ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/6 стр. 28-31
  • Благодарна за Јеховината верна поддршка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Благодарна за Јеховината верна поддршка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Шест немирни месеци
  • Најсреќниот ден во мојот живот
  • Радост во службата
  • Самостојна
  • Благодарност за Божјата поддршка
  • Наоѓам радост и покрај мојот хендикеп
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Ќе ‚скокам како елен‘
    Разбудете се! 2006
  • Јехова ме подигна од земјата и ми даде достоинство
    Животни приказни на Јеховини сведоци
  • Приближувањето до Бог ми помогна да се борам
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/6 стр. 28-31

Благодарна за Јеховината верна поддршка

РАСКАЖАЛА ШАРОН ГАСКИНС

РАЈ на земјата? Се гледав себе си како скокам по ливадите, бркајќи пеперутки или како играм со малите лавчиња. Ми изгледаше прекрасно! Но, имав сомневања. Колку пати само мојата надеж завршила со очај!

Откако знам за себе, моја постојана придружничка е инвалидската количка. Уште од раѓањето, церебралната парализа ми ги одзеде радостите на детството. Другите деца се забавуваа со ролшуи и велосипеди, а јас морав да седам сама, и не бев во состојба дури ни да одам. Така, кога мајка ми ме носеше од еден до друг исцелител, горливо се надевавме дека ќе се случи чудо. Меѓутоа, секогаш одново се откажувавме бидејќи немаше излекување. За мене тоа беше разочарување, но за неа беше срцева болка!

Гладна за вистинска надеж, на почетокот од 1964, мајка ми почна да ја студира Библијата со Јеховините сведоци. Во тоа време имав околу шест и пол години.

Беше прекрасно да се дознае дека на Земјата веќе постоел убав Рај. За жал, првиот човек Адам го изгубил сето тоа, но јас посакував да бидам блиска со Бог како што некогаш бил тој. Како изгледало да бидеш близок со Бог? Или да си живеел кога неговиот сопствен Син одел по Земјата? Моите сништа со отворени очи исто така ме носеа и во идниот Рај. Дури и на толку рана возраст, мене ми беше јасно дека сме ја нашле вистината.

Мајка ми почна да нѐ носи во Царската сала на Јеховините сведоци. Нивните состаноци беа толку поинакви од она што сме го виделе во црквите! Луѓето и околината ми оставија длабок впечаток.

За мајка ми беше проблем да нѐ однесе во Царската сала. Покрај мене беа уште три помали деца, а немавме автомобил. Кога можеше тоа да си го дозволи, одевме со такси. Се сеќавам колку таа се напрегаше еден неделен ден, бидејќи во близината никаде немаше такси. Тогаш, речиси од никаде, еден човек се довезе со својот камион и нѐ зеде. Задоцнивме на состанокот, но успеавме да стигнеме. Колку само му бевме благодарни на Јехова!

Наскоро нашите драги духовни браќа и сестри кои имаа автомобили љубезно нѐ земаа. Охрабрувањето од мајка ми никогаш да не ги пропуштаме состаноците сѐ додека не би биле навистина болни, во мојот млад ум ја втисна важноста ‚да не го напуштаме своето собрание‘ (Евреите 10:24, 25). Поттикната од тоа што го научила, мајка ми својот живот го предаде на Јехова и се крсти во 1965.

Тогаш веќе доволно бев голема за уште повеќе да ги ценам состаноците. Во собранието Сајпрес хилс во Бруклин (Њујорк), имаше Европејци, црнци, Шпанци и други кои беа здружени во обожавањето. Изгледаше толку исправно богобојазливи луѓе да живеат во такво вистинско братство (Псалми 132:1).

Мајка ми ме научи како да се подготвувам за состаноците. Тоа не претставуваше интелектуален, туку телесен проблем. Церебралната парализа едноставните задачи ги претвора во комплицирани потфати. Тогаш, а и сега за мене е невозможно да повлечам права линија со цел да ги обележам прашањата во нашата библиска литература. Меѓутоа, со вежбање го подобрив своето потцртување.

Мислите ми беа преплавени со тоа што требаше да го кажам. Но, при изговарањето, зборовите звучеа конфузно. Битно беше релаксирањето за да не ми се напнати мускулите. Истовремено морав да се концентрирам секој збор да го изговорам колку што е можно почисто. Се разочарував доколку коментарот немаше да го изразам онака како што требаше или ако дознаев дека луѓето не ги разбрале моите зборови. Сепак, кога веќе подолго ме познаваа, браќата и сестрите од собранието можеа да го разберат мојот говор. Меѓутоа, во врска со овој проблем сѐ уште доживувам и успешни и неуспешни ситуации.

Шест немирни месеци

На шестгодишна возраст ми се случи едно доживување кое траеше шест месеци и кое до ден-денес влијае на мене. И покрај сите физикални, работни терапии и терапии за говорот кои веќе ги добивав, лекарите ме испратија во центарот за рехабилитација во Вест Хеиверстроу (Њујорк). Јас и мајка ми бевме скршени. Години пред тоа, кога лекарите погрешно ме дијагностицираа како ментално заостаната, таа им рекла дека никогаш нема да ме остави во душевна болница. Затоа, дури и привремената разделба беше тешка за неа. Меѓутоа, увиде дека за да водам продуктивен живот независно од неа и татко ми, требаше колку што можам повеќе да станам физички самостојна.

Центарот беше убав, но јас се чувствував напуштено. Нападите на плачење и изливите на гнев јасно го покажуваа моето мислење за ова место. Родителите ретко можеа да патуваат три и пол саати за да ме посетат, особено откако мајка ми затрудне со петтото дете. Кога заминуваа откај мене, толку станував вознемирена што лекарот рече поретко да ме посетуваат. Дома ми дозволуваа да одам само двапати.

Терапевтите ме научија да одам со помош на ремени и патерици со тегови. Ми се чинеше дека се тешки еден тон. Меѓутоа, теговите ми помагаа да ја одржувам рамнотежата и да не паѓам. Тоа беше првиот обид да почнам да одам сама без ремени.

Дробење на храна, прицврстување на копчиња — секоја задача која бараше употреба на прстите за мене беше тешка, па дури и невозможна. Но, донекаде научив како да јадам и да се облекувам. Тоа подоцна ми помогна во мојата служба за Бог.

Вежбите завршија и јас повторно се вратив дома. Мајка ми ми даде да работам, користејќи ги моите нови вештини. За мене претставуваше емоционален напор кога требаше да направам нешто бидејќи, иако и самата сакав да го направам тоа, додека да ги исполнев тие задачи ќе се разочарав, тоа ќе ми одземеше многу време и на крајот ќе се исцрпев. На пример, облекувањето за состаноците беше потфат кој траеше два саата.

Кога се преселивме веднаш карши Царската сала, одев сама. Тоа беше голема победа!

Најсреќниот ден во мојот живот

Мајка ми се погрижи семејството да има урамнотежена духовна прехрана. Студираше со мене и очекуваше да го прочитам секое издание од нашите списанија Стражарска кула и Разбудете се!, да се подготвувам за состаноците и да присуствувам на нив. Иако мојот ум и срце желно го впиваа тоа знаење, сериозното размислување за моето предание на Јехова и симболизирање на истото со крштение во вода, беше во заднина. Мајка ми ми помогна да увидам дека и покрај мојот недостаток, во духовен поглед Бог ме смета за одговорна. Не би требало да очекувам во новиот свет да влезам само по нејзина заслуга и да преживеам во новиот свет потолно зависна од неа.

Го љубев Бог, но ситуацијата во којашто се наоѓав повторно ме направи поинаква од другите — болно спознание за еден тинејџер. Тешко ми беше да ги прифатам моите ограничувања. Честопати ме обземаше гнев, а тоа требаше да научам да го контролирам пред да се крстам (Галатјаните 5:19, 20). Што ако не би можела да го исполнам моето предание на Јехова?

На молба од мајка ми, еден собраниски старешина разговараше со мене. Тој го цитираше прашањето на пророкот Илија до Израелците: „Уште ли ќе храмите на двете колена?“ (3. Царства 18:21). Јасно, Јехова не беше задоволен со мојата неодлучност.

Духовно се разбудив и горливо му се молев на Јехова за помош и за одлучност да му го предадам својот живот. Една сестра од собранието проучуваше со мене. Таа беше помлада од мене, а својата мајка ја загубила рано. Сепак, многу млада му се предала на Бог.

На 17-годишна возраст, донесов одлука. Сакав на Јехова да му служам најдобро што можам според своите способности. Најсреќен ден во мојот живот беше 9. август 1974, кога се крстив.

Радост во службата

Учеството во службата претставуваше џиновска препрека. Најголемото искушение се состоеше во тоа да ме разберат. Зборував колку што можев почисто. Понекогаш, кога беше потребно, партнерот во службата на проповедање ќе им ги повтореше моите зборови на домаќините. Некои негативно реагираа, сметајќи ме како жртва на искористување од страна на Сведоците. Но, проповедањето беше мое право и искрена желба.

Одењето од врата до врата, дури само и за една улица, може сосема да ме истошти. Многу куќи на нашето подрачје имаат скали, и на тој начин се наоѓаат над моите можности да ги достигнам. Зиме, замрзнатите улици ја прават службата од куќа до куќа речиси невозможна за мене (Дела на св. апостоли 20:20). Меѓутоа, духовните браќа во голема мера помагаат, а Јехова ме благослови со моторна количка која прилично ми ја олеснува службата.

Со текот на времето, почнав да сведочам преку писма. Бидејќи за повеќето луѓе мојот ракопис не е разбирлив, писмата не ги пишувам со рака. На тој начин, електричната машина за чукање стана мојот писар. Чукањето оди многу бавно, поради слабата координација на рацете. Прилично време ми одзема кога наместо да чукнам една буква, ќе удрам на друга. Ми треба цел саат и повеќе за да исчукам една страница.

И покрај недостатокот на сила, одвреме навреме служам како помошен пионер, посветувајќи секој месец 60 или повеќе часови во службата во месецот. Тоа бара добар план, вонредни напори и подршката од соверниците. Нивниот пионерски дух ме храбри. Мајка ми исто претставува прекрасен пример така што служи како општ или како помошен пионер додека се соочува со потешкотии, слабо здравје и предизвикот да воспитува седум деца во религиозно разделен дом.

Самостојна

На 24-годишна возраст, одлучив да се отселам. Преселувањето во квартот Бенсонхерст, во Бруклин, се покажа како благослов. Собранието Марлборо беше како едно тесно поврзано семејство. Колку само зацврстуваше во верата дружењето со нив! Дури и со само два или три автомобила кои беа на располагање во собранието, моите духовни браќа ме носеа на сите состаноци. Меѓутоа, таму не престојував долго.

Сметајќи се себе за потполно промашување, се вратив кај моите и паднав во длабока депресија која траеше три години. Напливите на гнев се повратија. Ми надојдоа самоубиствени идеи и неколку обиди да го сторам тоа. Смртта се надвиснуваше како темен облак. Но, се потпирав на Бог и ветив дека ќе покажам ценење за неговиот дар на животот. Од старешините доаѓаше утеха и совети. Освен тоа, со помош на молитвата, личната студија, стрпливоста од страна на семејството и мала професионална помош, го исправив моето размислување.

Преку Стражарска кула, Јехова на нежен начин ни овозможил да имаме увид во тешките депресии. Да, тој навистина се грижи за својот народ и ги разбира нашите чувства (1. Петрово 5:6, 7). Со време, тешката депресија ми се намали. И десет години подоцна, Јехова сѐ уште ми помага да се соочувам со фрустрацијата и депресијата. Понекогаш, чувствата на безвредност речиси ме проголтуваат. Меѓутоа, молитвата, библиската студија и моето духовно семејство се прекрасната помош за преживување.

Откако безуспешно барав друг стан, против своја волја одлучив да живеам со моето семејство до крајот на животот. Но, Јехова одговори на моите молитви. Еден стан стоеше на располагање во квартот Бедфорд-Стивесент во Бруклин. Кон крајот на летото 1984 се преселив таму каде што сум и сега.

Членовите на собранието Лафает кои се полни со љубов, љубезно ме возеа на состаноците. Сѐ уште ми е свежа во сеќавањето првата собраниска студија на книга на која присуствував. Се одржуваше на четвртиот кат, а не постоеше лифт! Само со Јеховина помош јас се искачував и се симнував по скалите. Со текот на времето, се овозможи попогодно место. Денес, Јехова ме благослови со предноста собраниската студија на книга да се оддржува во мојот дом.

Во ова собрание постои извонреден пионерски дух. Кога дојдов, имаше околу 30 пионери, а некои ми посветуваат посебна нега и внимание. Атмосферата на ревност ме поттикнува да бидам почесто помошен пионер.

Во април 1989, собранијата Лафает и Прат изградија нова Царска сала во истата улица каде што живеам. Тоа се случи токму навреме, бидејќи поради понатамошното телесно пропаѓање, пешачењето повторно претставува проблем. Со мојот моторизиран скутер и со духовните браќа и сестри покрај мене, сепак патувањата на состаноците и назад претставуваат радост. Од сѐ срце ја ценам таквата љубезна помош на моите драги соверници!

Благодарност за Божјата поддршка

Иако моите нозе не се цврсти, моето срце е цврсто. Иако доброто образование донекаде ми го олесни животот, сепак Бог ме поткрепува. Понекогаш не знаев од каде ќе дојде следниот дневен оброк, но Јехова ме поткрепуваше и се покажа како верен Дарител. Навистина, Давидовите зборови ми се драги: „Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник, ниту потомците негови леб да просат“ (Псалми 36:23-25).

Повеќе пати Јехова ми овозможил да го задржам библискиот став, помогнувајќи ми да одбијам да примам крв во тек на операција (Дела на св. апостоли 15:28, 29). Неодамна умре татко ми. Губитокот на некој толку близок беше навистина тежок удар. Само силата од Јехова ме извлече од тоа и други искушенија.

Моето здравје може и понатаму да слабее, но мојата доверба во Бог и мојот однос со него се јажето за спасување. Колку сум среќна што сум меѓу Јеховиниот народ и што ја имам неговата постојана поддршка!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели