ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/8 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Животот во библиски времиња — работата на еден пастир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Тие сочувствително ги пасат овчичките
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • „Пастири според моето срце“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Нежно да се пасат Јеховините скапоцени овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/8 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Кој основен совет им го нудат Изреките 27:23 на духовните пастири како и на христијаните воопшто?

Во овој стих стои: ”Ти треба безусловно да го познаваш изгледот на твоето стадо. Усмери го срцето на своите стада“ (Изреките 27:23, NW). Овој стих често се употребувал да ги охрабри духовните пастири да покажуваат интересирање и да бидат запознаени со ситуацијата и проблемите на христијаните во собранието. Таквото охрабрување е прикладно, бидејќи Библијата ги споредува старешините со пастири, а собранието со стадо овци (Дела на светите апостоли 20:28, 29; 1. Петрово 5:2-4). Сепак, иако горното начело одговара, овој стих во основа не се однесува на духовните пастири.

Книгата Соломонови изреки содржи многу стихови кои самите за себе претставуват содржајни изјави на совети, но Изреките 27:23 е дел од група стихови: ”Ти треба безусловно да го познаваш изгледот на твоето стадо. Усмери го своето срце на стадата; зашто богатството не трае до недогледно време, ниту дијадемата за сите генерации. Зелената трева помина, и нова трева се појави, и горските растенија се собрани. Младите овни ти служат како облека, а јарците се цената на полето. И има доволно козјо млеко да се храниш ти, да се хранат твоите домашни, и средства за живот за твоите девојки“ (Изреките 27:23-27, NW).

Овој инспириран пасус го велича животниот стил кој се карактеризира со работливост, марливост, едноставност и признавање на нашата зависност од Јехова. Тоа го прави така што го истакнува селскиот живот на еден израелски овчар, веројатно ставајќи го во контраст со блескавоста на животот што се темели на трговски зделки и брзо богатење.

”Богатството“ или изобилството стекнато со брзи трговски шпекулации кои доведуваат до престиж (”дијадемата“), може лесно да исчезне, а тоа можат да го поврдат многумина. Затоа има многу да се каже за едноставниот живот, како што е оној на древните овчари кои се грижеле за стоката. Таквиот начин на живот не бил едноставен во смисла да биде безгрижен. Овчарот требало да внимава на своето стадо, да се осигура дека овците се заштитени (Псалм 23:4, ДК). Ако за време на чувањето би нашол болна или повредена овца, требало да ја намачка со масло за ублажување (Псалми 23:5; Книга пророк Језекиил 34:4; Книга пророк Захарија 11:16). Во повеќето случаи работливиот овчар кој го усмерил срцето на своето стадо, можел да ги види резултатите од својот труд — постепеното растење на стадото.

Овчарот кој работел напорно и грижливо, имал сигурен извор на помош — Јехова. Како тоа? Па, Бог обезбедува годишни времиња и периоди кои обично даваат со бујна трева со која се храни стадото (Псалм 145:16, ДК). Кога во текот на сезоните, тревата би исчезнала од пониските подрачја, можела да биде обилна на повисока надморска височина каде што внимателниот овчар ги водел своите животни.

Во Изреките 27:26, 27 се споменува еден од резултатите од таквиот труд — храна и облека. Се разбира, овој опис не се однесува на екстравагантна храна или гурмански специјалитети, ниту пак на работникот му дава причина да се надева на облека креирана по последна мода или од најдобар материјал. Но доколку бил спремен да вложи напор, овчарот и неговото семејство од стадото би добиле млеко (а според тоа и сирење), како и волна за изработка на цврста облека.

Според тоа, советот: ”Ти треба безусловно да го познаваш изгледот на твоето стадо“ не се однесува првенствено на духовните пастири; се однесува на сите христијани. Тој ја подвлекува вредноста на тоа да бидеме задоволни со средствата за живот стекнати со урамнотежена, марлива работа, имајќи доверба дека Бог нема да нѐ отфрли (Псалми 36:25 [37:25, ДК] 2. Солунјаните 3:8, 12; Евреите 13:5). Ако ги споредиме Изреките 27:23-27 со советот од Лука 12:15-21 и 1. Тимотеј 6:6-11, гледаме колку доследен бил Божјиот совет во овој поглед. Затоа, секој од нас би требало повторно да ги прочита Изреките 27:23-27, и да се праша: ’Дали јас го земам тоа при срце и го применувам во својот секојдневен живот?‘

[Извор на слика на страница 31]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели