ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/5 стр. 28-31
  • „Еве ме мене, испрати ме мене!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Еве ме мене, испрати ме мене!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Избор направен рано во животот
  • Понатаму во Сингапур
  • Мојата доделба во Шангај
  • Хонг Конг, па Бурма
  • Назад во Австралија
  • Назад каде што сѐ почна
  • Радосно ја вршам Божјата волја цел живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сингапур — замаглениот бесценет камен на Азија
    Разбудете се! 1997
  • Јехова, мојата верба уште од младоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Ги искусувам Јеховината оддадена љубезност и грижа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/5 стр. 28-31

„Еве ме мене, испрати ме мене!“

РАСКАЖАЛ ВИЛФРЕД ЏОН

Наоружани бурмански воени стражари нѐ нападнаа од двете страни на реката. Со наместени бајонети и нанишанети пушки, тие зачекорија во водата до висина на појасот и нѐ опколија под мостот на автопатот.

ЈАС И МОЈОТ партнер бевме преплашени. Што беше работата? Иако не го разбиравме јазикот, набргу сфативме — бевме уапсени. Имавме само пешкири околу појасите, и без формалности нѐ одведоа до една блиска полициска станица каде што нѐ испрашуваше еден офицер кој зборуваше англиски.

Беше 1941, за време на Втората светска војна, и бевме под сомнение дека сме саботери. Откако на задоволство на офицерот го објаснивме нашето христијанско проповедничко дело, ни рече дека сме биле среќни што сме излегле живи од тој судир. Рече дека повеќето сомнителни лица биле стрелани без никакви прашања. Му се заблагодаривме на Јехова и го послушавме советот на офицерот во иднина да не се врткаме околу мостови.

Како се најдов во таква ситуација во Бурма (сега Мијанмар)? Дозволете да објаснам и да раскажам нешто за моето минато.

Избор направен рано во животот

Роден сум во Велс во 1917 и, кога имав шест години, со родителите и со мојот помал брат се преселивме во Нов Зеланд каде што пораснав на млечната фарма на татко ми. Еден ден тој донесе дома еден куп стари книги што ги купил во антикваријат. Меѓу нив беа и два тома на Studies in the Scriptures, издадени од Watch Tower Bible and Tract Soceity. Тие ѝ станаа драгоцени предмети на мајка ми и, како Тимотеевата мајка Евника, таа во мене ја всади желбата да ја употребам младоста во служењето на интересите на Јеховиното Царство (2. Тимотеј 1:5).

Во 1937 пред мене стоеја два избора: да ја преземам млечната фарма на татко ми или да му го кажам на Јехова она што го кажал Божјиот пророк Исаија: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Исаија 6:8). Бев млад, здрав и без обврски. Го имав пробано селскиот живот и уживав во тоа. Од друга страна, немав искуство како полновремен слуга или пионер. Што ќе изберам — да работам на фармата или да служам како пионер?

Предавачите од австралиската подружница на Јеховините сведоци беа извор на охрабрување. Тие ја посетуваа нашата област во Нов Зеланд и ме поттикнуваа да ја искористам скапоцената младост за да му служам на Бог (Проповедник 12:1). Разговарав за тоа со родителите и тие се согласија со мудрата одлука да ја ставам Божјата волја на прво место. Исто така размислував за зборовите на Исус Христос во неговата Проповед на гората: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:33).

Изборот беше направен! Бидејќи немаше подружница на Јеховините сведоци во Нов Зеланд, бев повикан да служам во австралиската подружница во Сиднеј. Затоа, во 1937, се качив на брод за Австралија за да станам полновремен слуга на Јехова Бог.

Се прашував: ‚Каква ли задача ќе добијам?‘. Но, каква врска имаше тоа? Имено, на Јехова му реков: ‚Еве ме. Каде што сакаш користи ме‘. Две години помагав во правењето на грамофони кои Јеховините сведоци во тоа време ги користеа за да им пуштаат на станарите снимени библиски говори. Меѓутоа, моето главно оспособување во подружницата беше за работа во депото за литература.

Понатаму во Сингапур

Во 1939, добив доделба на Далечниот Исток — да служам во депото на Друштвото во Сингапур. Депото служеше како средиште за добивање и испраќање на литература од Австралија, Британија и Соединетите Држави до многу земји во Азија.

Сингапур беше мултијазичен град каде што се мешаа ориенталната и европската култура. Малајскиот јазик беше вообичаеното средство за комуницирање и, за да проповедаме од куќа до куќа, ние странците моравме да го научиме. На многу јазици ги имавме таканаречените картички за сведочење. На нив беше накратко отпечатена пораката на Царството.

За почеток, ја научив напамет малајската картичка за сведочење, а потоа постепено го зголемив фондот на зборови на тој јазик. Сепак носевме и библиска литература на многу други јазици. За Индијците, на пример, имавме публикации на бенгалски, гуџарати, малајаламски, тамилски, урду и хинди. Среќавањето на луѓе од толку многу јазични групи за мене беше ново доживување.

Добро се сеќавам на застрашувачката вест во септември 1939 кога беше објавена војната во Европа. Се прашувавме: ‚Дали ќе се прошири и ќе го зафати Далечниот Исток?‘ Мене ми изгледаше како предигра на Армагедон — си мислев: Токму на време! Се чувствував задоволно што целосно и на исправен начин ја користев младоста.

Покрај мојата работа во депото, во потполност учествував на собраниските состаноци и во службата на проповедање. Се водеа библиски студии и некои поединци одговорија и се крстија во вода. Беа однесени до една блиска плажа и потопени во топлите води на Сингапурскиот залив. Дури одлучивме да одржиме конгрес, па тивко им разделивме покани на оние кои беа заинтересирани. На наша радост, дојдоа околу 25 души на она што тогаш мислевме дека ќе биде нашиот последен конгрес пред Армагедон.

Комуникацијата меѓу подружниците на Друштвото беше значително ограничена поради војната. Нашето депо во Сингапур, на пример, доби кратко известување дека треба да пристигнат тројца германски пионери во Сингапур во непознато време на неименуван брод, на пат за непозната доделба. Тие пристигнаа после неколку седмици и со нас беа десет возбудливи часа. Иако јазикот претставуваше проблем, можевме да сфатиме дека нивното доделено одредиште бил Шангај.

Мојата доделба во Шангај

После една година и јас добив доделба да служам во Шангај. Немав име на улицата, туку само бројот на поштенскиот фах. Откако темелно ме испитаа со вкрстени прашања во поштата, можев да го потврдам својот идентитет за да ми ја дадат адресата од станот на Друштвото. Меѓутоа, кинескиот станар ме извести дека подружницата се преселила и дека немало доставена адреса.

Се прашував: ‚Што да правам сега?‘ Тивко се помолив за водство. Погледнувајќи нагоре, здогледав тројца мажи, малку повисоки од вообичаеното мноштво луѓе и некако поинакви по изгледот. Многу личеа на тројцата Германци кои навратија во Сингапур во текот на оние брзи неколку часа. Набрзина, излегов пред нив.

„Извинете ве молам“, возбудено промрморев. Застанаа и исплашено ме гледаа со испитувачки очи. „Сингапур. Јеховини сведоци. Се сеќавате ли на мене?“, ги прашав.

После неколку моменти, одговорија: „Ја! Ја! Ја!“ Се прегрнавме спонтано, и од радост солзи ми потекоа по лицето. Од милиони луѓе, како тоа токму тие тројца мажи случајно да поминат на тоа место баш во тоа време? Само реков: „Ти благодарам Јехова“. Единствените Сведоци тогаш во Шангај беа три кинески семејства, тројцата Германци и јас.

Хонг Конг, па Бурма

Откако служев неколку месеци во Шангај, бев доделен во Хонг Конг. Кога мојот партнер кој го очекував од Австралија, не дојде, останав сам, единствениот Сведок во таа колонија. Уште еднаш морав да се потсетам дека на Јехова сум му рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“

Мојата активност воглавно беше насочена кон Кинезите кои зборуваа англиски, но ми беше тешко да поминам низ портите на куќите бидејќи слугите кои беа поставени таму зборуваа само кинески. Затоа научив малку кинески на два дијалекта кои најмногу се употребуваа. И тоа делуваше! Им приоѓав на слугите кои стражареа, им ја покажував мојата службена картичка, проговорував неколку зборови на кинески, а потоа обично ме воведуваа внатре.

Еднаш кога посетив едно училиште, истата постапка ја направив со цел да разговарам со директорот. Една млада учителка ме пречека во холот. Ја следев низ неколку училници, ги забележав гестовите на почитување на децата и се подготвував да бидам претставен на директорот. Учителката тропна, ја отвори вратата, застана наназад и ми покажа да влезам. На мое огорчено изненадување, таа учтиво ме доведе до тоалетот! Изгледа дека мојот кинески погрешно беше разбран и дека, како што подоцна ми кажа директорот, мислеле дека сум инспектор за водовод и канализација.

После четиримесечна активност, хонгконгшката полиција ме извести дека проповедничкото дело е забрането и дека морам или да прекинам со проповедањето или да бидам протеран. Избрав да бидам протеран бидејќи вратата за понатамошно проповедање сѐ уште беше отворена на други места. Додека бев во Хонг Конг оставив 462 книги и им помогнав на двајца други да учествуваат во службата.

Од Хонг Конг бев доделен во Бурма. Таму служев како пионер и помагав во работата на депото во Рангун (сега Јангон). Едно од најинтересните искуства беше проповедање по градовите и селата кои беа растурени од главниот пат од Рангун до Мандалеј па сѐ до гратчето Лашо на кинеската граница. Јас и мојот пионерски партнер се концентриравме на оние кои зборуваа англиски и воспоставивме неколку стотици претплати на Утеха (сега Разбудете се!). Патем кажано, овој главен пат од Рангун до Мандалеј подоцна стана познат како Бурмански пат, патот по кој беа испраќани американски воени залихи во Кина.

Одењето пеш низ правот кој достигнуваше до глуждовите, ни создаваше чувство дека ни е потребно добро капење. Тоа доведе до случајот што беше раскажан во почетокот, кога бевме уапсени додека се капевме во реката под еден мост. Набргу после тоа, воените операции и болеста нѐ присилија да се вратиме во Рангун. Можев да останам во Бурма сѐ до 1943, кога зголемените операции на војната ме натераа да се вратам во Австралија.

Назад во Австралија

Во меѓувреме, активностите на Јеховините сведоци во Австралија беа забранети. Меѓутоа, забраната набргу беше укината и со текот на времето бев повторно повикан да работам во подружницата. Подоцна, во 1947, се оженив со Бети Мос која работеше во подружницата на Друштвото во Австралија. Татко ѝ и мајка ѝ на Бети беа пионери, па ги храбреле и неа и брат ѝ Бил да направат кариера како пионери. Бети почнала со пионерската служба на денот кога го завршила школувањето, на 14 години. Мислев дека добро ќе се сложуваме бидејќи и таа, всушност, на Јехова му рекла: „Еве ме мене, испрати ме мене!“

Една година откако се зедовме, бев повикан да работам во покраинска служба и ги посетив собранијата на Јеховините сведоци. Вистински предизвик беше да се работи во дивината на Австралија. Поплавите од дождови често создаваа проблеми при патувањето, особено на лизгавите калливи патишта. Летните температури достигнуваа до 43°C во сенка. Живеејќи во платнени шатори, жешките лета беа скоро неподносливо топли, а зимите крајно студени.

Беше радост да се служи како обласен надгледник кога во Австралија имаше само две области. Доналд Меклин служеше во едната област, а јас во другата. Потоа си ги разменувавме областите. Воодушевувачки е да се чита за собранијата кои сега постојат таму каде што ние некогаш служевме. Секако дека семето на библиската вистина никнало и дало плод!

Назад каде што сѐ почна

Во 1961, ја имав предноста да присуствувам во првиот клас на мисионерската школа Гилеад откако таа се пресели во Бруклин (Њујорк). И порано добивав покани за таа школа, но не можев да ги прифатам поради здравствени причини. На крајот од десетмесечниот курс, ми беше понудено да го прифатам Нов Зеланд како моја доделба.

Така, од јануари 1962, јас и Бети сме на Нов Зеланд, една од земјите од онаа страна на светот. За него често се зборува за него како за еден од бисерите на Пацификот. Теократски, радосно беше да се служи и во покраинската и во обласната служба. Изминативе 14 години, од април 1979, работиме во новозеландската подружница.

И јас и Бети сме сега во средината на своите 70-ти години, а заедно имаме 116 години непрекината полновремена служба за Царството. Бети почнала со пионерска служба во јануари 1933, а јас во април 1937. Имавме многу радости додека гледавме како нашите духовни деца и внуци го прават она што го правевме ние кога бевме млади, имено, да внимаваат на советот од Проповедник 12:1: „И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја“.

Колкава предност е што сме можеле практично целиот живот да го поминеме во проповедање на добрата вест за Божјето Царство и во правење на ученици, како што ни заповедал нашиот Господ Исус Христос! (Матеј 24:14; 28:19, 20). Ние сме многу среќни што одговоривме на Божјата покана како што одговорил пророкот Исаија пред долго време: „Еве ме мене, испрати ме мене!“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели