготрпеливост со тоа што ги ослободил Израелците и им дал прилика да се покајат (Книга Судии Израилеви 2:16-20).

11 Повеќето од Израеловите цареви ги наведувале своите поданици на лажно обожавање. Дали Бог веднаш ја отфрлил нацијата? Не, тој не ја изгубил брзо надежта за подобрување на нарушениот однос. Наместо тоа, Јехова бил бавен на гнев. Покажувајќи долготрпеливост, Бог секогаш им пружал прилика да се покајат. Во Втората книга Летописи 36:15, 16 читаме: ”Господ, Бог на нивните татковци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште. Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господа не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.“

12. Каков доказ пружаат Христијанските грчки списи за тоа зошто Јехова е долготрпелив?

12 Христијанските грчки списи исто така даваат доказ дека Јехова покажува долготрпеливост за да му помогне на својот грешен народ. На пример, апостол Павле ги прашува христијаните престапници: ”Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?“ (Римјаните 2:4). За иста цел служат и Петровите зборови: ”Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание“ (2. Петрово 3:9). Крајно е прикладно што ни е речено ”долготрпеливоста на нашиот Господ да ја сметаме како спасение“ (2. Петрово 3:15). Значи, гледаме дека Јехова не е долготрпелив поради сентименталност или попустливост, туку затоа во тоа се вклучени неговото име и намери и затоа што е милосрден и полн со љубов.

Исусовиот пример на долготрпеливост

13. Кој библиски доказ постои дека Исус бил долготрпелив?

13 Веднаш по примерот на долготрпеливост кој го поставил Бог е примерот на неговиот Син, Месијата, Исус Христос. Тој е извонреден пример на самосовладување кој и покрај предизвикувањата не вратил веднаш мило за драго.a Дека Месијата ќе биде долготрпелив прорекол пророкот Исаија со следните зборови: ”Он беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја“ (Исаија 53:7). Вистинитоста на овие зборови ја потврдува изјавата на Петар: ”Кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не заплашуваше, туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди“ (1. Петрово 2:23). Колку само Исусовите ученици го искушувале со своите постојани расправии за тоа кој е најголем! Но, колку тој бил долготрпелив и стрплив со нив! (Марко 9:34; Лука 9:46; 22:24).

14. На што треба да нѐ поттикне Исусовиот пример на долготрпеливост?

14 Ние треба да го следиме Исусовиот пример на долготрпеливост. Павле напишал: ”Истрајно да ја трчаме трката која е поставена пред нас, додека внимателно гледаме на Главниот посредник и Усовршител на нашата вера, Исус. Заради претстојната радост тој претрпе маченички столб, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол. Да, добро посматрајте го оној кој поднесе такво противење од грешниците, на нивна штета, за да не се уморите и да не малаксаат вашите души“ (Евреите 12:1-3, NW).

15. Од каде знаеме дека Исус бил долготрпелив и дека доброволно истрајал во искушенијата?

15 Дека Исус бил долготрпелив и доброволно истрајал во искушенијата може да се види од ставот што го покажал при своето апсење. Откако го укорил Петар затоа што го грабнал мечот да го заштити својот Учител, Исус рекол: ”Или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“ (Матеј 26:51-54; Јован 18:10, 11).

Други примери на долготрпеливост

16. Како Библијата покажува дека Јаковлевиот син, Јосиф, бил долготрпелив?

16 Дури и несовршените, грешни луѓе можат да покажуваат долготрпеливост. Во Хебрејските списи се наоѓаат примери на стрпливо поднесување на неправда од страна на несовршени луѓе. На пример, тука е Јосиф, синот на еврејскиот патријарх Јаков. Колку само стрпливо ги поднесувал неправдите што му ги нанеле неговите полубраќа и Петефриевата жена! (1. Мојсеева 37:18-28; 39:1-20). Јосиф не дозволил овие искушенија да го огорчат. Тоа било очигледно кога на своите браќа им рекол: ”А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да ви го запази животот ваш“ (1. Мојсеева 45:4, 5). Каков прекрасен пример на долготрпеливост поставил Јосиф!

17, 18. Кој доказ на долготрпеливост го имаме во случајот на Давид?

17 Давид е друг пример на верен Јеховин слуга кој стрпливо поднесувал неправди, покажувајќи долготрпеливост. Гонет како куче од страна на царот Саул, Давид во две прилики можел да му се одмазди така што би го убил (Прва книга Царства 24:1-22; 26:1-25). Но, Давид чекал на Бог, како што може да се види од неговите зборови до Абишај: ”Нека го порази Господ, или ќе дојде денот негов, и тој ќе умре, или ќе отиде во војна и ќе загине; а мене да не ми дава Господ да кренам рака врз помазаник Господов“ (Прва книга Самоилова 26:10, 11). Да, Давид можел да му стави крај на своето прогонување од страна на Саул. Наместо тоа, тој одбрал да биде долготрпелив.

18 Исто така, имај предвид што се случило кога царот Давид бегал од својот предавнички син Авесалом. Семеј, Бенјаминовец од Сауловиот род, фрлал камења на Давид и го проколнувал, викајќи: ”Бегај, бегај, ти крвнику и ништожнику!“ Абишај сакал Семеј да биде убиен, но Давид одбил да врати мило за драго. Сепак, наместо тоа, повторно покажал долготрпеливост (2. Самоилова 16:5-13, NW).

Имај го предвид Павловиот пример

19, 20. На кој начин апостол Павле покажал дека е долготрпелив?

19 Во Христијанските грчки списи наоѓаме уште еден прекрасен пример на долготрпеливост од страна на несовршен човек — апостол Павле. Покажувал стрплива истрајност и долготрпеливост, како спрема своите религиозни непријатели, така и спрема оние кои тврделе дека се христијани. Да, Павле покажувал долготрпеливост иако некои од собранието во Коринт говореле: ”Бидејќи во посланијата свои (...) тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас слаб; проповедта негова ништо не вреди“ (2. Коринтјаните 10:10; 11:5, 6, 22-23).

20 Затоа, Павле со добра причина им рекол на Коринтјаните: ”Туку во сѐ се препорачуваме за служители Божји [Божји слуги, NW], со големо трпение, во неволји, во нужди, во тескоби, при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости, со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов“ (2. Коринтјаните 6:4-6). На сличен начин, апостолот можел да му напише на својот соработник Тимотеј: ”Ти точно ме следеше во науката, во мојот начин на живот, во мојата цел, во мојата вера, во мојата долготрпеливост, во мојата љубов, во мојата истрајност, во моите прогонства, во моите страдања (...) и сепак Господ ме избави од сето тоа“ (2. Тимотеј 3:10, 11, NW). Каков одличен пример на долготрпеливост ни оставил апостол Павле!

21. Како може следната статија да ни помогне?

21 Очигледно е дека Библијата изобилува со прекраснни примери на долготрпеливост. Јехова и неговиот сакан Син се најголеми примери. Но колку само е охрабрувачки да се забележи дека оваа особина ја покажувале и несовршени луѓе, како Јосиф, Давид и апостол Павле! Следната статија е составена со цел да ни помогне во тоа како да ги имитираме тие извонредни примери.

[Фуснота]

a Да се биде долготрпелив не значи едноставно долго да се трпи. Ако некој кој долго трпел е разочаран или огорчен затоа што не можел да се одмазди, тој не би бил долготрпелив.

Како би одговорил?

◻ Што значи да се биде долготрпелив?

◻ Првенствено од кои причини Јехова бил долготрпелив?

◻ На кои начини Исус покажал дека е долготрпелив?

◻ Кој библиски доказ постои дека и несовршени луѓе можат да покажуваат долготрпеливост?

[Слики на страница 10]

Јосиф, Исус, Давид, Павле и Јов биле примери на долготрпеливост

[Слика на страница 13]

Исус покажувал долготрпеливост спрема своите ученици

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели