ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • „Знам дека си убава жена“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Бог ја нарекол „кнегиња“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Авраам и Сара — можеш да ја имитираш нивната вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Најпосле добиле син!
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/2 стр. 31

Прашања од читателите

Дали фараонот навистина се оженил за Сара, жената на Авраам, како што произлегува од преводот на 1. Мојсеева 12:9 во некои библиски преводи?

Не, фараонот бил спречен да ја земе Сара (Са́ра) за жена. Така Сарината чест и достоинство не биле изложени на срам.

Тоа можеме да го видиме ако ја испитаме ситуацијата во нејзиниот контекст. Гладот го принудил Авраам (Аврам) за некое време да побара засолниште во Египет. Тој се плашел дека животот таму ќе му биде во опасност поради неговата убава жена, Сара. Авраам сѐ уште немал син од Сара, па кога би го снашла смрт во Египет, линијата на Семето би била прекината, Семето преку кое требало да бидат благословени сите семејства на Земјата (1. Мојсеева 12:1-3). Затоа Авраам ја упатил Сара да се претстави како негова сестра, бидејќи таа навистина била негова полусестра (1. Мојсеева 12:10-13; 20:12).

Неговиот страв не бил без основа. Научникот Аугуст Кнобел објаснил: „Авраам побарал од Сара во Египет да се претстави како негова сестра, за да не биде убиен. Зашто, ако се гледало на неа како на мажена жена, некој Египќанин би можел да ја добие само ако би го убил нејзиниот маж и сопственик; ако се гледало на неа како на сестра, тогаш постоела можност да ја добие од братот на пријателски начин“.

Меѓутоа, египетските принцови не навлегувале во преговори со Авраам околу женидба на фараонот со Сара. Тие едноставно ја донеле убавата Сара во куќата на фараонот, а владетелот на Египет му дал дарови на нејзиниот божемен брат, Авраам. После ова, Јехова го удрил домот на фараонот со чума. Кога во една прилика која не е спомената била откриена вистинската состојба пред фараонот, тој му рекол на Авраам: „Зошто рече — сестра ми е — па сакав да ја земам за жена? Сега, пак, еве ти ја жената, земи си ја и оди си!“ (1. Мојсеева 12:14-19).

The New English Bible и други библиски преводи горниот курзивен дел од стихот го преведуваат со: „Така што ја зедов за жена“ или со сличен начин на изразување. Иако не мора да претставува погрешен превод, таквата формулација може да одрази впечаток дека фараонот навистина се оженил за Сара, дека венчавката била свршена работа. Може да се забележи дека во 1. Мојсеева 12:19 хебрејскиот глагол преведен со „земе“ е во несвршено време, а означува дејствие кое сѐ уште не се исполнило. Македонскиот превод на Библијата овој хебрејски глагол го преведува во склад со контекстот и на начин кој јасно ја одразува состојбата на глаголот — „па сакав да ја земам за жена“.a Иако фараонот ‚сакал да ја земе‘ Сара за жена, тој сѐ уште не извршил никаква процедура или церемонија којашто била поврзана со тоа.

Авраам честопати бил критикуван заради својот пристап кон овој случај, но тој постапил во интерес на ветеното Семе, а со тоа во интерес на целото човештво (1. Мојсеева 3:15; 22:17, 18; Галатјаните 3:16).

Во една сродна ситуација која можела да биде опасна, Исак ѝ рекол на својата жена, Ребека, да не открива дека е мажена. Во тоа време нивниот син Јаков, преку кого требало да дојде линијата на Семето, веќе бил роден и очигледно бил младо момче (1. Мојсеева 25:20-27; 26:1-11). И покрај тоа, мотивот зад оваа исправна тактика би можел да биде истиот како оној на Авраам. За време на гладот, Исак и неговото семејство се наоѓале на територијата на филистејскиот крал Авимелех. Ако забележел дека Ребека била мажена за Исак, Авимелех би можел да тргне во убиствена хајка против сите останати од семејството на Исак, што би можело да значи смрт за Јаков. И во овој случај, Јехова интервенирал за да ги заштити своите слуги и линијата на Семето.

[Фуснота]

a Преводот од Џ. Б. Ротерхам гласи: „Зошто рече: Сестра ми е; па сакав да ја земам за жена?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели