Објавителите на Царството известуваат
Се убедиле во Катманду
ЕДНА сликарка ја започнала својата потрага по вистината во Бретања, Франција во 1980. Водела разговори со Пентакосталци и ги проучувала источните религии — но не била задоволна. Потоа неколку пати разговарала и со еден од Јеховините сведоци, но набргу престанала. Се запознала со друг уметник и продолжила да работи и да живее со него.
Набргу после тоа, невенчаната двојка одлучила да го посети Непал. Биле длабоко импресионирани од убавината и мирот на таа земја, но биле разочарани од системот од касти кој им изгледал неправеден во нивните западњачки очи.
Откако се вратиле во Франција, жената му предложила на својот пријател заеднички да ја проучуваат Библијата, и на нејзино изненадување, тој се согласил. Стапиле во контакт со Сведокот со кого разговарала пред две години. Во почетокот ја употребувале само Библијата, но на крај се согласиле да ја употебуваат книгата Вистина која води до вечен живот и подоцна книгата Ти можеш заувек да живиш у рају на Земљи. За една година престанале да употребуваат дрога.
Откако уште еднаш го посетиле Непал на два месеца, двојката се вратила во Франција кадешто продолжиле да проучуваат. Престанале да пушат и да одат во барови и ноќни клубови и почнале да ги посетуваат состаноците на Јеховините сведоци. Меѓутоа, кога ја завршиле книгата Ти можеш заувек да живиш..., одлучиле да престанат со проучувањето.
Повторно отишле во Непал, кадешто живееле во една мала куќичка во подножјето на Хималаите. Еден ден некој постар човек облечен во костум и вратоврска, тропнал на нивната врата. Жената била сама во куќата, и помислила дека сигурно е некој трговец со уметнички слики кој навратил да ги види нивните слики. На нејзино изненадување, тоа бил Сведок кој дошол во име на оној со кого тие проучувале во Франција. Набргу се вратил и нејзиниот пријател, и уследил двочасовен разговор.
По неколку дена двајцата посетиле состанок на Јеховините сведоци во Катманду, и голем впечаток кај нив оставил уредниот изглед на присутните. Ја забележале истата братска љубов и среќа што ја виделе на состаноците во Франција. Исто така го забележале единството на Непалците кои биле присутни, иако доаѓале од различни касти. Сега биле убедени дека тоа сигурно е Јеховина организација.
По еден месец се вратиле во Франција и веднаш ја продолжиле библиската студија и ги посетувале состаноците. Се венчале, почнале да учествуваат во делото на проповедање и на крај се крстиле. Сопругот сега е слуга помошник, а неговата сопруга редовно учествува во помошната пионерска служба. Навистина, Јеховиниот дух им помага на оние кои имаат исправно наклонето срце да напредуваат и да станат негови обожаватели (Откровение 7:15-17).
[Рамка/карта на страница 9]
НЕПАЛ
Население - 17 712 221
Најголем број на објавители во 1990 - 63
Однос, еден објавител на - 281 146
Просечен број на пионери - 10
Број на собранија - 1
Просечен број на библиски студии - 107
Присутни на Спомен-свеченоста - 220
[Карта]
(Види во публикацијата)
НЕПАЛ
ИНДИЈА
[Слика на страница 9]
Сцена од пазарот во Катманду, Непал