ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/10 стр. 26-29
  • Научи се на послушност со прифаќање на стега

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Научи се на послушност со прифаќање на стега
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како Бог гледа на послушноста
  • Таа мора да се научи Зошто и како
  • Учи на послушност со личен пример
  • „Послушни во сѐ“
  • Гледај позитивно на послушноста
  • Послушност — важна лекција од детството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Деца, слушајте ги своите родители“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Се научи на послушност“
    „Појди по мене!“
  • Јехова ја цени твојата послушност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/10 стр. 26-29

Научи се на послушност со прифаќање на стега

ЗАМИСЛИ си како стоиш на врвот од висок планински гребен со чувство дека си буквално на врвот од светот. Какво радосно чувство на слобода!

Но, твојата слобода е навистина прилично ограничена. Законот на гравитација значително го ограничува секое твое движење; само еден погрешен чекор — и може да дојде до несреќа. Од друга страна, колку е пријатно да се знае дека самиот закон на гравитација те заштитува да не бидеш беспомошно однесен во вселенскиот простор. Значи, законот очигледно е за твое лично добро. Ако ги прифатиш ограничувањата коишто тој ги наметнува врз твоето движење таму горе на планината, тоа може да биде од корист, дури и животоспасувачко.

Да, понекогаш законите и послушноста спрема нив можат да ја ограничат нашата слобода, но дали тоа ја прави послушноста непожелна?

Како Бог гледа на послушноста

Како „Голем Творец“ (NW), Јехова е „изворот на животот“. Од таа причина, сите негови суштества со право му должат послушност. Покажувајќи исправен став, псалмистот напишал: „Да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец; зашто Он е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце“ (Проповедник 12:1; Псалми 35:9; 94:6, 7).

Уште од самиот почеток Јехова барал послушност од неговите суштества. Натамошното постоење на Адам и Ева во Рајот зависело од послушноста (1. Мојсеева 2:16, 17). Послушност се очекувала и од ангелите, иако тие се повисок облик на живот во однос на луѓето. Бидејќи некои од тие духовни суштества „не се покорија [„биле непослушни“, NW], кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше во деновите на Ноја“, тие биле казнети така што биле предадени во „јами на длабока темнина за да бидат сочувани за судот“ (1. Петрово 3:19, 20; 2. Петрово 2:4, NW).

Едноставно речено, Бог ја смета послушноста како услов за да се постигне негово одобрение. Читаме: „Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето — подобро отколку овнешкото месо“ (1. Царства 15:22).

Таа мора да се научи Зошто и како

Послушноста води до праведен однос со Бог, затоа, колку е важно да ја научиме! Исто како кога се учи странски јазик, така кога сме млади можеме да ја стекнеме навиката на послушност. Токму поради тоа Библијата го нагласува обучувањето на децата уште од нивното детство (Исус Навин 8:35).

Некои луѓе денес се спротивставуваат на библиското гледиште, велејќи дека условот за послушност е еднаков на ментално силување. Тие наведуваат дека на децата треба да им се дозволи да развиваат свои лични идеи и мерила според кои ќе живеат, без возрасните да им се мешаат однадвор.

Но во 1960-тите години, кога многу родители го застапуваа ова мислење, Вилхелм Хансен, предавач, издавач и професор по психологија, не се согласувал со тоа. Тој пишувал: „За детето во неговата рана фаза, во времето кога сѐ уште е пресуден неговиот однос кон родителите, ‚лошо‘ е она што родителите го забрануваат, а ‚добро‘ е она што тие го препорачуваат или фалат. Според тоа, послушноста е единствениот пат кон моралност и основните доблести на детето, од чие постоење зависи неговиот однос спрема моралниот поредок“. (Спореди Соломонови изреки 22:16.)

Божјата Реч ја нагласува потребата да се научи послушноста. Читаме: „Знам, О ГОСПОДИ, дека човековите патишта не се во негов избор; ниту е за човека да го одредува својот пат во животот“ (Јеремија 10:23, The New English Bible). Историјата е полна со примери кадешто луѓето го кроеле својот животен пат според лични мерила и поради тоа запаѓале во сериозни тешкотии. Зошто тоа се случувало толку често? Затоа што на луѓето им недостига спознание, мудрост и разбирање за да без помош го кројат својот начин на живот. Што е уште полошо, тие имаат наследена склоност да донесуваат погрешни одлуки. Непосредно по Потопот, Јехова рекол за човекот: „Помислите на срцето човечко се зли уште од младини“ (1. Мојсеева 8:21).

Затоа, никој не ја наследува склоноста да го слуша Јехова. Треба да го всадиме тоа во нашите деца и да ги поучуваме за тоа целиот свој живот. Секој од нас треба да ја негува состојбата на срцето како цар Давид, кој напишал: „Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“ (Псалми 24:4, 5).

Учи на послушност со личен пример

Исусовата мајка и очув добро знаеле под какви околности било Исусовото раѓање. Оттука сфатиле дека тој треба да одигра важна улога во исполнувањето на Јеховините намери. (Спореди Лука 1:35, 46, 47.) Во нивниот случај зборовите „Ете, наследството Господово се синовите“, имале единствено значење (Псалми 126:3). Потполно ја спознале нивната огромна одговорност и така веднаш ги послушале божествените упатства, како она кога им било речено да бегаат во Египет или, подоцна, да одат во Галилеја (Матеј 2:1-23).

Исусовите родители, исто така, ја спознале нивната одговорност во поглед на воспитувањето. Вистина, за време на своето претчовечко постоење Исус секогаш бил послушен. Но додека бил на Земјата, научил да биде послушен под потполно нови околности. Како прво, требало да ги слуша своите несовршени родители, зашто дури и на совршено дете му е потребно одгледување во вид на поучување и воспитување. Родителите тоа и му го пружиле. Од друга страна, воспитување во вид на казна било непотребно. Исус секогаш слушал; никогаш не требало да му се каже двапати. Читаме: „И слезе со нив [со своите родители], па дојде во Назарет; и им беше послушен“ (Лука 2:51).

Јосиф и Марија, исто така, знаеле како да го поучуваат Исус со пример. На пример, читаме дека ‚неговите родители секоја година оделе во Ерусалим на празникот Пасха‘ (Лука 2:41). Со тоа што правел подготовки да го поведе своето семејство, Јосиф покажал дека бил заинтересиран за нивното духовно добро и дека сериозно го сфаќал Јеховиното обожавање. На сличен начин, со личната послушност во поглед на обожавањето, родителите денес можат да ги учат своите деца на послушност.

Бидејќи Јосиф и Марија добро го воспитувале во праведност, „Исус . . . напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето“. Колку убав пример што можат да го следат христијанските родители денес! (Лука 2:52).

„Послушни во сѐ“

„Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господа!“ (Колосјаните 3:20). Исус можел да им биде послушен на родителите во сѐ, затоа што нивната послушност спрема Јехова не дозволувала од Исус — или од неговите полубраќа и полусестри — да бараат нешто што е спротивно на Јеховината волја.

Многу родители денес, исто така успешно ги учат своите деца да бидат послушни во сѐ. Слушни тројца татковци кои ги имаат зад себе деновите кога подигале деца и сега служат во некоја од подружниците на Друштвото Стражарска кула.

Тео зборува за тоа како тој и неговата жена подигнале пет сина. Тој вели: „Важно е уште од почеток на децата да им се каже дека ние возрасните исто правиме грешки. За жал, дури и ги повторуваме и постојано мораме да го молиме нашиот небесен Татко за простување и помош. Намерно им дозволувавме на нашите деца да видат дека исто како што тие се борат со грижите на младоста, така и ние се бориме со грижите на возрасните“.

Ако детето треба да се научи на послушност, животоважен е доброљубивиот однос помеѓу него и неговите родители. Херман за својата жена вели: „Таа на момчињата им беше не само мајка, туку и нивни пријател. Тие го ценеа тоа, и затоа не им беше тешко да бидат послушни“. Потоа додава практичен совет за тоа како да се подобри односот родител–дете: „Намерно бевме повеќе години без машина за миење садови, така што садовите мораше да се мијат и бришат на раце. Нашите синови имаа задача да ги бришат, и тоа на смени. Тоа беше најдобро време за слободна комуникација“.

Доброљубивиот однос родител–дете служи како модел за односот којшто еден христијанин мора да го има со Јехова. Рудолф објаснува како тој и неговата сопруга се труделе да им помогнат на своите две момчиња да создадат таков однос: „Нашиот темел беше редовната семејна студија. На децата им дававме бројни прикладни теми за истражување. Исто така, заедно ја читавме Библијата и потоа дискутиравме за материјалот. Нашите синови можеа да видат дека Јехова очекува послушност и од родителите, а не само од децата“.

Христијанските родители увидуваат дека инспирираниот стих „Карањата на воспитот се патот на животот“ (NW), може да се примени и на нив како и на нивните деца. Така, додека децата ја имаат обврската да ги слушаат своите родители, родителите мораат исто така да го слушаат Јехова во сѐ што тој бара од нив. Освен јакнењето на односот родител–дете, родителите и децата ќе сакаат да го зајакнат својот однос со Бог (Соломонови изреки 6:23).

Гледај позитивно на послушноста

Колку можеме да бидеме благодарни што Божјата Реч дава таков практичен совет за подигање на децата! (Види ја рамката.) Децата кои се учат на послушност од родители кои ги воспитуваат во праведност, се вистински извор на радост за целото христијанско братство.

Бидејќи послушноста спрема Бог значи живот, треба да избегнуваме да си играме со замислата да ги исклучиме ограничувањата коишто Божјите заповеди ги поставуваат врз нашата лична слобода — дури ни за момент. На пример, замисли си да можеме накратко да го запреме законот на гравитација. Колку би ни било возбудливо да се развеселиме издигнувајќи се од планинскиот врв во воздух и ништо да не ја спречува нашата слобода! Но, што би се случило штом работите се вратат во нормалната состојба? Помисли на падот кој би нѐ очекувал!

Учењето на послушност со прифаќање на стега, придонесува да се развие урамнотежена личност и ни помага да ги научиме нашите граници. Тоа ни помага да избегнуваме да бараме многу и да бидеме неосетливи спрема правата и потребите на другите. Тоа ни помага да ги избегнуваме нападите на несигурност. Накусо речено, тоа доведува до среќа.

Затоа, сеедно дали си возрасен или дете, научи се на послушност со прифаќање на стега „за да ти биде добро“ и, „да живееш долго на земјата“ (Ефесјаните 6:1-3). Кој сака да го загрози својот изглед на вечен живот без да се научи на послушност со прифаќање на стега? (Јован 11:26).

[Рамка на страница 29]

РОДИТЕЛИ, УЧЕТЕ НА ПОСЛУШНОСТ СО ВОСПИТУВАЊЕ ВО ПРАВЕДНОСТ

1. Воспитувајте на темел на библиските закони и начела

2. Воспитувајте не само барајќи послушност, туку и објаснувајте зошто послушноста е мудар пат (Матеј 11:19б)

3. Не воспитувајте ниту во гнев ниту со викање (Ефесјаните 4:31, 32)

4. Воспитувајте во срдечноста на доброљубив и обѕирен однос (Колосјаните 3:21; 1. Солунјаните 2:7, 8; Евреите 12:5-8)

5. Воспитувајте ги децата уште од детството (2. Тимотеј 3:14, 15)

6. Воспитувајте постојано и доследно (5. Мојсеева 6:6-9; 1. Солунјаните 2:11, 12)

7. Воспитајте се прво себеси и така поучувајте со пример (Јован 13:15; спореди Матеј 23:2, 3)

8. Воспитувајте со полна доверба во Јехова, барајќи негова помош во молитва (Судии 13:8-10)

[Слика на страница 28]

„Карањата на воспитот се патот на животот“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели