ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/4 стр. 14-19
  • Млади — кон што тежнеете?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади — кон што тежнеете?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Варди се од лоши друштва
  • Избегнувај неисправни желби
  • Тежнеј кон близок однос со Јехова
  • Дај им го срцето на родителите
  • Продолжи да тежнееш кон праведност!
  • Млади — радувајте го Јеховиното срце
    Нашата служба за Царството 1993
  • Млади, дали поставувате темел за иднината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Млади, одете достојно на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Имај доверба во Јехова и во неговата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/4 стр. 14-19

Млади — кон што тежнеете?

„Избегавај ги . . . желбите на младоста, туку стреми се кон правда, вера, љубов, и мир со оние, што Го призовуваат Господа од чисто срце“ (2. ТИМОТЕЈ 2:22).

1. Која е нашата желба за младите во нашата средина?

„ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ“ — изјавил шведскиот пентекостален весник Dagen (Ден), „ја сочинуваат групата која годишно придобива најголем број нови членови и која има најмногу млади.“ Можеби и ти спаѓаш во оваа група на чисти, богобојазливи млади. Можеби си бил воспитуван на христијански начин уште од детството, или пак самиот си ја чул и си одговорил на пораката на Царството. Сеедно, нам ни е драго што те имаме во нашата средина. А наша желба е да тежнееш кон праведен пат, како што тежнееле лојалните млади христијани во првото столетие. Зборовите на апостол Јован би можеле да се однесуваат и на тебе: „[Вие] сте силни, и словото [речта] Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот“ (1. Јованово 2:14).

2. Кои фактори можат да го отежнат тежнеењето кон праведен пат за време на „цутот на младоста“?

2 Мнозина — дури повеќето — млади христијани храбро се соочуваат со световните притисоци. Но, можеби сметаш дека не е лесно да се задржи таков правец. Кога си во „цутот на младоста“, можеби се чувствуваш претрупан од новите и силни емоции (1. Коринтјаните 7:36, New World Translation of the Holy Scriptures). Истовремено, можеби чувствуваш сѐ поголем товар на одговорности во училиштето, дома и во собранието. Тука е дури и притисокот од самиот Сатана Ѓаволот. Бидејќи е решен да заведе колку што е можно повеќе луѓе, тој ги напаѓа оние кои изгледаат ранливи — исто како што направил во Еденската градина. Во тоа време својата убедлива измама тој ја сосредоточил не на постариот, искусен Адам, туку на помладата и релативно неискусна жена, Ева (1. Мојсеева 3:1-5). Со векови подоцна, Сатана употребил слична тактика со младото собрание на христијани во Коринт. Апостолот Павле рекол: „Се плашам, да не би како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, така и вашите мисли да се одвратат поради вашата простота во Христа“ (2. Коринтјаните 11:3).

3, 4. Кои се некои од оружјата што ги користи Сатана Ѓаволот за да ги заведе младите, и со кој можен исход?

3 Денес, вашите христијански родители можеби на сличен начин се загрижени за вас. Не дека тие мислат дека си склон на зло, туку затоа што младите се особено ранливи на Сатановите „лукавства“ (Ефесјаните 6:11). Далеку од тоа да изгледаат злокобни, Сатановите замки се направени така да изгледаат сосема привлечни, пожелни. Телевизијата вешто прикажува материјализам, отворен секс, живописно насилство и спиритизам како забава. Младите умови можат да се исполнат со работи кои се сѐ друго само не ‚вистински, чесни, праведни, чисти и љубезни‘ (Филипјаните 4:8). Притисокот од врсниците е уште едно моќно оружје на Сатана. Врсниците можат да те стават под силен притисок да се прилагодиш на нивниот начин на живот, облекување и дотерување (1. Петрово 4:3, 4). Новинскиот колумнист Вилијам Браун забележал: „Ако постои некаков обичен, световен Бог за тинејџерите, тоа е Богот на прилагодувањето. . . . Да се биде поинаков за тинејџерите е полоша судбина дури и од смртта“. Една девојка Сведок од Италија признала: „Се срамев да им кажам на моите школски другари дека сум Сведок. А бидејќи знаев дека Јехова не беше среќен со мене, бев жалосна и потиштена“.

4 Немој да се мамиш — Сатана сака да те заведе во пропаст. Многумина млади од светот ќе го загубат животот за време на големата неволја затоа што дозволиле да бидат заведени (Језекиил 9:6). Единствениот пат да се преживее е да се следи она што е исправно.

Варди се од лоши друштва

5, 6. а) Со какви предизвици се соочил младиот Тимотеј додека живеел во Ефес? б) Кој совет му го дал Павле на Тимотеј?

5 Тоа била првенствената суштина на советот што апостол Павле му го дал на младичот Тимотеј. Преку десет години Тимотеј го придружувал апостолот Павле на неговите мисионерски патувања. Во времето кога Тимотеј служел во паганскиот град Ефес, Павле се наоѓал во еден римски затвор и чекал егзекуција. Кога се наближило времето на неговата смрт, Павле без сомнение бил загрижен за тоа како ќе помине Тимотеј. Ефес бил град познат по своето богатство, неморал и расипана забава, а Тимотеј повеќе ја немал поддршката од својот сакан подучувач.

6 Затоа Павле на своето ‚возљубено чедо‘ му го напишал следното: „Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени, и земјани; и едните се за почесна употреба, а другите за нечиста. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело. Избегавај ги, исто така, и желбите на младоста, туку стреми се кон правда, вера, љубов, и мир со оние, што Го призовуваат Господа од чисто срце!“ (2. Тимотеј 1:2; 2:20-22).

7. а) Кои биле ‚садовите за нечиста употреба‘ на коишто предупредил Павле? б) Како можат младите денес да ги применат Павловите зборови?

7 Така, Павле го предупредил Тимотеј дека дури и помеѓу сохристијаните би можело да има ‚садови за нечиста употреба‘ — поединци кои не се однесуваат исправно. И ако дружењето со извесни такви помазани христијани можело да биде штетно за Тимотеј, колку повеќе тогаш дружењето со светските би било штетно за еден млад христијанин денес! (1. Коринтјаните 15:33, NW). Ова не значи да се однесуваш ладно спрема твоите школски другари, туку треба да внимаваш да не бидеш премногу вплеткан со нив, дури и ако ти се чини дека понекогаш си осамен. Тоа може да биде многу тешко. Една девојка од Бразил вели: „Тешко е. Моите школски другари секогаш ме покануваат на забави и места кои се неприкладни за еден млад христијанин. Велат: ‚Што? Не доаѓаш? Па ти си луда!‘“

8, 9. а) Како може дружењето, дури со наизглед фини светски лица, да претставува опасност за христијанинот? б) Каде можеш да најдеш добри пријатели?

8 Некои светски младинци можеби изгледаат фини само затоа што не пушат, не користат валкан јазик или што не се впуштаат во сексуален неморал. Сепак, ако не тежнеат по праведност, нивното телесно размислување и став лесно може да се прилепи за тебе. Освен тоа, какви заеднички интереси би можел да имаш со неверници? (2. Коринтјаните 6:14-16). Духовните вредности кои ти ги цениш, за нив се чисто „безумство“! (1. Коринтјаните 2:14). Дали би можел да го задржиш нивното пријателство без да ги компромитираш своите начела?

9 Затоа, избегнувај нездрави друштва. Ограничи го твоето друштво на духовно настроени христијани кои навистина го сакаат Јехова. Внимавај дури и на младинците во собранието кои се негативно или критизерски настроени. Додека духовно растеш, твојот вкус во поглед на пријателите веројатно ќе се измени. Една тинејџерка Сведок вели: „Си барам нови пријатели во различни собранија. Тоа ми помогна да сфатам колку се непотребни светските пријатели“.

Избегнувај неисправни желби

10, 11. а) Што значи да ‚бегаш од желбите што ѝ се својствени на младоста‘? б) Како може некој да ‚бега од блудство‘?

10 Павле исто така го поттикнувал Тимотеј да ‚бега од желбите [кои ѝ се својствени, NW] на младоста‘. Кога си млад, желбата да бидеш популарен, да се забавуваш или да ги задоволиш твоите сексуални желби може да создаде силен притисок. Ако се остават неконтролирани, таквите копнежи можат да те наведат на грев. Затоа Павле рекол да се избегнуваат штетните желби — да се бега како да е во прашање животот.a

11 Сексуалните желби, на пример, одвеле многумина млади христијани во духовна пропаст. Затоа, Библијата оправдано ни вели да ‚бегаме од блудството‘ (1. Коринтјаните 6:18). Ако еден младич и девојка се додворуваат, закажуваат состаноци, тогаш можат да го применат ова начело за да избегнуваат искушувачки ситуации — како на пример да бидат сами во стан или во паркиран автомобил. Да се има трет придружник може да звучи старомодно, но тоа може да биде вистинска заштита. И како што некои изрази на наклоност можат да бидат прикладни, мора да се постават разумни граници за да се избегне нечисто однесување (1. Солунјаните 4:7). Бегањето од блудство исто така би вклучило да се избегнуваат филмови или ТВ емисии кои би можеле да побудат неисправни желби (Јаков 1:14, 15). Ако во умот неповикано ти дојдат неморални мисли, смени ја темата со помош на твоите умствени сили. Оди на прошетка; читај нешто; извршувај некои куќни работи. Молитвата е особено моќно средство во овој поглед (Псалми 61:8).b

12. Како учиш да го мразиш она што е лошо? Илустрирај.

12 А што е најважно, ти мораш да научиш да го мразиш, да чувствуваш одвратност и да се гадиш на она што е лошо (Псалми 96:10). А како можеш да го мразиш она што отпрвин изгледа забавно или пружа задоволство? Така што ќе мислиш на последиците! „Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот“ (Галатјаните 6:7, 8). Кога си во искушение да попуштиш, помисли на она што е од поголема важност — како со тоа попуштање би го повредил Јехова Бог. (Спореди Псалми 78:41, NW) Исто така, помисли на можноста од несакана бременост или на заразување со некоја болест, како што е СИДА-та. Размисли за емоционалната пустош и губитокот на самопочит коишто би ги претрпел. А може да има и долготрајни последици. Една христијанка признава: „Мојот сопруг и јас имавме сексуални односи [со други лица] пред да се сретнеме. Иако денес обајцата сме христијани, нашиот некогашен неморален живот е извор на расправии и љубомора во бракот“. Не смееш да го превидиш ни губењето на твоите теократски предности или можноста да бидеш исклучен од христијанското собрание! (1. Коринтјаните 5:9-13). Дали било какво моментално задоволство е вредно за таква висока цена?

Тежнеј кон близок однос со Јехова

13, 14. а) Зошто не е доволно само да се бега од она што е лошо? б) Како може некој да ‚тежнее да го запознае Јехова‘?

13 Меѓутоа, не е доволно само да бегаш од она што е лошо. Тимотеј бил поттикнуван и да ‚се стреми кон правда, вера, љубов и мир‘. Тоа бара енергична акција. Пророкот Осија на сличен начин ја молел неверната израелска нација: „Да одиме и да се вратиме кон Господа [Јехова, NW] . . . да се стремиме да Го познаеме Господа [Јехова, NW]“ (Осија 6:1-3). Дали ти така си се стремел? Тоа вклучува повеќе отколку само да присуствуваш на состаноци и да ги придружуваш твоите родители во службата на проповедање. Една христијанка признала: „Родителите ме одгледаа во вистината, и бев крстена на рана возраст. . . . Ретко пропуштав состанок и никогаш немав месец без служба, но јас никогаш не развив личен однос со Јехова“.

14 Една друга младинка признава дека и таа не успеала да го запознае Јехова како Пријател и Татко, туку повеќе го сметала за апстрактен Дух. Западнала во неморал и станала невенчана мајка на 18 години. Немој да ја направиш истата грешка и ти! Како што поттикнувал Осија — ‚стреми се да го запознаеш Јехова‘. Со молитва и секојдневно одење со Јехова, ти можеш да го направиш свој доверлив пријател. (Спореди Михеј 6:8; Јеремија 3:4.) „Он не е далеку од секого од нас“ ако го бараме (Дела на св. апостоли 17:27). Затоа е битна редовна програма на лично проучување на Библијата. Таквата рутина не треба да биде сложена или комплицирана. „Секој ден ја читам Библијата по околу 15 минути“ — вели една девојка по име Мелоди. Одвој си време да го прочиташ секое издание на Стражарска кула и Разбудете се! Подготвувај се за собраниските состаноци за да можеш да ги ‚поттикнуваш другите кон љубов и добри дела‘ (Евреите 10:24, 25).

Дај им го срцето на родителите

15. а) Зошто на некои понекогаш им е тешко да ги слушаат родителите? б) Зошто послушноста обично е од корист за младинецот?

15 Богобојазливите родители можат да претставуваат извор на вистинска помош и поддршка. Но забележи која улога мораш да ја играш ти: „Бидете им послушни на родителите свои, во името на [во заедница со, NW] Господа, зашто тоа е справедливо. ‚Почитувај ги татка си и мајка си!‘ — тоа е првата заповед со ветување, ‚за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата‘“ (Ефесјаните 6:1-3). Вистина, ти растеш и веројатно сакаш поголема слобода. Можеби исто така стануваш посвесен за ограничувањата од страна на твоите родители. „Нашите човечки родители“ — признал апостолот Павле — „можеа да го сторат само она за кое мислеа дека е најдобро“ (Евреите 12:10, The Jerusalem Bible). Меѓутоа, ако се земат предвид целокупните користи, сепак е за твое добро да ги слушаш. Твоите родители те сакаат и те познаваат подобро од кој и да е друг. Иако можеби секогаш не се сложуваш со нив, тие обично ги имаат на срце твоите најдобри интереси. Зошто да се опираш на нивните напори да те воспитаат ‚во стега и во Јеховино мисловно насочување‘? (Ефесјаните 6:4, NW). Навистина, само безумниот „се подбива со татковата поука“ (Соломонови изреки 15:5). Мудриот младинец ќе го признае авторитетот на своите родители и ќе покаже достојно почитување (Соломонови изреки 1:8).

16. а) Зошто за младите е немудро да ги кријат проблемите од своите родители? б) Што би можеле да сторат младите за да ја подобрат комуникацијата со родителите?

16 Тоа би можело да вклучува да ја зборуваш вистината со своите родители и да им кажуваш ако имаш проблеми, на пример ако постојано приговараш за вистината или ако запаѓаш во сомнително однесување (Ефесјаните 4:25). Ако таквите вознемирувачки ситуации ги криеш од родителите, тоа ќе создаде повеќе проблеми (Псалми 26:4). Признаваме, некои родители малку се трудат да комуницираат. „Мајка ми никогаш не седнува да разговара со мене“ — се жали една млада девојка. „Никогаш немам храброст да ѝ кажам што чувствувам, зашто се плашам дека ќе ме критикува.“ Ако си ти во слична ситуација, мудро одбери прикладно време за да им кажеш на твоите родители како се чувствуваш. „Синко, дај ми го мене срцето“ — поттикнуваат Соломоновите изреки 23:26. Обидувај се редовно да разговараш со нив за своите грижи пред да се развијат сериозни проблеми.

Продолжи да тежнееш кон праведност!

17, 18. Што ќе му помогне на еден младинец да продолжи во своето тежнеење кон праведност?

17 Кон крајот на своето второ писмо, Павле го опоменал Тимотеј: „Остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено“ (2. Тимотеј 3:14). И ти мораш да го правиш истото. Не дозволи било кој или било што да те оттргне од твоето тежнеење кон праведност. Сатановиот свет — со сите негови примамливости — е преплавен со зло. Наскоро тој и сите оние кои се дел од него ќе претрпат уништување (Псалми 91:7). Биди одлучен да не бидеш уништен заедно со толпата на Сатана.

18 Имајќи ја на ум таа цел, мораш постојано да ги преиспитуваш твоите цели, желби и интереси. Прашај се: ‚Дали одржувам високи мерила во поглед на говорот и однесувањето кога моите родители и членовите на собранието не можат да ме видат? Какви пријатели избирам? Дали светските врсници ми диктираат што да облечам и како да изгледам? Какви цели сум си поставил? Дали имам силна желба за полновремена служба — или за кариера во Сатановиот систем на ствари кој е на умирачка?‘

19, 20. а) Зошто младинецот не би требало да се чувствува притиснат од Јеховините барања? б) Од кои подготовки младите можат да извлечат корист?

19 Можеби ја увидуваш потребата да направиш некои преиначувања во твоето размислување (2. Коринтјаните 13:11). Немој да се чувствуваш притиснат. Сети се, Јехова не очекува од тебе повеќе отколку што е разумно. Пророкот Михеј прашал: „Што бара Јехова од тебе освен да вршиш правда и да ја љубиш љубезноста и скромно да одиш со твојот Бог“ (Михеј 6:8, NW). Тоа нема да биде претешко ако ги искористиш Јеховините подготовки за твоја помош. Остани близок со твоите родители. Редовно дружи се со христијанското собрание. А особено труди се да ги запознаеш собраниските старешини. Тие се заинтересирани за твоето добро и можат да бидат сигурен извор на поддршка и утеха (Исаија 32:2). И што е најважно, одржувај срдечен однос со Јехова Бог. Тој ќе ти даде сила и волја да тежнееш кон она што е исправно!

20 Сепак, некои млади ги поткопуваат своите напори да растат духовно со тоа што слушаат нездрава музика. Следната статија ќе ѝ посвети посебно внимание на оваа тема.

[Фусноти]

a Грчкиот збор за „бега“ е употребен и во Матеј 2:13, каде што на Марија и Јосиф им било речено да ‚бегаат во Египет‘ за да ја избегнат убиствената завера на Ирод. (Спореди Матеј 10:23.)

b Поголем број корисни предлози за контролирањето на сексуалните желби ќе најдеш во 26. поглавје од книгата Млади питају — практични одговори на њихова питања, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

Дали се сеќаваш?

◻ Зошто младите особено се ранливи на Сатановите „лукавства“?

◻ Зошто блиското дружење со светски младинци е опасно?

◻ Како можеш да бегаш од сексуален неморал?

◻ Како можеш да тежнееш кон близок однос со Јехова?

◻ Зошто е важно да разговараш со твоите родители?

[Слика на страница 16]

Двојките кои се додворуваат мудро ќе постапат ако се запознаваат во околина, како што е лизгалиште, која не ги изолира од другите луѓе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели