ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/2 стр. 9-14
  • Подложност на Бог — зошто и од кого?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подложност на Бог — зошто и од кого?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто му должиме подложност на Јехова Бог
  • Исус Христос, совршениот пример на подложност на Бог
  • Древни примери на подложност на Бог
  • Павловиот пример на подложност
  • Што бара од нас подложноста на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како ни користи начелото за поглаварство?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Подложноста на сопругата — што значи тоа?
    Разбудете се! 1997
  • Што значи да се биде подложен во бракот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/2 стр. 9-14

Подложност на Бог — зошто и од кого?

„Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (ЈЕРЕМИЈА 10:23).

1. Кои облици на независност се нашироко ценети?

МЕЃУ најпознатите документи на човештвото е Декларацијата за независност со која 13 британски колонии во Северна Америка во XVIII век ја објавија својата независност од матичната земја, Британија. Тие сакаа слобода, а независноста од странска контрола и слободата одеа рака под рака. Политичката и економската независност можат да бидат од голема корист. Во поново време, некои источноевропски земји напредуваа кон политичка независност. Меѓутоа, мора да се признае дека во тие земји таквата независност со себе донесе многу сериозни проблеми.

2, 3. а) Кој облик на независност е непожелен? б) Како бил разјаснет тој факт во почетокот?

2 Колку и да се пожелни различните облици на независност, постои еден облик на независност кој воопшто не е пожелен. Кој е тој? Независност од човековиот Творец, Јехова Бог. Тоа не е благослов, туку проклетство. Зошто? Затоа што за човекот никогаш не било планирано да постапува независно од својот Творец, како што тоа соодветно го покажуваат горецитираните зборови на пророкот Јеремија. Со други зборови, човекот требало да му биде подложен на својот Творец. Да се биде подложен на нашиот Создател значи да му се биде послушен.

3 Тој факт добро ѝ бил објаснет на првата човечка двојка преку Јеховината заповед упатена до нив, како што е запишано во 1. Мојсеева 2:16, 17: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“. Одбивањето да му биде подложен на својот Творец, му донело грев, страдање и смрт на Адам и на целото негово потомство (1. Мојсеева 3:19; Римјаните 5:12).

4, 5. а) До што довело одбивањето на луѓето да му бидат подложни на Бог? б) Кој морален закон е неизбежен?

4 Одбивањето на луѓето да се подложат на Бог е немудро и морално погрешно. Во светот тоа довело до раширено беззаконие, криминал, насилство и сексуална неморалност со нејзините плодови на полово преносливи болести. Освен тоа, зарем денешната напаст на малолетнички криминал не е предизвикана од тоа што младите одбиваат да му се подложат на Јехова, како што одбиваат да се подложат на своите родители и на законите на државата? Тој дух на независност се гледа во необичниот и неуреден начин на кој многу луѓе се облекуваат, како и во вулгарниот јазик што го употребуваат.

5 Но неизбежен е непопустливиот морален закон на Творецот: „Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел“ (Галатјаните 6:7, 8).

6, 7. Која е основната причина за одбивањето да се биде подложен, и од кои примери се гледа тоа?

6 Која основната причина за тоа што луѓето одбиваат да бидат подложни? Едноставно речено, тоа се себичноста и гордоста. Од таа причина, првата жена, Ева, дозволила змијата да ја излаже и зела од забранетиот плод. Да била скромна и понизна, искушението да биде како Бог — сама да донесува одлуки за тоа што е добро а што лошо — не би ѝ било привлечно. А да била несебична, не би посакувала нешто што нејзиниот Творец, Јехова Бог, изрично го забранил (1. Мојсеева 2:16, 17).

7 Недолго после падот на Адам и Ева, гордоста и себичноста го навеле Каин да го убие својот брат Авел. Себичноста исто така навела некои ангели да постапат независно така што ги оставиле своите првобитни положби и се материјализирале за да уживаат во сетилните задоволства. Гордоста и себичноста го мотивирале Нимрод и биле карактеристични за многу световни владетели од негово време наваму (1. Мојсеева 3:6, 7; 4:6-8; 1. Јованово 3:12; Јуда 6).

Зошто му должиме подложност на Јехова Бог

8-11. Кои се четирите силни причини за да покажуваме подложност на Бог?

8 Зошто му должиме подложност на нашиот Творец, Јехова Бог? Како прво, затоа што тој е Универзалниот Суверен. Сета власт законски му припаѓа нему. Тој е наш Судија, Законодавец и Цар (Исаија 33:22). Добро е напишано за него: „Сѐ е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме“ (Евреите 4:13).

9 Освен тоа, бидејќи нашиот Творец е семоќен, никој не може успешно да му се спротивстави; никој не може да ја занемари својата обврска да Му биде подложен. Порано или подоцна, оние кои одбиваат ќе бидат уништени како што бил уништен фараонот од старо време и како што ќе биде уништен Сатана Ѓаволот во времето што го одредил Бог (Псалми 135:1, 11-15; Откровение 11:17; 20:10, 14).

10 Подложноста е обврска за сите разумни суштества, бидејќи постојат со цел да му служат на својот Творец. Откровение 4:11 изјавува: „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“ Тој е Големиот Грнчар, и тој прави човечки садови за да му служат во неговата намера (Исаија 29:16; 64:8).

11 Не треба да го превидиме фактот дека нашиот Творец е семудар и затоа знае што е најдобро за нас (Римјаните 11:33). Неговите закони се ‚за да ни биде добро‘ (5. Мојсеева 10:12, 13). А над сѐ, „Бог е љубов“, и затоа ни го посакува само она што е најдобро за нас. Колку силни причини имаме да му бидеме подложни на нашиот Творец, Јехова Бог! (1. Јованово 4:8).

Исус Христос, совршениот пример на подложност на Бог

12, 13. а) Како Исус Христос покажал подложност на Бог? б) Кои Исусови зборови го покажуваат неговиот подложен став?

12 Без никакво сомнение, Јеховиниот единороден Син, Исус Христос, ни го дава совршениот пример на подложност на Бог. Апостолот Павле тоа го истакнува во Филипјаните 2:6-8: „[Исус] иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков [да биде еднаков, NW] со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири [и понатаму се понизи себеси, NW], откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст [на маченички столб, NW]“. Кога бил на Земјата, Исус постојано изјавувал дека ништо не правел по лична иницијатива; не постапувал независно, туку секогаш се држел подложно на својот небесен Татко.

13 Во Јован 5:19, 30, читаме: „Исус им одговори на тоа и рече: ‚Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави; оти, она што го прави Он, тоа исто го прави и Синот. Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил‘“. Исто така, во ноќта кога бил предаден, постојано се молел: „Не како Јас што сакам, туку како Ти“ (Матеј 26:39, 42, 44; види и Јован 7:28; 8:28, 42).

Древни примери на подложност на Бог

14. На кои начини Ное покажал подложност на Бог?

14 Меѓу првите примери на подложност на Бог меѓу луѓето бил Ное. Својата подложност ја покажал на три начина. Прво, со тоа што бил праведен човек, без мана меѓу своите современици, и што одел со вистинскиот Бог (1. Мојсеева 6:9). Второ, со тоа што ја изградил арката. Тој ‚направил сѐ: направил така како што му заповедал Господ Бог‘ (1. Мојсеева 6:22). Трето, со тоа што, како ‚проповедник на правдата‘, го разгласувал предупредувањето за претстојниот Потоп (2. Петрово 2:5).

15, 16. а) Каков добар пример за подложност на Бог дал Авраам? б) Како Сара покажала подложност?

15 Авраам бил уште еден истакнат пример на подложност на Бог. Тој покажал подложност на тој начин што ја послушал Божјата заповед: „Излези од земјата своја“ (1. Мојсеева 12:1). Тоа значело да ја напушти удобната средина во Ур, (кој, како што покажуваат археолошките откритија, не бил некој безначаен град) за сто години да талка како номад во странска земја. Но Авраамовата подложност на Бог особено се покажала кога се соочил со големиот испит спремно да го принесе својот син Исак како жртва (1. Мојсеева 22:1-12).

16 Авраамовата жена Сара ни пружа уште еден одличен пример на подложност на Бог. Талкањето по странска земја, без сомнение, со себе носело многу неудобности, но никаде не читаме дека се жалела. Дала одличен пример на подложност на Бог кога Авраам, во два случаја, ја претставил пред пагански владетели како своја сестра. Соработувала во двата случаја, иако била во опасност за малку да стане дел од нивните хареми. За нејзината подложност на Бог сведочи и начинот како му се обраќала на својот сопруг, Авраам, нарекувајќи го во себе ‚мој господар‘, со што покажала дека тоа била вистинската состојба на срцето (1. Мојсеева 12:11-20; 18:12; 20:2-18; 1. Петрово 3:6).

17. Зошто може да се каже дека Исак покажал подложност на Бог?

17 Да не го испуштиме од вид примерот на божествена подложност што ни го пружа Авраамовиот син Исак. Еврејската традиција покажува дека Исак имал околу 25 години кога Јехова му заповедал на неговиот татко Авраам да го принесе како жртва. Да сакал, Исак лесно можел да му се спротивстави на својот татко, кој бил сто години постар од него. Но тој не го сторил тоа. Иако Исак се прашувал зошто нема животно за жртва, кротко се подложил татко му да го постави на олтарот, а потоа да му ги врзе рацете и нозете за да ја спречи или контролира секоја несакана реакција која би можела да се појави при употребата на ножот (1. Мојсеева 22:7-9).

18. Како Мојсеј покажал примерна подложност на Бог?

18 Многу години подоцна, Мојсеј ни дал добар пример за подложност на Бог. Тоа секако се гледа по тоа што бил опишан како „најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мојсеева 12:3). Тоа што 40 години во пустината послушно ги извршувал Јеховините заповеди, иако надгледувал бунтовен народ кој броел два до три милиона, сведочи за неговата подложност на Бог. Затоа извештајот вели дека ‚Мојсеј направи сѐ, како што му заповеда Господ, така направи‘ (2. Мојсеева 40:16).

19. Со кои изрази Јов ја покажал својата подложност на Јехова?

19 Јов е уште еден истакнат лик кој ни дава извонреден пример за подложност на Бог. Откако Јехова му дозволил на Сатана да му опустоши сето она што Јов го поседувал, да му ги убие децата, а потоа да го удри со „лута рана — од стапалките на нозете негови до самото теме негово“, Јововата жена му рекла: „Зар уште си цврст во добротата [беспрекорноста, NW] своја. Навреди Го Бога и умри!“ Сепак, Јов ја покажал својата подложност на Бог кога ѝ рекол: „Говориш како безумна. Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?“ (Јов 2:7-10). Неговите зборови запишани во Јов 13:15 го покажуваат истиот мисловен став: „Он може да ме убие, но јас ќе се надевам“. Иако Јов бил всушност прилично заинтересиран за сопственото оправдување, не треба да превидиме дека на крајот Јехова на еден од неговите наводни тешители му рекол: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов“. Без сомнение, Јов ни дава одличен пример на подложнос на Бог (Јов 42:7).

20. На кои начини Давид покажал подложност на Бог?

20 Да споменеме уште еден пример од Хебрејските списи — Давид. Кога цар Саул го гонел Давид како некое животно, на Давид му се укажале две прилики да го убие Саул и да им стави крај на своите неволји. Сепак, Давидовата подложност на Бог го задржала. Во 1. Царства 24:7 запишани се неговите зборови: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов“. (Види и 1. Царства 26:9-11.) Тој исто така ја покажал својата подложност на Бог така што прифаќал укор кога ќе направел грешки или грев (2. Царства 12:13; 24:17; 1. Летописи 15:13).

Павловиот пример на подложност

21-23. Во кои различни прилики апостолот Павле покажал подложност на Бог?

21 Во Христијанските Грчки списи наоѓаме истакнат пример на подложност на Бог во апостолот Павле. Својот Господар, Исус Христос, тој го имитирал и во тоа како што го имитирал во сите други аспекти од неговата апостолска служба (1. Коринтјаните 11:1). Иако Јехова Бог го употребувал повеќе од другите апостоли, Павле никогаш не постапувал независно. Лука ни кажува дека, кога се појавило прашањето за тоа дали преобратените од Народите треба да се обрежуваат, „определија [браќата во Антиохија] Павле и Варнава од нив и некои други да отидат горе при апостолите и старешините во Ерусалим за ова прашање“ (Дела на св. апостоли 15:2).

22 Што се однесува до Павловата мисионерска активност, известени сме во Галатјаните 2:9: „Кога узнаа за благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои се броеја за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката и се согласија ние да отидеме при незнабошците, а тие — при обрезаните“. Наместо независно да постапува, Павле барал водство.

23 На сличен начин, кога последен пат бил во Ерусалим, Павле го прифатил советот од тамошните старешини да оди во храмот и да се придржува за процедурата на Законот за да можеле сите да видат дека не бил отпадник од Мојсеевиот Закон. Со оглед дека таквото придржување кон Законот завршило неповолно, затоа што една толпа била подбуцната против него, дали неговата подложност на тие старешини била погрешна? Секако дека не, како што се гледа од Дела на св. апостоли 23:11: „Ноќта му се јави Господ и му рече: ‚Не плаши се, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим‘“.

24. Кои натамошни аспекти од подложноста ќе бидат разгледани во следната статија?

24 Библијата навистина ни дава силни причини зошто да бидеме подложни, а и восхитувачки примери на оние кои покажале таква подложност. Во следната статија ќе ги разгледаме различните подрачја на кои можеме да му бидеме подложни на Јехова Бог, што може да ни помогне да бидеме подложни и кои награди произлегуват од тоа.

Како би одговорил?

◻ Кој облик на независност е непожелен?

◻ Која е основната причина човек да одбива да биде подложен?

◻ Од кои причини му должиме подложност на Јехова?

◻ Кои прекрасни примери за подложност на Бог ги дава Библијата?

[Слика на страница 10]

Нимрод, првиот владетел по потопот кој се побунил против подложноста на Бог

[Слика на страница 13]

Ное, беспрекорен пример на подложност на Бог (1. Мојсеева 6:14, 22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели