Разгледување на фасетите на Божјиот бесценет камен — Библијата!
ВО 1867 година, еден фармер од Јужна Африка, по име Шалк ван Никерк, ги посматрал децата како се играат со некакви камења. Му паднал в очи еден посебно сјаен и убав камен. ”Ако сакате можете да го земете“, му рекла мајката на децата. Меѓутоа, Ван Никерк го испратил каменот на испитување кај минералог. Децата не знаеле дека се играле со голем дијамант вреден 500 фунти!
Дали е можно и вие да поседувате непроценлив камен без да сте свесни за тоа? На пример, многумина ја имаат Библијата, ”бестселер“ на сите времиња, достапна во целост или делумно на преку 1 900 јазици. Сепак, повеќето луѓе не ја читале Билијата и поради тоа многу малку знаат за нејзината содржина.
Библијата за себе тврди дека е ’инспирирана од Бог‘ и дека според тоа е Реч Божја (2. Тимотеј 3:16, Ба; спореди 1. Солунјаните 2:13.). Тоа е најскапоценото богатство за човештвото. Со помош на неа учиме како сега можеме да го извлечеме најдоброто од животот и, што е уште поважно, како можеме да добиеме вечен живот! (Јован 17:3, 17). Дали може нешто да биде повредно од тоа?
Меѓутоа, за да некој го цени овој скапоцен камен и сите негови фасети, мора да биде добро запознаен со него. На прв поглед, тоа може да изгледа доста тешко. Најпосле, Библијата е збирка од 66 различни книги. Што содржат тие книги? Дали постои некоја причина за редоследот во кој се појавуваат? Ако постои, тогаш како можат да се пронајдат одредени пасуси во Библијата?
Запознавањето со Библијата е предизвик. Но, како вистински скапоцен камен, Библијата има свој склад и ред. Тоа можеме да го видиме ако накратко ја разгледаме нејзината содржина.
Хебрејските списи — укажуваат на Христос
Библијата општо е поделена на ”Стар завет“ и ”Нов завет“. Но, тие погрешни називи доведуваат на помислата дека ’Стариот завет‘ е застарен и дека е од мала вредност. Многу поприкладен назив за тој дел од Писмото би бил Хебрејски списи, затоа што тој дел првобитно бил напишан воглавно на хебрејски јазик. ”Новиот завет“ е напишан на грчки во првиот век н.е., затоа е поприкладен називот Христијански грчки списи.
Првата книга на Библијата, 1. Мојсеева, започнува со описот од пред многу еони, кога Бог ги создавал небото и Земјата, и кога подоцна започнал да ја подготвува Земјата за човечки живот. Првата човечка двојка е создадена совршено; меѓутоа, тие го избрале патот на гревот, со трагични последици за своето потомство. Сепак, како скапоцен камен кој се забележува во темнината, Библијата дава искра на надеж за паднатото човештво: ”семе“ кое на крајот ќе ги отстрани последиците на гревот и смртта (1. Мојсеева 3:15, ДК). Кое ќе биде тоа ’Семе‘? Првата книга Мојсеева почнува да го утврдува потеклото на тоа Семе кое треба да дојде, свртувајќи го вниманието на животот на некои од неговите верни претци, како што се Авраам, Исак и Јаков.
Понатаму, Втората книга Мојсеева го опишува раѓањето на Мојсеј. Животот на Мојсеј на многу начини го предочувал животот на Семето кое ќе дојде. После десет неволји, Израел изведува величествено излегување од Египет, а на Синајската гора е втемелен како Божји избран народ. Третата книга Мојсеева ги содржи Божјите прописи за левитското свештенство во Израел. Четврта книга Мојсеева зборува за приликите кога Израелците биле преброени (со попис) и за настаните во текот на израелското привремено престојување во пустината. А тогаш, подготвен да влезе во Ветената Земја, Израел ги добива последните Мојсееви опомени. Тоа е темата на Петтата книга Мојсеева. Укажувајќи на семето кое ќе дојде, Мојсеј ја подбудува нацијата да го слуша ’пророкот кого Бог ќе го подигне‘ (5. Мојсеева 18:15, ДК).
Следуваат историските книги. Најголемиот дел од нив се подредени во хронолошки ред. Исус Навин го опишува освојувањето и поделбата на Ветената Земја. Судиите ги наведува драматичните настани од следните години, додека Израел го водат низа судии. Рута зборува за една богобојазлива жена која живеела во периодот на Судиите и на која ѝ е укажана предноста да стане предок на Исус Христос.
Меѓутоа, периодот на владеењето на судиите е завршено. Прва книга Самоилова зборува за трагичното владеење на Саул, првиот израелски крал, како што го видел пророкот Самоил. Втора книга Самоилова го опишува успешното владеење на Давид, наследникот на Саул. Првата и Втората книга на царевите потоа нѐ водат од славното владеење на Соломон до тажното вавилонско поробување на Израелскиот народ во 607 пр.н.е. Првата и Втората книга Дневници накратко ја повторуваат таа историја посматрана од поволната гледна точка на нацијата која се вратила од ова заробеништво. Конечно, Ездра, Неемија и Естера опишуваат како Израелците биле вратени во својата татковина, и дел од нивната подоцнежна историја.
Следуваат поетските книги кои содржат некои од најубавите поетски дела кои досега се напишани. Јов дава возбудлив приказ на беспрекорноста под страдање и наградата од таквото постапување. Книгата Псалми содржи песни на фалба на Јехова и молитви за милост и помош. Тие утешиле безброј Божји слуги. Освен тоа, Псалмите содржат бројни пророштва кои ни давааат натамошно просветлување за доаѓањето на Месијата. Изреките и Проповедник откриваат фасети на божествена мудрост преку концизни поговорки, додека Песната над песните е извонредна љубовна поезија со длабоко пророчко значење.
Следните 17 книги — од Исаија до Малахија — воглавно се пророчки. Сите тие го носат името на својот писател. Многу од тие пророштва веќе се исполниле на чудесен начин. Тие исто така укажуваат на решавачки настани во наше време и во блиската иднина.
Хебрејските списи така пружаат зачудувачка разновидност во формата и стилот. Сепак, сите имаат заедничка тема. Нивните пророштва, родословија и драматични настани блескаат со практична мудрост и пророчко значење.
Христијанските грчки списи — се појавува Семето
Поминале четири илјади години од паѓањето на човекот под грев. Наеднаш на земската сцена се појавува долго очекуваното Семе, Месијата, Исус! Христијанските грчки списи известуваат за службата на оваа клучна фигура во човечката историја во четири различни книги, но кои меѓусебно се надополнуваат, наречени Евангелија. Тоа се Матеј, Марко, Лука и Јован.
Колку се скапоцени за христијаните овие четири извештаја од Евангелијата! Тие зборуваат за Исусовите запрепастувачки чуда, неговите смисловни споредби, неговата Проповед на гората, неговиот пример на понизност, неговата сомилост и безусловна послушност спрема својот Татко, неговата љубов кон своите ”овци“ и конечно, неговата жртвена смрт и славното воскресение. Проучувањето на Евангелијата во нас всадуваат длабока љубов кон Божјиот Син. Над сѐ, сме привлечени поблиску кон оној кој го испратил Христос — Јехова Бог. Овие извештаи заслужуваат да се читаат секогаш одново.
Делата на апостолите продолжуваат таму кадешто завршуваат Евангелијата. Тие опширно известуваат за раните години на христијанското собрание, од времето на Пентакост до затворањето на Павле во Рим 61 н.е. Во оваа книга читаме за првиот христијански маченик, за преобраќањето на Савле, кој подоцна станал апостол Павле, за доведувањето во вистината на првите не-еврејски преобратеници и за Павловите возбудливи евангелизаторски патувања. Освен тоа што се возбудливи, тие извештаи ја изградуваат верата.
Потоа следуваат дваесет и едно писмо, или посланија. Првите 14 посланија кои ги напишал Павле го добиле името по христијаните или собранијата до кои биле испратени; останатите го добиле името по писателите — Јаков, Петар, Јован и Јуда. Колку здрави совети и охрабрување содржат овие писма! Тие ја прикажуваат науката и исполнувањето на пророштвата. Им помагаат на христијаните да останат одделени од злобната околина во која мораат да живеат. Ја истакнуваат потребата да развиваат братска љубов и други божествени особини. Поставуваат пример за правилна собраниска организација под водство на духовно постари мажи.
Како што хебрејските списи завршуваат во пророчки тон, таков е случајот и со Грчките списи. Откровението, кое го напишал апостол Јован околу 96 н.е., ги поврзува низовите од пророштва и главната тема на Библијата — оправдувањето на Јеховиното име преку неговото Месијанско Царство. Низа од визии сликовито го опишуваат уништувањето на религиозните, воените и политичките сили на Сатанскиот расипан систем. Тие се заменети со Христовиот владејачки град, кој своето внимание го посветува на управувањето со земските работи. Под оваа Царска управа, Бог ветува дека ќе ја ”избрише (...) секоја солза (...) и смрт нема да има веќе“ (Откровение 21:4).
Според тоа, дали постои какво и да е сомнение дека Библијата е беспрекорен скапоцен камен кој одразува божествена светлина? Ако не сте ја прочитале во целост, зошто тоа не го почнете сега? Ќе бидете привлечени од нејзиниот склад, ќе бидете проосветлени од нејзината остроумност, поттикнати од нејзината убавина и возбудени од нејзината порака. Таа навистина е ”совршен подарок (...) од таткото на небесните светлости“ (Јаков 1:17, NW).
[Табела на страници 28 и 29]
ТАБЕЛА НА БИБЛИСКИТЕ КНИГИ
Означено е кој е писателот, местото на пишување, кога е довршено пишувањето и времето кое го опфаќаат настаните во книгата.
Имињата на писателите на некои книги и местата каде се пишувани не се сигурни. Многу датуми се само приближни, затоа ознаката п. значи ”после“, пр. значи ”пред“ и ца. значи ”цирка“ или ”околу“.
Книгите на хебрејските списи (пр.н.е.)
Книга Писател(и) Место на пишу- Пишувањето Го опфаќа
вањето довршено периодот
1. Мојсеева Мојсеј Во пустината 1513 “Во поче-
токот до
1657
2. Мојсеева Мојсеј Во пустината 1512 1657-1512
3. Мојсеева Мојсеј Во пустината 1512 1 месец (1512)
4. Мојсеева Мојсеј Во пустината
Рамнините на
Моав 1473 1512-1473
5. Мојсеева Мојсеј Рамнините на
Моав 1473 2 месеци (1473)
Исус Навин Исус Навин Ханан ца. 1450 1473-ца. 1450
Судиите Самоил Израел ца. 1100 ца.1450-ца. 1120
Рута Самоил Израел ца. 1090 11 години од
владеењето на судиите
1. Самоилова Самоил;
Гад; Натан Израел ца. 1078 ца. 1180-1078
2. Самоилова Гад; Натан Израел ца. 1040 1077-ца. 1040
1. Цареви Еремија Ерусалим/
Јуда 580 ца. 1040—911
2. Цареви Еремија Ерусалим/
Египет 580 ца. 920-580
2. Дневници Езра Ерусалим (?) ца. 460 1037-537
Езра Езра Ерусалим ца. 460 537-ца. 467
Неемија Нехемија Ерусалим п. 443 456-п. 443
Естера Мардохеј Сусан,
Елам ца. 475 493-ца. 475
Јов Мојсеј Во пустината ца. 1473 Преку 140 години
помеѓу 1657 и 1473
Псалми Давид и
други ца. 460
Изреките Соломон;
Агур;
Лемуел Ерусалим ца. 717
Проповедник Соломон Ерусалим пр. 1000
Песна над
песните Соломон Ерусалим ца. 1020
Исаија Исаија Ерусалим п. 732 ца. 778-п. 732
Еремија Еремија Јуда/
Египет 580 647-580
Плачот на
Еремија Еремија Близу
Ерусалим 607
Езекиел Езекиел Вавилон ца. 591 613-ца. 591
Даниел Даниел Вавилон ца. 536 618-ца. 536
Осија Осија Самарија
(област) п. 745 пр. 804-п. 745
Јоил Јоил Јуда ца. 820 (?)
Амос Амос Јуда ца. 804
Авдија Авдија ца. 607
Јона Јона ца. 844
Михеј Михеј Јуда пр. 717 ца. 777-717
Наум Наум Јуда пр. 632
Авакум Авакум Јуда ца. 628 (?)
Софонија Софонија Јуда пр. 648
Агеј Агеј Ерусалим 520 112 дена(520)
Захарија Захарија Ерусалим 518 520-518
Малахија Малахија Ерусалим п. 443
Книги на Христијанските грчки списи (н.е.)
Книга Писател Место на пишу- Пишувањето Го опфаќа
вањето довршено периодот
Матеј Матеј Палестина ца. 41 2 пр.н.е.-33 н.е.
Марко Марко Рим ца. 60-65 29-33 н.е.
Лука Лука Цезареја ца. 56-58 3 пр.н.е.-33 н.е.
Јован Апостол
Јован Ефес, или
околината ца. 98 После
прологот
29-33 н.е.
Дела на
апостолите Лука Рим ца. 61 33-ца.
61 н.е.
Римјаните Павле Коринт ца. 56
1. Коринтјаните
Павле Ефес ца. 55
2. Коринтјаните
Павле Македонија ца. 55
Галатјаните Павле Коринт или
Сириска
Антиохија ца. 50-52
Ефесјаните Павле Рим ца. 60-61
Филипјаните Павле Рим ца. 60-61
Колосјаните Павле Рим ца. 60-61
1. Солунјаните
Павле Коринт ца. 50
2. Солунјаните
Павле Коринт ца. 51
1. Тимотеј Павле Македонија ца. 61-64
2. Тимотеј Павле Рим ца. 65
Тит Павле Македонија (?) ца. 61-64
Филемон Павле Рим ца. 60-61
Евреите Павле Рим ца. 61
Јаков Јаков
(Исусов
полубрат) Ерусалим пр. 62
1. Петрово Петар Вавилон ца. 62-64
2. Петрово Петар Вавилон (?) ца. 64
1. Јованово Апостол
Јован Ефес, или
околината ца. 98
2. Јованово Апостол
Јован Ефес, или
околината ца. 98
3. Јованово Апостол
Јован Ефес, или
околината ца. 98
Јуда Јуда
(Исусов
брат) Палестина (?) ца. 65
Откровение Апостол
Јован Патмос ца. 96