ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/12 стр. 12-17
  • „Донесете ги сите десетоци пред вратите“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Донесете ги сите десетоци пред вратите“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Доаѓање во духовниот храм
  • Дело на прочистување
  • Жртви и десетоци
  • Благословени, дури и на претек
  • Јеховиниот благослов збогатува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Што вели Библијата за давањето десеток?
    Одговор на библиски прашања
  • „Благослов додека не биде доста“
    Живеј со Јеховиниот ден во мислите
  • Како можеме да му се оддолжиме на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/12 стр. 12-17

„Донесете ги сите десетоци пред вратите“

„Барем во тоа испитајте Ме, . . . зар нема да ги отворам отворите небески“ (МАЛАХИЈА 3:10).

1. а) Каков повик му упатил Јехова на својот народ во петтиот век пр. н. е.? б) Кој бил резултатот на Јеховиното доаѓање во храмот за да суди, во првиот век н. е.?

ВО ПЕТТИОТ век пр. н. е., Израелците му биле неверни на Јехова. Тие ги задржувале десетоците и за жртви во храмот донесувале неприкладни животни. Сепак, Јехова ветил дека, ако го донесат целиот десеток во складиштето, тој ќе излие благослов па дури ќе има на претек (Малахија 3:8-10). По околу 500 години, Јехова, застапен од Исус како Негов гласник на сојузот, дошол во храмот во Ерусалим за да суди (Малахија 3:1). Се покажало дека Израел, како нација, е недостатен, но оние поединци кои се вратиле кај Јехова биле богато благословени (Малахија 3:7). Тие биле помазани да станат Јеховини духовни синови, нова творба, ‚Израел Божји‘ (Галатјаните 6:16; Римјаните 3:25, 26).

2. Кога требало Малахија 3:1-10 да има второ исполнување, и на што сме повикани да направиме во врска со тоа?

2 Скоро 1.900 години после тоа, Исус бил устоличен за Цар на Божјето небесно Царство, и божествено инспирираните зборови во Малахија 3:1-10 требало да имаат второ исполнување. Поврзано со овој возбудлив настан, христијаните денес се повикани да го донесат целиот десеток во складиштето. Ако го правиме тоа, и ние ќе се радуваме на благослови сѐ додека не претече.

3. Кој бил гласникот кој го подготвувал патот пред Јехова а) во првиот век? б) пред Првата светска војна?

3 Во врска со неговото доаѓање во храмот, Јехова рекол: „Ете, Јас ќе го испратам ангелот [гласникот, NW] Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене“ (Малахија 3:1). Како исполнување на тоа пророштво од првиот век, Јован Крстител дошол во Израел за да проповеда покајание од гревовите (Марко 1:2, 3). Дали постоело подготвително дело во врска со второто доаѓање на Јехова во неговиот храм? Да. Во децениите пред I Светска војна, на светската сцена се појавиле Истражувачите на Библијата, учејќи чиста библиска наука и откривајќи ги лагите кои го срамотат Бог, како што се науките за тројство и за пеколен оган. Тие исто така предупредувале на претстојниот крај на Времињата на народите во 1914. Многумина се оѕвале на тие светлоносци на вистината (Псалми 42:3; Матеј 5:14, 16).

4. Кое прашање требало да се реши во текот на Господовиот ден?

4 Годината 1914 започна со она што Библијата го нарекува „ден Господов“ (Откривење 1:10, Ст). Требало да се одиграат значајни настани во текот на тој ден, вклучувајќи го идентификувањето на „верниот и разумен роб“ и неговото поставување „над сиот [Господаров] имот“ (Матеј 24:45-47, NW). Во 1914, илјадници цркви тврдеа дека се христијански. Која група ќе биде призната од Господарот, Исус Христос, за негов верен и разумен роб? Тоа прашање требало да се реши кога Јехова ќе дојдел во храмот.

Доаѓање во духовниот храм

5, 6. а) Во кој храм дошол Јехова да суди? б) Каков суд примило христијанството од Јехова?

5 Но, во кој храм дошол тој? Јасно, не во дословниот храм во Ерусалим. Последниот од тие храмови бил уништен во 70. н. е. Меѓутоа, Јехова има поголем храм кој бил предочен со оној во Ерусалим. Павле зборувал за тој поголем храм и покажал колку е навистина величествен, сместен на небото со предворје овде на Земјата (Евреите 9:11, 12, 24; 10:19, 20). Во овој голем духовен храм Јехова дошол да изврши дело на судење. (Спореди Откровение 11:1; 15:8.)

6 Кога се случило тоа? Според расположливите докази, во 1918.a Кој бил резултатот? Што се однесува до христијанството, Јехова видел организација од чии раце капела крв, расипан религиозен систем кој се проституирал со овој свет, стапувајќи во сојузи со богатите и угнетувајќи ги сиромасите, учејќи пагански науки наместо да врши чисто обожавање (Јаков 1:27; 4:4). Преку Малахија, Јехова предупредил: „Ќе биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците“ (Малахија 3:5). Христијанството го направило сето тоа, а и уште полошо. До 1919 јасно се гледало дека Јехова го осудил на уништување заедно со останатиот дел од Големиот Вавилон, светското уредување на лажната религија. Оттогаш бил упатуван повик до оние со исправни срца: „Излезете од неа, луѓе Мои“ (Откровение 18:1, 4).

7. Кого Исус го признал за свој верен и разумен роб?

7 Тогаш, кој бил верниот и разумен роб? Во првиот век тој започнал со малата група која се оѕвала на делото на сведочење на Јован Крстител и на Исус, гласникот на сојузот. Во нашиот век, биле тоа неколкуте илјади кои одговориле на подготвителното дело на Истражувачите на Библијата во текот на годините до 1914. Тие поднеле сурови искушенија во текот на I Светска војна, но покажале дека нивното срце било со Јехова.

Дело на прочистување

8, 9. Во кој поглед на верниот и разумен роб му требало прочистување во 1918, и какво ветување дал Јехова во овој поглед?

8 Меѓутоа, дури и оваа група требало да биде исчистена. Некои кои им се придружиле, се покажале како непријатели на верата и морале да бидат отстранети (Филипјаните 3:18). Други не биле спремни да ги преземат одговорностите кои биле вклучени во служењето на Јехова и заскитале (Евреите 2:1). Освен тоа, останале и вавилонски обичаи кои требало да се отстранат. Верниот и разумен роб морало да се прочисти и организациски поглед. Морало да се научи и да се применува исправен став на неутралност спрема овој свет. И како што светот станувал сѐ порасипан, требало да водат тешка борба за да ги чуваат собранијата од морална и духовна нечистотија. (Спореди Јуда 3, 4.)

9 Да, било потребно прочистување, но Јехова, во врска со устоличениот Исус, љубезно ветил: „Ќе седне Он да претопува и да чисти сребро, и ќе ги очисти синовите на Левија и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда“ (Малахија 3:3). Почнувајќи од 1918, Јехова, преку овој гласник на сојузот, го исполнил своето ветување и го прочистил својот народ.

10. Каква жртва принел Божјиот народ, и каква покана им упатил Јехова?

10 Помазаните Христови браќа и големото мноштво кое подоцна им се придружило во Јеховината служба, имале корист од Јеховината улога на чистач и прочистувач на сребро (Откровение 7:9, 14, 15). Како организација, тие дошле, и сѐ уште доаѓаат, принесувајќи жртвен принос во праведност. А нивната жртва му е „пријатна на Господа . . . како во старите времиња и како во поранешните години“ (Малахија 3:4). Нив Јехова пророчки ги поканил: „Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?“ (Малахија 3:10).

Жртви и десетоци

11. Зошто повеќе не се бараат жртви според системот на Мозаитскиот закон?

11 Во времето на Малахија, Божјиот народ носел дословни жртви и десетоци, како жито, овошје и добиток. Дури и во времето на Исус, верните Израелци давале дословни жртви во храмот. Меѓутоа, после Исусовата смрт сето тоа се изменило. Законот бил укинат, вклучувајќи ја заповедта за принесување на посебни материјални жртви и десетоци (Ефесјаните 2:15). Исус го исполнил пророчкиот вид жртви какви што се барале под Законот (Ефесјаните 5:2; Евреите 10:1, 2, 10). Тогаш, на кој начин можат христијаните да принесуваат жртви и десетоци?

12. Каков вид духовни приноси и жртви принесуваат христијаните?

12 За нив, жртвите, на еден извонреден начин, се од духовна природа. (Спореди Филипјаните 2:17; 2. Тимотеј 4:6.) На пример, за делото на проповедање Павле зборувал како за жртва, велејќи: „Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат името Негово“. Тој укажал и на еден друг вид духовна жртва кога поттикнувал: „Доброчинството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога“ (Евреите 13:15, 16). Кога родителите ги поттикнуваат своите деца да стапат во пионерска служба, може да се каже дека му ги жртвуваат на Јехова, исто како што Ефтај ја понудил својата ќерка како „жртва сепаленица“ на Бог кој му ја дал победата (Судии Израилеви 11:30, 31, 39).

13. Зошто од христијаните не се бара да даваат дословна десетина од својот приход?

13 Но, што е со десетоците? Дали христијаните се обврзани да ставаат настрана една десетина од својот материјален приход, па да го дадат на Јеховината организација, како што се прави во некои цркви на т.н. христијанство? Не, тоа не се бара. Не постои библиски стих кој наведува такво правило за христијаните. Кога Павле собирал прилози за оние што биле во оскудица во Јудеја, не споменал некаков конкретен процент кој би требало да се даде. Наместо тоа, рекол: „Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава“ (2. Коринтјаните 9:7). Кога зборувал за оние кои се во посебни служби, Павле покажал дека, иако некои доста добро биле издржувани од доброволни прилози, тој бил спремен да работи и самиот да се издржува (Дела на св. апостоли 18:3, 4; 1. Коринтјаните 9:13-15). Немало пропишани десетоци за таа намена.

14. а) Зошто принесување на десеток не значи да му дадеме сѐ на Јехова? б) Што е претставено со десетокот?

14 Јасно дека за христијаните десетокот симболизира, односно претставува нешто. Бидејќи тоа е една десетина, а бројот десет во Библијата често симболизира земска потполност, дали десетокот значи дека треба да му дадеме сѐ на Јехова? Не. Кога му се предаваме на Јехова и тоа го симболизираме со крштевање во вода, тогаш сѐ што имаме му даваме нему. Од времето на нашето предание, немаме ништо што не е веќе Јеховино. Меѓутоа, Јехова му дозволува на секој поединец да изврши распределба на она што е негово. Затоа десетокот го претставува оној дел од она што е наше, а кој му го носиме на Јехова, односно го употребуваме во Јеховината служба, како знак на нашата љубов кон него и како знак на наше признавање на фактот дека му припаѓаме нему. Денешниот десеток не мора да биде само една десеттина. Во некои случаи ќе биде помалку, а во други повеќе. Секој поединец принесува она што неговото срце го наведува да го принесе и она што неговите околности го дозволуваат.

15, 16. Што е вклучено во нашиот духовен десеток?

15 Што е вклучено во овој духовен десеток? Како прво, на Јехова му даваме од нашето време и енергија. Времето што го поминуваме на состаноците, во посетување на собирите и конгресите, во службата на проповедање, сето тоа е нешто што му го даваме на Јехова — дел од нашиот десеток. Времето и енергијата што ги трошиме за посетување на болните и во помагање на другите — исто така, тие се дел од нашиот десеток. Помагањето при изградбата на Царски сали и учествувањето во работата на одржување и чистење на салите е исто така дел.

16 Нашиот десеток ги вклучува и нашите финансиски прилози. Со извонредниот пораст на Јеховината организација во последниве години, пораснаа финансиските обврски. Потребни се нови Царски сали, нови простории за подружници и нови конгресни сали, како и одржување на оние што веќе се изградени. Покривањето на трошоците што ги имаат оние кои се ставиле на располагање за специјална служба — кои често прават огромни лични жртви за тоа — исто така претставува огромен предизвик. Во 1991 само трошоците за издржување на мисионери, патувачки надгледници и специјални пионери достигнаа преку 40 милиони долари, а сето тоа беше покриено со доброволни прилози.

17. Колку точно треба да дадеме како наш духовен десеток?

17 Колку точно треба да дадеме како наш духовен десеток? Јехова не одредува некаков процент. Сепак, чувството на оддаденост, вистинската љубов спрема Јехова и браќата, како и чувството за итноста поради сфаќањето дека има животи кои треба да се спасат, нѐ поттикнуваат да го донесеме целиот наш духовен десеток. Се чувствуваме поттикнати на Јехова да му служиме во најголемата можна мера. Кога себеси или нашите средства би ги давале скржаво или со жалење, тоа би било исто како да крадеме од Бог. (Спореди Лука 21:1-4.)

Благословени, дури и на претек

18, 19. Како бил благословен Јеховиниот народ заради принесувањето на целиот нивни десеток?

18 Од 1919, Јеховиниот народ со своето време, енергија и финансиски средства дарежливо се оѕвал на потребите на делото на проповедање. Тие навистина го донеле целиот десеток во складиштето. Како резултат на тоа, Јехова го исполнил своето ветување и излил благослов дури на претек. Тоа се гледа на многу возбудлив начин во порастот на нивниот број. Малкуте илјади помазаници кои му служеле на Јехова кога тој дошол во својот храм во 1918, денес бројно се зголемиле на преку четири милиони помазаници заедно со нивните придружници, другите овци, во 211 различни земји (Исаија 60:22). И тие се благословени со постојан раст во разбирањето на вистината. Пророчката реч им станала посигурна. Нивната доверба дека Јеховините намери ќе се исполнат, е цврсто утврдена (2. Петрово 1:19). Навистина се народ ‚научен од Господа [Јехова, NW]‘ (Исаија 54:13).

19 Преку Малахија, Јехова прорекол еден понатамошен благослов: „Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува споменкнига за оние што се бојат од Бога и го почитуваат [размислуваат за, NW] името Негово“ (Малахија 3:16). Меѓу сите организации кои тврдат дека се христијански, само Јеховините сведоци и размислуваат за неговото име и го величаат меѓу нациите (Псалми 33:3). Колку се среќни што се што се уверени дека Јехова се сеќава на нивната верност!

20, 21. а) На каков благословен однос се радуваат вистинските христијани? б) Која разлика станува сѐ појасна во врска со т.н. христијанство?

20 Помазаниот остаток е Јеховин посебен народ, а големото мноштво, кое им се придружува, со нив ги жнее благословите од чистото обожавање (Захарија 8:23). Преку Малахија, Јехова ветува: „Тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што ќе го приготвам, и ќе ги милувам како што татко го милува синот свој, кој му служи“ (Малахија 3:17). Колкав благослов што Јехова толку нежно се грижи за нив!

21 Навистина, разликата помеѓу вистинските и лажните христијани станува сѐ појасна. Додека Јеховиниот народ се стреми да ги држи своите мерила, т.н. христијанство пропаѓа сѐ повеќе во мочуриштето на нечистотијата на овој свет. Вистина, Јеховините зборови се покажале вистинити: „Тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи“ (Малахија 3:18).

22. За какви благослови можеме да бидеме сигурни дека ќе ги уживаме ако продолжиме да го принесуваме целиот десеток?

22 Набргу, за лажните христијани ќе дојде ден на пресметка. „Ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот“ (Малахија 4:1). Јеховиниот народ знае дека тој ќе ги заштити во тоа време, како што ја заштитил својата духовна нација во 70. н. е. (Малахија 4:2). Колку се среќни што имаат такво уверување! Затоа, до тоа време нека секој од нас го покаже своето ценење и љубов спрема Јехова со принесување на целиот десеток во складиштето. Тогаш ќе можеме да бидеме сигурни дека тој ќе продолжи да нѐ благословува додека не претече.

[Фуснота]

a За натамошни информации, види Стражарска кула од 1. октомври 1987, стр. 23-28.

Можеш ли да објасниш?

◻ Кога дошол Јехова во храмот со својот гласник на сојузот, во денешно време?

◻ Кој е верниот и разумен роб, и какво прочистување му било потребно по 1918?

◻ Какви духовни жртви му принесуваат вистинските христијани на Јехова?

◻ Што е десетокот за кој се повикани христијаните да го донесат во складиштето?

◻ На какви благослови се радува Божјиот народ со тоа што жртвува духовни десетоци?

[Слика на страница 15]

Нашите духовни десетоци вклучуваат жртвување на нашите сили и средства за градење на Царски сали

[Слика на страница 16]

Поради Јеховиниот благослов на својот народ, било потребно многу градење, вклучувајќи Царски и конгресни сали

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели