ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 1 стр. 12-13
  • „Нивната љубов нѐ трогна“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Нивната љубов нѐ трогна“
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „СЕГА ЗНАЕМЕ ДЕКА ТОА СЕ ИСПЛАТЕШЕ!“
  • „СЕГА СМЕ УШТЕ ПОБЛИСКИ“
  • Се убедиле во Катманду
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Закана од нови силни земјотреси
    Разбудете се! 2010
  • Земјотрес!
    Разбудете се! 2000
  • Земјотресот на Хаити — вера и љубов на дело!
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 1 стр. 12-13
Згради уништени во земјотресот во Непал во април 2015

„Нивната љубов нѐ трогна“

ВО САБОТА, 25 април 2015 год., Непалa го потресе земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот беше околу 80 километри северозападно од главниот град, Катманду. Овој земјотрес е најсмртоносната природна катастрофа во Непал за која постојат записи. Во него животот трагично го изгубија над 8.500 лица, а беа уништени повеќе од 500.000 домови. Во Непал има околу 2.200 Јеховини сведоци, а повеќето од нив живееја во погодените подрачја. За жал, од нив настрадаа една мајка и нејзините две деца.

„Во моментот на земјотресот, Јеховините сведоци од најпогоденото подрачје ги одржуваа своите редовни состаноци. Да беа дома, сигурно ќе имаше повеќе жртви“, вели Мишел, која е Јеховин сведок. Зошто не настрадаа оние што беа во салите на Јеховините сведоци? Важен фактор беше добрата конструкција на овие сали.

„СЕГА ЗНАЕМЕ ДЕКА ТОА СЕ ИСПЛАТЕШЕ!“

Поновите сали на Јеховините сведоци во Непал се изградени за да можат да издржат јаки земјотреси. Ман Бахадур, кој учествува во изградба на вакви објекти, вели: „Често нѐ прашуваа зошто правиме толку цврсти темели за толку мали градби. Сега знаеме дека тоа се исплатеше!“ По земјотресот, беше одобрено овие сали да се користат како засолништа. Иако следуваа помали земјотреси, за многу Сведоци но и нивни сограѓани овие објекти беа сигурно прибежиште.

Сала за состаноци се користи како прифатилиште после земјотресот во Непал во април 2015

Јеховините сведоци и нивните сограѓани најдоа засолниште во салите за состаноци

Старешините веднаш почнаа да ги бараат членовите на собранието за кои не се знаеше каде се. Бабита, која е Јеховин сведок, вели: „Старешините повеќе гледаа да им биде добро на соверниците отколку ним. Нивната љубов нѐ трогна“. Дента после земјотресот, тројцата членови на одборот што го надгледува делото на Јеховините сведоци во Непал и патувачките надгледници почнаа да ги посетуваат собранијата за да видат што им треба и да им дадат упатства и охрабрување на локалните старешини.

Гери Бро од светското седиште на Јеховините сведоци во посета на жртвите на земјотресот во Непал

Гери Бро од светското седиште на Јеховините сведоци ги посети жртвите на земјотресот

Шест дена по земјотресот, во Непал дојде Гери Бро (од светското седиште на Јеховините сведоци, САД) со својата сопруга Руби. Рубен, член на одборот во Непал, вели: „Поради метежот во Катманду и помалите потреси што уследија, не бевме сигурни дали брат Бро ќе може да пристигне. Но тој беше решен да дојде, и навистина дојде! На Јеховините сведоци од погодените подрачја тоа многу им значеше“.

„СЕГА СМЕ УШТЕ ПОБЛИСКИ“

Шилас, кој служи во претставништвото на Јеховините сведоци во Непал, вели: „Откако телефонските линии проработеа, телефонот ѕвонеше дење и ноќе! Соверници од целиот свет прашуваа како сме. Иако некои од нив зборуваа на јазик што не го разбиравме, се чувствуваше нивната љубов и желба да ни помогнат“.

Јеховин сведок од медицинската екипа од Европа мери притисок на жртва на земјотресот во Непал

Медицинска екипа Јеховини сведоци им помагаше на настраданите

Во деновите по земјотресот, локалните Јеховини сведоци носеа храна во салите за состаноци. Освен тоа, беше оформен Одбор за помош при катастрофи и за кратко време почнаа да пристигаат пакети, главно од Бангладеш, Индија и Јапонија. По само неколку дена, од Европа дојде и медицинска екипа Јеховини сведоци. Опремата ја сместија во една сала за состаноци и веднаш се фатија за работа. На жртвите од земјотресот им укажаа не само медицинска туку и емоционална помош.

Многумина се чувствуваа како Утара, која рече: „Земјотресот беше страшен и ужасен. Но, сега сме уште поблиски“. Овој земјотрес не ја ослаби љубовта на Јеховините сведоци кон Бог и кон соверниците. Напротив, уште повеќе ја зајакна.

a Непал се наоѓа северно од Индија и е претежно планинска земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели