ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/12 стр. 21-25
  • Радоста што ми ја донесе служењето на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радоста што ми ја донесе служењето на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Детството во САД
  • Од радиото в затвор
  • Полновремената служба
  • Родителството и проповедање под забрана
  • Одгледување на децата во САД
  • Служење во Перу
  • Еквадор нѐ повикува
  • Богат, наградувачки живот
  • Да се бара најнапред Царството — сигурен и среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Да се држат очите и срцето вперени кон наградата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Стремење кон цел поставена на шестгодишна возраст
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Твојата срдечна љубезност е подобра од животот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/12 стр. 21-25

Радоста што ми ја донесе служењето на Јехова

РАСКАЖАЛ ЏОРЏ БРАМЛИ

Само што ја завршив наставата по техника со младите полициски кадети на царот Хаиле Селасие, еден од нив насамо ми рече оти знаел дека сум мисионер на Јеховините сведоци. „Дали би сакале да ја проучувате Библијата со мене?“ — копнежливо ме запраша.

БИДЕЈЌИ нашето дело во Етиопија тогаш беше забрането, ако властите дознаеја за мене, можев да бидам истеран од земјата, како што беше случај со другите Сведоци. Се прашував дали ученикот е искрен или е владин агент испратен да ме намами. Како глава на семејството со три мали деца кои требаше да се одгледуваат, се плашев од помислата да ја изгубам работата и да бидам присилен да ја напуштам земјата и браќата кои сѐ повеќе ги сакав.

‚Но‘, би можел да прашаш, ‚како тоа еден Американец со семејство кое треба да се издржува, сака да живее во северна Африка, далеку од својот дом и од роднините?‘ Дозволете ми да објаснам.

Детството во САД

Во 1920-тите години, кога сѐ уште одев во основно училиште, татко ми се претплати на списанието Стражарска кула и доби еден комплет од Студии на Писмото (Studies in the Scriptures). Тој желно ги читаше и „голташе“ книгите. Инаку, беше духовита и палава личност, што се гледаше од шегите што ги правеше со посетителите коишто ги покануваше во неделите. Имаше прекрасна книга во кожени корици, на чија предна страна и на ’рбетот со златни букви пишуваше „Свето писмо“. Ќе го започнеше разговорот со зборовите: „Па, недела е. Дали би сакал да ни прочиташ неколку стиха?“

Посетителот секогаш ќе се согласеше, но кога ќе ја отвореше книгата, ќе видеше дека ниедна од страниците немаше отпечатен текст! Се разбира, лицето беше изненадено. Татко ми тогаш ќе речеше дека ‚проповедниците ништо не знаат за Библијата‘, а потоа ќе донесеше друг примерок и ја читаше 1. Мојсеева 2:7. Таму, опишувајќи го создавањето на првиот човек, Библијата вели: „Човекот стана жива душа“ (1. Мојсеева 2:7).

Татко ми ќе објаснеше дека човекот нема душа, туку тој самиот е душа, дека платата за грев е смрт и дека штом човек ќе умре, тој навистина е мртов, потполно несвесен за ништо (Проповедник 9:5, 10; Езекиил 18:4; Римјаните 6:23). Уште пред да научам да читам, напамет ја научив 1. Мојсеева 2:7. Тоа се моите први спомени на вистинската радост од познавањето на библиските вистини и да се споделуваат со другите.

Бидејќи тогаш дома добивавме Стражарска кула, целото семејство почна да се радува на оваа духовна исхрана. Баба ми, од страната на мајка ми, живееше со нас, и таа стана првиот објавител на добрата вест во нашето семејство. Во Карбондејл, Илиноис, кадешто живеевме, не постоеше собрание, но се одржуваа неформални состаноци. Мајка ми ќе нѐ земеше нас, петте деца, и ќе нѐ однесеше на другата страна на градот кадешто постари госпоѓи водеа студија на Стражарска кула. Така почнавме и ние да учествуваме во службата на проповедање.

Од радиото в затвор

Се оженив во 1937, кога имав само 17 години. Се трудев да заработам за живеачка, поправајќи радиоапарати, а давав и подука во тој занает. По раѓањето на двете деца, Пеги и Хенк, мојот брак заврши. Разводот беше по моја вина; не водев христијански живот. Фактот дека не ги добив моите две постари деца, за да се грижам за нив, ме болеше цел живот.

Дојде Втората светска војна која ме поттикна да размислувам за многу работи. Воени групи ми нудеа прилика да станам поручник и да поучувам регрути за радио-врски, но грижата за тоа што Јехова мисли за војната, ме натера да почнам да му се молам секој ден. Мојата претплата на Стражарска кула истече, а Лусил Хеворт го доби известувањето за истекувањето, па ме посети. Пери Хеворт, татко ѝ на Лусил, и повеќето од нејзиното големо семејство, беа Сведоци уште од 1930-тите. Лусил и јас се заљубивме и, така во декември 1943, се венчавме.

Во 1944 се крстив и ѝ се придружив на мојата сопруга во полновремената служба како пионер. Наскоро бев повикан во војска, но одбив да бидам регрутиран. Како последица на тоа, добив казна затвор од три години во федералниот затвор во Ел Рено, Оклахома. Беше радост да се страда за Јехова. Секое утро, штом ќе се разбудев и ќе сфатев каде се наоѓам и зошто, чувствував длабоко задоволство и му благодарев на Јехова. По војната, оние меѓу нас кои имаа преку 25 години, постепено беа условно отпуштани. Ме ослободија во февруари 1946.

Полновремената служба

Кога повторно ѝ се придружив на Лусил, таа беше пионерка во гратчето Вагонер, Оклахома. Немавме автомобил, па насекаде одевме пеш, а го обработувавме целиот град. Подоцна се преселивме во Вивока, Оклахома. Наскоро добив работа во блиската радиостаница и почнав да работам на радиоемисии. Да работиш шест часа дневно и да бидеш пионер не беше лесно, но се радувавме на предноста што му служиме на Јехова. Успеавме да купиме еден стар автомобил токму спроти конгресот во Лос Ангелес 1947. Таму почнавме да размислуваме да се пријавиме во Библиската школа Гилеад на Друштвото Стражарска кула за да се оспособиме за мисионери.

Увидовме дека тоа би бил голем чекор, па не сакавме да се брзаме со одлуката да ги напуштиме САД. Сѐ уште патев што ги изгубив моите деца, и затоа уште еднаш се обидовме да го добиеме старателството за нив. Поради мојот поранешен начин на живот и затворското досие, тоа беше безуспешно. Затоа, одлучивме да станеме мисионери. Бевме повикани во 12. клас на Гилеад.

Дипломиравме во 1949, но прво бевме доделени да ги посетуваме собранијата во Тенеси. По три години во патувачкото дело во САД, добивме писмо од канцеларијата на претседателот на Друштвото Стражарска кула, во кое бевме замолени ако би сакале да работиме во училиште во Етиопија, а покрај тоа да работиме во делото на проповедање. Едно од барањата на тамошната влада беше мисионерите да држат настава. Се согласивме, и во летото 1952 заминавме за Етиопија.

Кога отидовме во Етиопија, претпладне држевме настава во основно училиште, а попладне водевме бесплатни библиски часови. Наскоро, на библиските студии почнаа да доаѓаат толку многу, што честопати поучувавме за Библијата три или четири часа секој ден. Некои од учениците беа полицајци; други беа учители или ѓакони во мисионерските училишта или во етиопските православни училишта. Повремено, имаше и по 20 или повеќе ученици во секое одделение за проучување на Библијата! Голем број од учениците ја напуштија лажната религија и започнаа да му служат на Јехова. Бевме восхитени. И повторно, секое утро кога се будев, му благодарев на Јехова.

Родителството и проповедање под забрана

Во 1954 дознавме дека ќе станеме родители, и затоа моравме да одлучиме дали ќе се вратиме во САД или ќе останеме во Етиопија. Се разбира, останувањето би зависело од тоа дали ќе најдам световна работа. Добив работа како инженер на радиото и водев една радиостаница за царот Хаиле Селасие. Така останавме.

На 8. септември 1954 се роди нашата ќерка Џудит. Мислев дека имам сигурна работа, затоа што работев за царот, но по две години ја изгубив. Сепак, за помалку од еден месец бев најмен од полицискиот отсек — и тоа за висока плата — да поучувам еден клас млади луѓе за поправање на двонасочни радиоуреди. Наредните три години се родија нашите синови Филип и Лесли.

Во меѓувреме, нашата слобода да се ангажираме во делото на проповедање, се менуваше. Етиопската православна црква ја наговори владата да ги истера сите мисионери на Јеховините сведоци. На совет од Друштвото, ја променив мојата виза од мисионерско дело на световно вработување. Нашето мисионерско дело беше забрането, па моравме да бидеме претпазливи и дискретни. Сите собраниски состаноци продолжија, но се среќававме во мали групи.

Полицијата пребаруваше различни домови на осомничени Сведоци. Меѓутоа, еден полициски поручник, кој беше Јеховин обожавател а за кого полицијата не знаеше, секогаш ни јавуваше кога се планираа ненадејни претреси. Како последица на тоа, во тие години не беше запленета никаква литература. Студиите на Стражарска кула ги одржувавме во неделите, така што одевме во ресторани на периферијата од градот, кадешто можеа да се добијат пикник маси за јадење надвор.

Токму во тоа време, кога имав радиообука со полициските кадети, ученикот што го споменав на почетокот ме замоли за библиска студија. Претпоставував дека беше искрен, и така почнавме. По само две одржани студии, со него дојде и друг ученик, а потоа и трет. Ги предупредив никогаш и никому да не кажуваат дека проучуваат со мене, и тие ме послушаа.

Во 1958, на њујоршките стадиони Јенки и Поло Граундз, се одржа меѓународниот конгрес „Божествена волја“. Во меѓувреме, Пеги и Хенк, како и многу други членови од моето големо семејство, станаа активни Сведоци. Колкаво задоволство чувствував што имав можност да бидам присутен! Се радував не само поради повторното обединување со моите две постари деца и постарите членови од семејството, туку беше возбудливо да се види и огромното мноштво од преку четврт милион луѓе, собрани на последниот ден од конгресот!

Следната година, во Етиопија дојде да нѐ посети претседателот на Друштвото, Натан Х. Нор. Тој ни даде одлични предлози како да се грижиме за делото под забрана, а исто така беше заинтересиран за нашето семејство и за тоа како напредуваме духовно. Му објаснив дека ги учиме децата да се молат. Прашав дали би сакал да чуе како Џудит се моли. Тој се согласи, а потоа ѝ рече: „Многу убаво, Џудит.“ Потоа, на ручекот го замолив брат Нор да се помоли за нас, и кога заврши, Џудит рече: „Многу убаво, брате Нор!“

Одгледување на децата во САД

Мојот договор со полицискиот отсек заврши во 1959. Сакавме да останеме, но владата не сакаше да одобри било каков нов договор со мене. Каде да одам? Се обидов да направам договор во други земји кадешто имаше голема потреба од браќа, но не успеав. Нажалени, се вративме во САД. На пристигнувањето имавме радосно, повторно семејно обединување; сите мои пет деца се запознаа и се засакаа уште на прво видување. Оттогаш се многу поврзани.

Се населивме во Вичита, Канзас, кадешто најдов работа како радиоинженер и диск џокеј. Лусил се прилагоди на домашните обврски, а децата одеа во едно училиште што беше близу нашиот стан. Секој понеделник навечер водев семејна студија на Стражарска кула, и секогаш се обидував да ја направам жива и интересна. Секојдневно проверувавме дали имале проблеми на училиште.

Кога децата се вклучија во Теократската школа на проповедање, таа обука им помогна во нивното школување. Ги обучувавме уште од детството во службата на проповедање. Научија да нудат библиска литература на врата и одеа со нас на библиски студии.

Исто така, се трудевме да ги поучиме децата на основни работи за животот, објаснувајќи им дека секое од нив не може секогаш да го има она што го имаат другите. На пример, не беше можно секогаш сите да го добијат истиот подарок. „Ако вашето братче или сестричка добие играчка“ — резониравме со нив — „и ако другите не ја добиле, дали е исправно да се жалите?“ Се разбира, другпат другите деца ќе добиеја нешто, така што ниедно не беше запоставено. Секогаш ги сакавме сите нив и никогаш не го стававме едното пред останатите две.

На другите деца понекогаш им беше дозволено да прават работи коишто на нашите деца не им беа допуштени. Честопати ќе чуев: „Тој и тој може, а зошто ние не можеме?“ Се обидував да објаснам, но понекогаш одговорот едноставно мораше да биде: „Вие не сте во тоа семејство; вие сте Брамли. Ние имаме поинакви правила“.

Служење во Перу

Уште од враќањето од Етиопија, Лусил и јас копнеевме повторно да учествуваме во мисионерското дело. Најпосле, во 1972 се отвори прилика да одиме во Перу, Јужна Америка. Не можевме да избереме подобро место за одгледување на нашите деца во текот на нивните тинејџерски години. Друштвото што го уживаа со мисионерите, специјалните пионери и другите кои дојдоа во Перу да служат, им помогна од прва рака да видат колку се радосни оние кои навистина ги ставаат интересите на Царството на прво место. Своето друштво Филип го нарече ‚позитивен притисок од врсниците‘.

По некое време, некои стари пријатели од Канзас кога дознаа колкав успех имаме во службата за Царството, ни се придружија во Перу. Нашиот дом го организирав како мисионерски дом. На секого му беа доделени должности, така што сите имаа време да се радуваат на службата на проповедање. Секое утро дискутиравме за некој библиски стих на масата. Тоа беше толку среќно време за сите нас. И повторно, кога ќе станев наутро и ќе се освестев каде сум и зошто, тивко му упатував длабока благодарност на Јехова.

Со текот на времето, Џудит се омажи и се врати во САД кадешто продолжи со полновремената служба. После три години специјална пионерска служба, Филип поднесе молба и беше примен во бетелската служба во Бруклин, Њујорк. Најпосле, и Лесли се врати во САД. Си заминаа со измешани чувства и често пати ни рекле дека тоа што сме ги одвеле во Перу, било најдоброто нешто што некогаш сме го сториле за нив.

Кога се влоши економската ситуација во Перу, сфативме дека и ние ќе мораме да заминеме. При враќањето во Вичита 1978, најдовме една група Сведоци кои зборуваа шпански. Нѐ замолија да останеме и да им помогнеме, а ние тоа радо го направивме. Беше основано собрание кое го засакавме како и оние каде што служевме пред тоа.

Еквадор нѐ повикува

И покрај еден шок кој ме остави делумно парализиран, копнежливо се надевав дека Лусил и јас би можеле повторно да служиме во друга земја. Во 1984 еден патувачки надгледник ни кажа за порастот во Еквадор и за тамошната потреба од христијански надгледници. Укажав на тоа дека малку би можел да направам во службата на проповедање поради мојата куцавост, но тој ме уверуваше дека дури и еден 65-годишен, делумно парализиран старешина би можел да биде од корист.

Откако замина, цела ноќ не заспавме, разговарајќи за можноста да одиме во Еквадор. Лусил ја имаше истата горлива желба како јас да одиме. Поради тоа, дадовме оглас за нашата мала фирма за уништување на штетници која ја продадовме за две недели. Куќата ја продадовме за само десет дена. Така, во нашите златни години, повторно ѝ се вративме на нашата најголема радост — мисионерската служба во странство.

Се населивме во Кито, каде службата на проповедање беше прекрасна и секој ден ни донесуваше ново искуство или авантура. Но, тогаш во 1987, беше дијагностицирано дека имам рак на дебелото црево; под итно требаше да бидам опериран. Се вративме во Вичита заради операцијата која беше успешна. Во Кито останавме само две години, сѐ додека повторно не ми пронајдоа рак, поради што моравме да се вратиме во САД за трајно. Се населивме во Северна Каролина, каде што живееме и ден-денес.

Богат, наградувачки живот

Мојата иднина во физички поглед е несигурна. Во 1989 имав колотомија. И покрај тоа, сѐ уште сум во можност да служам како старешина и да водам повеќе библиски студии со лица кои доаѓаат во мојот дом. Низ годините сме им помогнале буквално на стотици со садење, залевање или негување на семето на вистината. Тоа е радост која никогаш не избледнува, сеедно колку пати се повторувала.

Освен тоа, ја имав радоста да ги видам сите мои деца да му служат на Јехова. Пеги веќе 30 години го придружува нејзиниот сопруг, Паул Моски, во патувачкото дело во САД. Филип и неговата сопруга, Елизабет, заедно со Џудит сѐ уште се во полновремена специјална служба во Бетелот во Бруклин, Њујорк. Хенк и Лесли и нивните сопруги се активни Сведоци, а сите мои четворица браќа и сестри и нивните семејства, вклучувајќи над 80 крвни роднини, му служат на Јехова. А Лусил беше примерна христијанска сопруга во текот на нашиот скоро 50-годишен брачен живот. Во последниве години таа без поплаки извршуваше многу незгодни задачи, помагајќи ми во грижата за моето пропаднато тело.

Навистина, мојот живот е радосен; беше посреќен отколку што може да се искаже со зборови. Служењето на Јехова е толку радосно што имам срдечна желба засекогаш да го обожавам на оваа Земја. Секогаш си припомнувам на Псалм 58:16, кадешто стои: „Јас, пак, со песна ќе ја славам Твојата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несреќа“.

[Слика на страница 23]

Џорџ Брамли со етиопскиот цар Хаиле Селасие

[Слика на страница 25]

Џорџ Брамли со сопругата Лусил

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели