Сцени од Ветената земја
На Синај тој се погрижил за Израел
ЗАМИСЛИ си милиони луѓе — мажи, жени и деца — на пат кон „големата и страшна пустиња, каде што има змии што загризуваат, скорпии и суви места, во кои нема вода“!
Овие Божји зборови од 5. Мојсеева 8:15, се усредоточуваат на она што би можело да се изгледа како страшно патување кое се наѕирало пред Израелците кога заминале од Египет и зачекориле во Синајската пустина. Но, постоел еден тежок проблем: Кој ќе се погрижи за доволно храна и вода?
Израелците биле во ропство во горниот дел од делтата на Нил, но не оскудевале во ништо. Цртежите на ѕидовите во древните гробници прикажуваат разновидност на грозје, лубеници и други житарици, како и риба и живина, кои сочинувале разновидна исхрана. Затоа е сосема исправно што Израелците мечтателно се жалеле во пустината: „Кој ќе нѐ нахрани со месо? Ја помниме рибата што ја јадевме како подарок во Египетската земја, краставиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот“ (4. Мојсеева 11:4, 5; 20:5).
Откако Израелците поминале преку Црвеното Море, наскоро над нив се надвиснала реалноста на Синај. Тие не тргнале по добро познатиот трговски пат кон север, туку свртеле кон врвот на триаголниот полуостров. Кога изминале 80-тина километри низ пустината, потребата од вода станала критична. Не можеле да го пијат она што го наоѓале затоа што било горчливо и веројатно заразено. „Што ќе пиеме?“, викале тие. Бог стапил во акција, така што ја претворил водата во слатка (2. Мојсеева 15:22-25).
Забележи ја поворката од камили на горната слика. Сигурно го сфаќаш прашањето како Израел ќе може да продолжи низ пустината кон Синајската гора. Како ќе можат да продолжат да бараат доволно вода — и храна — за себе како и за стадата коишто требало да ги сочуваат во живот? (2. Мојсеева 12:38).
Продолжиле понатаму на југ и наскоро кај Елим нашле освежителна вода и храна (2. Мојсеева 15:27). Меѓутоа, тоа не било нивното одредиште. Тие се упатиле кон „планината на вистинскиот Бог“, Синајската гора (2. Мојсеева 3:1, NW; 18:5, NW; 19:2; 24:12-18). Тоа било 120 километри подалеку — километри сурова, неплодна земја.
Како што огромната толпа напредувала кон Синајската гора, се приближиле — и веројатно запреле — кај главната оаза позната како Феиран. Мал дел од неа се гледа на фотографијата на другата страница.a Таа се простира низ еден теснец во пустината, во правец кон Црвеното Море (Суецкиот Залив). Колкаво освежување можеле да најдат таму!
Додека Синајската пустина воглавно одговарала на описот на ‚голема и страшна пустиња‘, Израелците можеле да уживаат во сенката на величествените палми и другите дрвја во Феиранската оаза. Можело во изобилство да се најдат слатки урми и да си обезбедат храна на лице место, како и залихи кои можеле да ги понесат со себе.
Сето тоа било можно затоа што во Феиран извирале подземни води. Претстави си како би се чувствувал кога би бил во пустината Синај и наеднаш најдеш свежа вода за пиење! Тоа покажува дека дури и во Синај постојат места кадешто може да се најде вода. Понекогаш изворот мора да се копа доста длабоко. Потребен е напор за да се извлечат ведрата полни со животодајна течност, особено ако требало да се напојат стадата. И ден-денес синајските бедуини се собираат кај изворите кадешто можат да нацрпат вода за себе и своите камили. (Спореди 1. Мојсеева 24:11-20; 26:18-22.)
Да, и покрај ситуациите кога мрмореле заради некој навидум непремостив недостаток, Израелците имале вода и храна. Понекогаш Бог на чудесен начин се погрижил за тоа (2. Мојсеева 16:11-18, 31; 17:2-6). Во други прилики тој очигледно ги водел на „одмаралишта“ каде со природни залихи можеле да бидат задоволени нивните вистински потреби (4. Мојсеева 10:33-36). За сето време, тој го држел пред нив изобилството што ги очекувало верните во Ветената земја (5. Мојсеева 11:10-15).
[Фуснота]
a Фотографијата може да се види во поголема величина на Календарот на Јеховини сведоци 1992.
[Извор на слика на страница 24]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.
[Извор на слика на страница 24]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.
[Извор на слика на страници 24 и 25]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.
[Извор на слика на страница 25]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.