ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/9 стр. 30-31
  • Машка работа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Машка работа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Посветете им го потребното внимание на децата
    Разбудете се! 2005
  • Работи напорно за спасението на твоето домаќинство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Како да се подигаат деца во склад со божјите начела
    Разбудете се! 2005
  • Големи семејства обединети во Божјата служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/9 стр. 30-31

Машка работа

”¡Ropa, zapato, casa, y comida!“ [”Ропа, запато, каза е комеда!“] Овие зборови се од една стара шпанска песна која ги набројува четирите основни работи кои се очекува мажот да ги снабди за своето семејство: облека, чевли, покрив над главата и храна. А најодговорните мажи достоинствено се трудат да го понесат овој товар.

Меѓутоа, доколку си семеен човек, дали се грижиш за многу поважните духовни потреби на твоето семејство? Или дали, како многумина мажи, мислиш дека грижата за религиозни работи во куќата навистина не е машка работа? Во некои земји дури и не се очекува мажите да трошат време да ги учат своите деца за Бог и Библијата.

Божјата Реч му наложува особена одговорност на стопанот на куќата да всади во своето семејство љубов за Бог и длабоко ценење за божествените мерила. На пример, во Ефесјаните 6:4, Библијата ги поттикнува христијанските мажи на следниот начин: ”Вие, татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку и понатаму воспитувајте ги во стега и Јеховино насочување на мислите.“

Иако се запознаени со овие зборови, некои можеби не го ценат во потполност тоа што Библијата посебно му се обраќа на таткото, стопанот на куќата. На пример, поединците кои зборуваат шпански и португалски можеби ќе ги разберат зборовите од Ефесјаните 6:4 дека им се упатени и на таткото и на мајката. Во овие јазици зборот за ”татковци“ и зборот за ”родители“ е ист. Меѓутоа, во стих 1 од Ефесјаните, поглавје 6 апостолот Павле се осврнал и на таткото и на мајката употребувајќи го грчкиот збор гонеу́син, од гонеу́с, што значи ”родител“. Но во 4. стих е употребен грчкиот збор пате́рес, кој значи ”татковци“. Да, во Ефесјаните 6:4 Павле ги упатил своите зборови директно до стопанот на семејството.

Се разбира, доколку во семејството нема маж кој ќе го преземе водството, тогаш мора жената да ја преземе оваа одговорност. Со Јеховина помош многу мајки успешно ги подигнале своите деца во стега и Јеховино насочување на мислите. Но, кога постои христијански маж, тој треба да го преземе водството. Ако тој ја занемарува оваа одговорност, потешко е за останатите од семејството да одржуваат добра програма на духовна исхрана. А таквиот маж е одговорен пред Јехова за својата немарност.

Божјето мислење за оваа работа е очевидно во библиските предуслови што се поставени за надгледниците и слугите помошници во христијанското собрание. Библијата наведува дека оној кој е избран за таква положба би требало да биде ”маж кој добро управува со своето семејство и има послушни деца со сета сериозност (ако некој навистина не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјето собрание?)“ (1. Тимотеј 3:4, 5, 12, NW; Тит 1:6).

Семејниот маж мора да биде спремен да жртвува задоволства и лична удобност заради духовната добробит на своите деца. Одвреме навреме можеби ќе мора да го намали времето кое им го посветува на други активности за да има доволно време кое редовно ќе го поминува со децата (5. Мојсеева 6:6, 7). Меѓутоа, тој нема да им ја препушти на други оваа задача доделена од Бог. Неговата љубов и интерес за децата ќе одат уште подалеку од обезбедувањето на облека, чевли, покрив над главата и храна.

Вистински предизвик е да се подигнат деца ”во стега и Јеховино насочување на мислите“. Тоа е причината зошто првенствената одговорност лежи на мажот. Ако христијанскиот татко добро ја врши својата работа, тогаш ќе може да гледа на своите богобојазливи деца како на благослов од Јехова. Може да каже заедно со псалмистот: ”Какви се стрелите во раката на силен маж, такви се младите синови. Среќен е телесно способниот маж кој ја наполнил својата торбичка за стрели со нив“ (Псалми 127:4, 5, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели