ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/6 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за шминкањето и носењето накит?
    Одговор на библиски прашања
  • Треба ли жените да ја кријат својата убавина?
    Разбудете се! 2005
  • Вашето облекување и дотерување — како гледа Бог на нив?
    Разбудете се! 1998
  • Уредната облека покажува длабока почит кон Бог
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/6 стр. 30-31

Прашања од читателите

◼ Дали е прикладно за една христијанка да употребува накит или шминка, да ја бојадисува косата или да следи слични обичаи?

Во минатото и во наши денови некои кои тврдат дека ја следат Библијата, развиле строги и многу различни гледишта за украсувањето.a

Жените во некои цркви потполно избегнуваат шминка и накит. На пример, книгата The Amish People известува дека тие го ”ограничуваат својот физички изглед затоа што чувствуваат дека секој член кој има жив интерес за светски изглед е загрозен, затоа што [тој] интерес би требало да се сосредоточи на духовни наместо на физички размислувања. Некои (...) цитираат од Библијата.“

Стихот кој потоа бил цитиран бил од 1. Самоилова 16:7: ”Јехова му рече на Самоил: ’Не гледај на неговиот изглед и на висината на неговиот раст ... човекот го гледа она што се појавува на очи; но Јехова, тој гледа какво е срцето.‘“ Меѓутоа, тој стих се однесува на висината на Давидовиот брат Елиав. Од контекстот е јасно дека Бог овде не зборува за обичаите на украсувањето, дека ни Давид а ни неговите браќа ја украсувале својата коса, ниту употребувале украсни предмети на своите облеки (1. Мојсеева 38:18; 2. Самоилова 14:25, 26; Лука 15:22).

Ова покажува дека оние кои сметаат дека христијаните би требало јасно да се разликуваат и да не употребуваат шминка или накит, се обидуваат да го поткрепат тоа со погрешно применување на библиските стихови. Библијата всушност не расправа детаљно за украсувањето; ниту пак одобрува извесни козметички обичаи, а да забранува други. Она што таа ни дава се разумни упатства. Да ги разгледаме и да видиме како можат да се применат денес.

Апостолот Павле дал инспириран совет: ”Би сакал жените да се украсуваат со добро уредена облека, со скромност и здрав разум, не со посебно плетење на косите и со злато или бисери или многу скапа облека“ (1. Тимотеј 2:9, NW). Петар напишал слично: ”Вашето украсување да не биде во надворешното плетење на косата и во ставањето златни украси или во носењето на надворешни облеки, туку тоа нека биде скриената личност на срцето во непропадливата облека на мирниот и благ дух, кој е од голема вредност во Божји очи“ (1. Петрово 3:3, 4, NW).

Грчките зборови што овде се преведени со ”украсува“, ”добро уреден“ и ”украсување“ се облици на космос, кој исто така е корен на зборот ”козметички“, кое значи ”средство за разубавување, особено за тенот“. Така тие стихови ни помагаат да одговориме на прашањата во врска со употребата на козметика или шминка, накит и други видови на женско украсување.

Дали Петар и Павле мислеле дека христијаните мораат да избегнуваат да ја плетат косата, да носат бисери и златен накит, или дури да не употребуваат козметика? Не. Да се тврди такво нешто би значело дека христијанските сестри треба да го избегнуваат ’носењето на надворешни облеки‘. Но, Дорка, која што ја воскреснал Петар, била омилена бидејќи правела ”надворешни облеки“ за другите сестри (Дела на апостолите 9:39, NW). Сепак, 1. Тимотеево 2:9 и 1. Петрово 3:3, 4 не значат дека сестрите мораат да избегнуваат плетенки, бисери, надворешни облеки и.т.н. Наместо тоа, Павле ја нагласил потребата од скромност и здрав разум во женското дотерување. Петар покажал дека жените би требало повеќе да му посветат внимание на својот внатрешен дух за да ги придобијат своите сопрузи кои не се во верата, а не да ја истакнуваат надворешната појава или шминка.

Едноставно речено, Библијата не забранува било каков напор за да некој ја подобри или разубави својата појава. Некои од Божјите слуги, мажи како и жени, употребувале накит (1. Мојсеева 41:42; 2. Мојсеева 32:2, 3; Даниел 5:29). Верната Естера се согласила на обемен третман на разубавување со козметички масла, парфеми и масажа (Естера 2:7, 12, 15; спореди Даниел 1:3-8). Бог рекол дека тој симболично го украсил Израел со нараквици, ѓердани, прстени за нос и обетки. Тоа придонело тој да стане ”многу, многу убав“ (Езекиел 16:11-13, NW).

Сепак, извештајот во Езекиел дава поука против нашето усредоточување на изгледот. Бог рекол: ”Но ти се надеваше на убавината своја, и користејќи се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајќи му се“ (Книга пророк Језекиил 16:15; Исаија 3:16, 19). Според тоа, Езекиел 16:11-15 ја подвлекува мудроста од подоцнежниот совет на Павле и Петар да не се нагласува надворешниот изглед. Ако жената одлучи да се украси со накит, вредноста и стилот би требало да бидат во склад со скромноста, а не да бидат претерани или фалбаџиски и упадливи (Јаков 2:2).

Што може да се каже за употребата на козметика кај христијанските жени, како карминот за усни, боењето на образите или сенката и моливот за очи? Археолозите во Израел и околината откриле кутии за шминка, како и апликатори (нанесувачи) и огледала. Да, жените од стариот Ориент употребувале козметика која била претходник на многу денешни производи. Името на Јововата ќерка Керенкапуха веројатно значело ”Кутија за шминка [за очи]“ (Јов 42:13-15).

Иако некои козметички средства биле употребувани во Израел, сепак библиските примери ја покажуваат опасноста од претерување. Со години подоцна откако станала царица, Језавела ’ги обоила своите очи со црна боја и ја разубавила својата глава‘ (2. Царевите 9:30, NW). Подоцна кога опишува како Израел гледал на неморалните обичаи кај паганските народи, Бог рекол [Израел] ’се кител со украси од злато, ги истакнувал своите очи со црнило, и се правел убав‘ (Еремија 4:30, NW; Езекиел 23:40). Ниту овие стихови ниту кои и да било други не велат дека е погрешно да се употребуваат вештачки средства за да се истакне нечија појава. Сепак, приказната за Језавела укажува дека таа ставила толку многу црна боја околу очите, што можело да се забележи од далечина, дури и од Јехув кој бил вон палатата. Каква е поуката? Не ставај шминка повеќе отколку што е нормално, на претеран начин.b

Се разбира, тешко дека некоја жена која употребува шминка би рекла дека нејзините методи и количини се неумесни. Сепак, нема дискусија околу тоа, бидејќи ако е несигурна или под влијание на комерцијалните реклами, жената би можела да развие навика да употребува премногу шминка. Може да се навикне на крајниот изглед што ќе пропушти да увиди дека тоа е во спротивност со ”скромноста и здравиот разум“ кај повеќето христијанки. (Види Јаков 1:23, 24.)

Мора да се признае дека вкусовите се различни; некои жени употребуваат малку или никаква шминка или накит, други употребуваат повеќе. Затоа е мудро да не го осудуваме оној кој употребува поинаква количина на шминка или накит. Друг фактор е месниот обичај. Тоа што некои стилови се прифатливи во други земји (или биле вообичаени во стари времиња) не значи дека се препорачливи и во нашето место денес.

Мудрата христијанка повремено ќе го преиспита своето украсување и ќе се праша во сета скромност: ’Дали понекогаш носам повеќе (или поистакнато) накит или шминка отколку повеќето христијанки во мојата околина? Дали во моето украсување се управувам според егоистички личности од јавниот живот или суетни филмски ѕвезди, или се раководам воглавно според советот од 1. Тимотеј 2:9 и 1. Петрово 3:3, 4? Да, дали моето украсување е навистина скромно, кое покажува вистинско почитување за гледиштата и чувствата на другите? (Изреките 31:30).

Жените кои имаат христијански сопрузи можат да ги прашаат нив за коментари и совети. Значи, ако се гледа искрено, корисен совет може да се добие од другите сестри. Но, наместо да се обраќаме кај пријателот кој има сличен вкус, можеби ќе биде подобро да разговараме со постарите сестри чија урамнотеженост и мудрост се достојни за почитување. (Спореди 1. Царевите 12:6-8.) Библијата вели дека почитуваните постари жени ”можат да ги потсетат младите жени на своите должности (...) да бидат со здрав разум, чесни (...), за да не се хули на Божјата Реч“ (Тит 2:2-5, NW). Ниедна зрела христијанка не би сакала нејзиното нескромно употребување на накит или шминка да биде причина ”да се хули” на Божјата Реч или неговиот народ.

Библискиот извештај за Тамара покажува дека украсувањето на жената може да ја вброи во одредена класа, која оддава некаква силна порака (1. Мојсеева 38:14, 15). Каква порака соопштува фризурата кај некоја христијанка и бојата на косата (доколку е обоена) или нејзината употреба на накит или козметика? Дали таа порака гласи: Ова е чиста, скромна и урамнотежена Божја слугинка?

Некој кој ги набљудува христијаните во службата на проповедање или кој присуствува на нашите состаноци, би можел да биде поволно импресиониран. Посматрачите воглавно се импресионирани. Повеќето христијанки не им даваат причина на оние однадвор да заклучат дека се немарни, или пак, дека се екстремно нашминкани или украсени; наместо тоа, се украсуваат ”на начин каков што им доликува на жените кои тврдат дека го почитуваат Бог“ (1. Тимотеј 2:10).

[Фусноти]

a Во третиот век од нашата ера, Тертулијан тврдел дека жените ”кои ја тријат својата кожа со медикаменти, кои ги бојат образите со кармин и кои ги истакнуваат своите очи со [црн] антимон, грешат против Него.“ Тој исто така ги критизирал оние кои ја бојадисуваат својата коса. Погрешно применувајќи ги Исусовите зборови од Матеј 5:36, Тертулијан обвинувал: ”Тие го побиваат Господ! ’Гледајте!‘, велат тие, ’наместо бела или црна, да ја направиме [нашата коса] жолта.‘“ Додал: ”Дури можете да најдете лица кои се срамат што се стари, па се обидуваат да ја вратат својата бела коса во црна.“ Тоа било лично уверување на Тертулијан. Но тој ги искривувал работите, бидејќи неговото аргументирање се темелело на неговото сфаќање дека жените се причината за човечкото проклетство, па затоа би требало ’да живеат како Ева, во жалост и каење‘ поради ’срамот на првиот грев‘. Библијата не кажува такво нешто; Бог го смета Адам за одговорен за човечката грешност (Римјаните 5:12-14; 1. Тимотеј 2:13, 14).

b Неодамна весниците со крупни наслови го забележале скандалот на еден ТВ евангелист кога неговата партнерка во емисијата, негова сопруга, привлекла преголемо внимание. Според новинските извештаи, таа била воспитувана да верува дека ”и шминкањето и филмовите“ се грешни, сепак подоцна го сменила мислењето и станала позната по срамната ”шминка што била толку дебело нанесена што изгледала како да е извајана“.

[Слики на страница 31]

Археолошки откритија од Блискиот Исток: Кутија за козметика од слонова коска, огледало и гердани од злато и калцедон

[Извор на слика]

Сите три: Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели